Комерцијален текст:
Рашник
Што е „Рашник”?
Рашник е домашна камена мелница.
Фирмата “Рашник” е систем на рачно производство на природна храна од македонско потекло.
Плодовите се собрани од Малешевијата, и се еколошки чисти и здрави.
Преработени се на традиционален начин, со минимална термичка обработка,
со цел да ги задржат природните својства – вкусот и аромата.
При преработката не се додаваат шеќери, ниту конзерванси.
Асортиманот на “Рашник” вклучува: кршени житни зрна од пченица, јачмен и `рж, ориз.
Тарани замесени со целозрнести воденични брашна, интегрален ориз и кршени житни зрна.
Домашни кори според тиквешки и според малешевски рецепти. Гроздов маџун, мед и таан.
Програмата на сушени производи содржи: домати и пиперки, модри сливи, диви
јаболка, шипки, коприва, босилок, мајчина душица,
чубрика, бозел, нане, риган и многу други билки од нашите простори.
Природно ферментирани оцети од диви јаболка, од модри сливи и од грозје.
Ладно цедено сончогледово масло.
Сите заинтересирани за нашите производи, подетални информации, нарачки и ценовници можат да добијат на телефон: 070/ 387 389.
Каталог на производи:
Воденичкни брашна |
|
|
Само целото житно зрно има се и е целосно хармонизирано. Затоа нашите брашна се направени од цели житни зрна. За да не се оштети житното зрно, брашната се добиваат на воденички камен. Житата се одгледани во Малешевијата, еден од нашите најеколошки реони. Во програмата се застапени брашна од пченица, пченка, ’рж, јачмен и овес. Брашната се продаваат поединечно. Се употребуваат поединечно или во вземни комбинации за леб (употребливи се во пекачите за леб), пити, колачи .... |
Воденични кршени зрна |
|
|
Кршеното житното зрно, добиено од свежо цело житно зрно,
е со целосно задржан природен баланс затоа што се задржани сите делови од зрното.
За да не се оштети житното зрно, се кршат на воденички камен.
Житата се одгледани во Малешевијата, еден од нашите најеколошки реони.
Во програмата се застапени кршени зрна од од пченица, ’рж и јачмен.
Кршените зрна се продаваат поединечно.
Се употребуваат поединечно или во вземни комбинации.
Може да се искиснат во вода околу 10 - 12 часа, или се варат 10 до 15 минути.
Рецепти во кои се користат
|
Дива капина |
|
Пастеризирана овошка и сок |
|
|
Капините се собирани во прекрасните малешевски сончевите планински предели со надморска височина од околу 1.400 метри. Растеле во недопрена природа. Ги обработувавме на традиционален начин, се трудевме што помалку да ја нарушиме природата која ја вдишале. Не им додадовме ништо ни шеќер ни друг адитив. Затоа нивниот див вкус и мирис останаа сосема недопрени. |
Дива малина - сок |
|
|
Дивата малина ја нарекуваат принцеза во планината, нежна е, убава, вкусна но во себе ја носи дивината. Ве мами со нејзината арома и боја кога ќе ја најдете во сончевите малешевски предели. Ја обработувавме на традиционален начин, не и додадовме ништо ни шеќер ни друг адитив. Затоа сме сигурни дека ќе ве мами и додека го ужувате сокот ќе ви вдахне дел од природата која ја понела со себе. |
Дива слива |
|
Пастеризирана овошка и сок |
|
|
Дивите сливи се богатството на малешевските предели. Растат во различни облици и бои. Наоѓате жолти, црвени, портокалови, ситни, знатно поголеми. Созреваат во различни периоди од летото. Ќе ве почестат и освежат и во јули и во август понекогаш и на почетокот на септември. Собираат многу сонце во себе но и многу дива природа. Ги обработувавме на традиционален начин, не им додадовме ништо ни шеќер ни друг адитив. Направивме комбинација од повеќе бои но не нарушивме ништо од нивната природа. |
Црвена рибизла |
|
Пастеризирана овошка и сок |
|
|
Расте на места кои се изложени на сонце и затоа весело се смее од прекрасните градини.
Има интензивна црвена боја, кисело сладок освежителен вкус и голема сочност. Ја обработувавме на традиционален начин, не и додадовме ништо ни шеќер ни друг адитив. Ја задржавме свежината и вкусот. Ќе ви пренесе дел од топлината на летото во зимските денови. |
Црна рибизла |
|
Пастеризирана овошка и сок |
|
|
Градините со црна рибизла се изложени на сонце, но нејзините листови
како да направиле штит од погледите на минувачите. Бобинките се потскриле помеѓу нив. Со својата темна боја како да ја истакнуваат својата строгост и со својот опор но пријатен вкус ја истакнуваат својата јакост. Ја обработувавме на традиционален начин, не и додадовме ништо ни шеќер ни друг адитив. Ја истакнавме силината и јачината на вкусот. Веднаш ќе почуствувате дека вашето тело ја сака, ја црпи нејзината енергија. |
Мед и таан |
|
|
Погледнете го овој прекрасен дует, природен мед и интегрален таан мелено сусамово семе кое е одгледано во Македонија.
Ова е вкус кој сигурно ве потсетува на вашите баби и сте го пробале.
Но овој дует може и да се раздвои. Секој од овие два производи можат да се користат поединечно и тогаш ќе ги почуствувате нивните вистински природни вкусови. Кој е подобар, ако не прашате ќе останете без одговор, а кој е подобар сусамот или медот ве прашуваме ние вас. Нели и вие останавте без одговор. |
Производите на Рашник може да се купат моментално во продавницата Елана Вис во наслебата Аеродром - Скопје спроти т.ц. Бисер.
Наскоро ќе бидат достапни на повеќе локации и маркети.
Мапа на локацијата: