Филтер на јадења

  • Време на готвење:
    • Одбери Категорија

      Детска
      Ладни Предјадења
      Месо | Сувомеснати
      Топли Предјадења
      Национални
      Супи | Чорби
      Салати
      Тестенини | Печива
      Вегетаријанско
      Риба | Морска
      Посна
      Коктели | Пијалоци
      Десерти
      Сезонски

      Одбери Време:

      помалку од 30 минути
      од 30 - 60 минути
      од 1 до 2 часа
      повеќе од 2 часа
  • Број на калории:
    • Одбери број на калории:

      помалку од 500
      500 - 1000 калории
      1000 - 1500 калории
      повеќе од 1500 калории

Мешано благо

Kokos-kolaci-so-vanila
Време за подготовка: 35
Време за готвење: 15
Tart-so-mek-krem
Време за подготовка: 40
Време за готвење: 30
Tart-so-portokal
Време за подготовка: 30
Време за готвење: 30
Bombici
Време за подготовка: 20
Време за готвење: 15
Chokobiskvit
Време за подготовка: 15
Време за готвење: 10
Gurabii
Време за подготовка: 20
Време за готвење: 70
Krofni
Време за подготовка: 30
Време за готвење: 50
Svedski-biskviti
Време за подготовка: 15
Време за готвење: 40
Chokoladen-desert
Време за подготовка: 35
Време за готвење: 10

Останати рецепти од подкатегоријата:

Топ­чи­ња со ки­ки­ри­тки

Дата: 2012-09-12
Топ­чи­ња со ки­ки­ри­тки
Кох од кајсии

Дата: 2010-12-29
Кајсија (Prunus armeniaca) е со потекло од северна Кина и Киргистан, но долго време се сметало дека е со потекло од Ерменија, па некаде дури и се нарекува Ерменска слива. Припаѓа на листопадните дрва, со големина од 8 до 12 метри, а листовите се во облик на срце со големина од неколку сантиметри.
Крофни со мармалад

Дата: 2010-12-20
Во светот постојат различни варијанти на рецепт за крофни, но сепак основата е иста, а вообичаено се посипуваат со шеќер во прав или лажичка мармалад.

Ви ги набројуваме имињата на крофните во некои земји:

Австрија – Krapfen (најчесто полнета со фил од ванила или мармалад од кајсии.
Италијанците имаат неколку називи: Ciambelle, Bomboloni, Krafen, Zeppoli...
Норвешка - Smultring (норвежаните се гиолеми потрошувачи на крофни, на годишно ниво норвежаните консумираат од 4-6 милиони крофни).
Полска - Pączek (најчесто прелиени со глазура од шеќер).
САД - Doughnut или Donut (најчесто прелиени со прелив од чоколада).
Шведска - Munk
Брз ролат со кафе

Дата: 2010-12-16
Кафето во помали количини држи континуитет и може да им помогне на тинејџерите и студентите при учењето, но, поголеми количини создава несоница и намалување на концентрацијата.

Секојдневното пиење на големи количини кафе, доведува до хроничен замор и слабеење на отпорноста на организмот при стресни ситуации.
Јагоди и бадеми во сос од бела чоколада

Дата: 2010-12-10
Јагодите се одличен извор на фолат, витамин Ц (околу 150 гр. јагоди осигуруват дури и повеќе од дневните потреби), а содржат и растителен фенол, кои заедно со антиоксидансите го намалуваат ризикот од карцином и срцеви заболувања.

Тие се добар извор и на растителни влакна, кои благотворно делуваат на дигестивниот систем и го намалуваат холестеролот во крвта. Растителниот фенол значително делува на стабилноста и својствата на храната (арома и боја), а освен тоа имаат и важна улога во спречување на оксидацијата на мастите во организмот.
Марципан ролат

Дата: 2010-12-09
Многу години овој десерт бил привилегија само на кралевите и богатите. Во Лајпциг и Либек (Германија) со закон била забранета употребата на марципан, а на ниските слоеви им бил строго забранет. Тие кои ќе се осуделе да го пробаат, биле строго казнувани.

Денес марципанот е познат во целиот свет и не постои закон кој ја забранува неговата употреба. За жал, денес овој десерт влегува во редот на најскапите, па неможе секој често да си го дозволи.
Колачиња со ореви и урми

Дата: 2010-11-19
Урмата (Phoenix dactylifera) е растение од семејството Arecaceae (палми), која се одгледува порадо плодовите (урмите). Се претпоставува дека потекнуваат од северна Африка или југозападна Азија. Дрвото достигнува висина и до 15-25 метри.
Бела бајадера

Дата: 2010-11-19
Чоколадата се смета за одговорна за стимулирање на доброто расположение, односно го поттикнува создавањето на серотонинот (хормонот "за добро расположение") во нашиот организам. Тој е "виновникот" кога по некој оброк ние имаме пријатно чувство.

По кунсумирањето чоколада, во нашиот организам се ослободуваат ендорфини, кои се нарекуваат и ендогеним или опијати, кои имаат природно смирувачко и антидепресивно влијание.

Чоколадата содржи тонизирачки материи како танин, теобрамин и кофеин.
Тарт од кокос

Дата: 2010-11-19
Кокосот не содржи холестерол. Тој е добар извор на: тијамин 0,1 мг во 240 г свеж кокос, рибофлавин 0,1 мг, калциум 58 мг, растителни влакна 2,6 г, витамин Ц 5,8 мг, магнезиум 60 мг и калиум 600 мг. Единствено што е лошо кај него е богатството на натриум 252 мг и големото количество калории 45 што се добиени од шеќерите 6 г.
Домашен чоколаден пудинг

Дата: 2010-11-15
Чоколадото е исклучително богато со фосфор и магнезиум а содржи и поголеми количества на железо, цинк и калиум. Во 100 гр. квалитетно чоколадо со голем дел на какао има 400 мг. калиум, 300 мк магнезиум, 280 мг фосфор, 100 мг калциум, 12 мг натриум, 3 мг железо, бакар во трагови, 500 мг. теотромбин, 68 мг кофеин, 54 гр. јагленихидрати, 30 гр, масти, 9 гр, диетни влакна и 6 гр. протеини
Штрудла со цреши

Дата: 2010-11-11
Заради високата концентрација на калиум црешите се добар диуретик. Нискиот гликемиски состав ги прави одлични за исхраната на дијабетичарите.

Богати се со флавоноиди, од кои најзастапени се: антоцијани и кварцетин. Овие материи делуваат превентивно при срцеви болести, а повеќе ги содржат темните цреши.

Од витамините во црешите најзастапен е витамините Б комплекс, витаминот Ц и бета каротинот.

Од минерали, освен калиум, содржи бакар, железо и магнезиум. Органските киселина кои ги содржи црешата, даваат пријатен и освежителен вкус.
Касато торта

Дата: 2010-11-11
Суво грозје - или "намалена" верзија на свежото грозје се препорачува поради тоа што содржи исклучително големи хранливи вредности. Исто така, погодно е за забрзување на лечењето на некои болести, како и при состојба на голема вознемиреност и напнатост.

Освен тоа, сувото грозје се покажало како идеален лек за тегобите како што е констипацијата и сличните болести, кои го напаѓаат системот за варење. Се смета дека сувото грозје е голем поттикнувач на сексуалниот нагон.
Кекси од овесни снегулки

Дата: 2010-11-09
Со употреба на овесот како дел од вашата редовна исхрана, организмот ќе ги добива потребните материи за нормално функционирање. Овесното зрно содржи еднаков процент на нерастворливи и растворливи растителни влакна. Зрното има и 18 процентио протеини кои се богати со незаменливи киселини, витамини од групата Б, маснла, скроб и други активни материи.

Во народната медицина, чајот од овесно зрно со мед се користи како одлично средство прорив изнемоштеност. Овесот се препорачува за зајакнување на организмот, така што се користи при појава на анемија или старечка изнемоштеност.
Топчиња од кекси и кокос

Дата: 2010-11-08
Сусамот го олеснува празнењето на цревата, лечи хемороиди, мигрена и изгореници, го намалува нивото на лошиот холестерол и спречува згрутчување на крвта.

Сусамот одликува со бројни лековити својства. Тој содржи 50-60% масло, исто така ги содржи и минералите бакар, калциум и манган. Од витамините, во сусамот се застапени Е и Б1. Во неговиот состав има и растителна смола, која му ја дава посебната арома на сусамот.

Сусамот содржи и две посебни врсти растителни влакна - сесаним и сесамолин, за кои е докажано дека го смалуваат нивото на холестеролот.
Интегрални медењаци

Дата: 2010-11-05
Интегралното пченично брашно изобилува со витамини, минерали и растителни, односно за разлика од белото брашно ги содржи највредните хранливи состојки на пченичното зрно.

Интегралното пченично брашно се употребува за подготовка на најразлични печива, супи...
Ролат од лешник и кокос

Дата: 2010-10-28
Со потекло од Азија, лешникот бил познат како симбол на среќа. Подоцна се одомаќинува на медитеранот, а највеќе се раширил во Турција, Шпанија, Франција и Италија.

Лешникот припаѓа на семејсуво овошје. Плодот му богат со незаситени масти, киселини, протеини, витамини и минерални соли, има и енергетски својства.
Мек кекс од банани

Дата: 2010-10-26
Бананата е растение од семејството Musaceae. Таа е најконсумирано овошје.

Бананата потекнува од тропските региони на Југоисточна Азија. Денес тие се одгледуваат во тропски предели.

Бананата е растение од семејството Musaceae. Тие првобитно биле одгледувани само за нивните плодови и во помала мера за производство на нивните конци и како украсни растенија.

Како растение бананите се високи и вообичаено прилично цврсти. Најчесто биле сметани за дрва, но нивното главно исправено стебло е всушност квазистебло.
Ролат од јаболко

Дата: 2010-10-26
Уште од древните времиња, јабокото се користи свежо, печено во лушпа или варено.

Во народната медицина, чајот од јаболкото, можеби повеќе од илјада години, се користи како идеално средство против реума, камења во бубрезите, мигрена, авитаминоза, склероза, како диоретик, и за ублажување на отекувањата.
Пита со афион

Дата: 2010-10-26
Најголеми производители на афион за медицински потреби во светот се Австралија, Турција и Индија. Порано тој се произведувал и во Македонија, за што сведочи тоа што се наоѓа на македонскиот национален грб. Така, во периодот од 1963 до 1972 година кај нас биле засеани 1.693 хектари со афион.
Мафини со боровинки

Дата: 2010-10-07
Боровницата (Vaccinium myrtillus) е билка од семејството Vaccinium.

Некои примероци можат да опстанат и до 15 години. Растат од 10-60 см. , додека пак, иако ретко, достигнуваат и до 90 см.

Листовите се долги од 1-3 см. Боровинката е листопадно билка, новите листови растат од крајот на април до почеток на мај, а паѓаат од крајот на септември до октомври.

Плодовите на боровинките се многу хранливи, бидејќи се богати со железо и витамини. Најчесто се користи за правење на чаеви и сокови.

Лековитите делови на билката се листовите, кои се собираат пред созревањето на плодовите и се сушат на суво и сончево место. Плодовите се собираат на лето, веднаш по созревањето.
Принцес крофни

Дата: 2010-09-28
Во светот постојат различни варијанти на рецепт за крофни, но сепак основата е иста, а вообичаено се посипуваат со шеќер во прав или лажичка мармалад.

Берлинската крофна се прави со пржење во длабоко масло и најчесто се полнети со џем од сливи, а додека во Аврстрија најчесто се сретннуваат крофни полнети со џем од кајсии.

Според обликот, постојат крофни со облик на топки и полукрожни топку.

Крофна на други јазици:

Германски: Berliner (на север), Kreppel (во средна Германија), Krapfen (на југ), Pfannkuchen (во Берлин и околини), Berliner Ballen (во Руската област на Германија)
Англиски: Doughnut
Полски: Pączek
Словенски: Krof
Шпански: Dónut
Фичеци полнети со лешници и бадеми

Дата: 2010-08-31
Со потекло од Азија, лешникот бил познат како симбол на среќа. Подоцна се одомаќинува на медитеранот, а највеќе се раширил во Турција, Шпанија, Франција и Италија.

Лешникот припаѓа на фамилијата суво овошје. Плодот му богат со незаситени масти, киселини, протеини, витамини и минерални соли, има и енергетски својства.

Треба да се има во предвид и неговата калориска вредност. За да дојде до израз полниот вкус на лешникот треба да се конзумира во текот на неговата берба и да се чува на суво место. Излупени лешници може да се чуваат и во фрижидер.
Кокос ролат

Дата: 2010-08-27
Сè до раниот 20 век, кокосот се сметал за парична единица на Никобарските Острови, кои се наоѓаат северно од Суматра. Во јужниот пацифик, парчиња од кокосова лушпа биле обликувани и служени како парички. Во северна Индија кокосот се сметал како симбол на плодноста. Кога жената сакала да зачне, та одела кај свештеник и примала специјален кокос. Исто така, првата цврста маса со која се храни Тајланското бебе се три лажици со свеж кокос, кои им ги дава будистички свештеник. На Бали, на жените им е забрането дури и да го допрат кокосовото дрво, бидејќи и жените и кокосовото дрво имаат способност да се размножуваат, мажите се плашат дека женскиот допир може да ја "исцица" плодноста од кокосовото дрво.
Баклава од вишни

Дата: 2010-08-25
Вишна (лат. Prunus cerasus) е плодовито овошно дрво.

Во Р. Македонија се одгледува во сите реони на надморска височина до 1.100 m.

До седумдесеттите години од 20 век беше споредна култура, со 200-300 тони годишно производство. Првата плантажа со облачинска вишна на 20 хектари била посадена во Битолско во 1970. Набрзо била забележана големата родност и рентабилноста на оваа вишна, која нагло била проширена во сите реони. Производството го достигна максимумот од 11.450 тони помеѓу 1986 – 1987.

Последниве години производството изнесува меѓу 6.000 – 7.000 тони годишно. Речиси целото количество се извезува како замрзнати плодови и конзервирано во алкохол.
Храпачуса

Дата: 2010-08-25
Овој вкусен десерт потекнува од Хрватска од островот Брач.
Салама од чоколадо и ореви

Дата: 2010-08-20
Кристофер Колумбо е човекот кој што ги запознал европјаните со вкусот на чоколадото. Тој на своето четврто патување во 1502 година во заливот Хондурас наишол на товарен брод кој што пренесувал се, па меѓудрогото и зрна какао. Од прво Европјаните не го прифатиле вкусот на какаото затоа што бил премногу горчлив и лут, посебно кога содржел чили пиперчиња. Потоа жителите на стариот континент го прифатиле какаото, но го преиначиле рецептот со тоа што му додале мед, шеќер и цимет.

Кон крајот на 16 век чоколадото станал скапоцен напиток кој се поврзувал со буржоазијата. До средината на 17 век во Париз биле отворени многу “куќи на чоколадото”, но овој десерт бил резервиран само за елитата.

Поради своите квалитети и одличен прималив вкус, полека чоколадото станало десерт за сите класи, посебно во земјите од Медитеранот.

Со тек на време чоколадото почнало да се произведува во форма на стапчиња кои биле познати како шпански стапчиња. Во Франција биле познати чоколадните пастили.
Домашна бонжита

Дата: 2010-08-16
Според многу научни истражувања, медот содржи состојќи наречени феноли, кои можат да дејствуваат како антиоксиданси.

Тие состојки ги исфрлаат слободните радикали, кои се нестабилни биопродукти на нормалниот метаболизам, кои предизвикуваат оштетувања на крвните садови и на ДНК-молекулите, со што би можело да доведе до појава на рак и други болести.

Според истите истражувања е констатирано дека најдобро е да се земаат 2 до 4 лажици мед дневно. Тоа количество мед сигурно ќе ви обезбеди некои антиоксиданти што можат да го подобрат одбрамбениот систем на организмот.
Ролат со јагоди

Дата: 2010-07-19
Јагодите се мошне омилени кај децата и кај возрасните - поради исклучително поволните органолептички особини: убаво изгледаат и имаат пријатен слатко-киселкаст вкус.

Во плодот содржат 7-8 % шеќер, околу 1% киселина и 30-100 милиграми витамин Ц, на 100 грама јагоди има и околу 580 милиграми минерални материи, од кои 134 милиграми калиум, 31,3 милиграми фосфор, 24,7 милиграми калциум, 12 милиграми сулфур, 0,9 милиграми железо и во помали количества манган, цинк и јод. Натриумот во минералните материи изнесува само 2,5 милиграми, така што и болните од бубрези може да ги користат јагодите во исхраната.
Медена пита

Дата: 2010-06-29
Медот ја подобрува работата на сите органи, ја поттикнува умствената и физичката активност, го зголемува имунитетот и му дава сила на целиот организам, а исто така, брзо и потполно се апсорбира. Ја подобрува отпорноста на организмот за инфекции и заразувања, поради тоа што има антисептичко дејство. Одличен е против кивавица, настинки и суво кашлање.

Ја подобрува апсорпцијата на лековите и ги прави поделотворни, а го заштитува организмот од штетните остатоци на истите. Исто така, има позитивно влијание на отстранувањето на забните наслаги.
Куглов од банани, кокос и чоколадо

Дата: 2010-06-22
Бананата потекнува од тропските регионот на Југоисточна Азија.

Денес тие се одгледуваат во тропските предели.

Бананата е растение од семејството Musaceae. Тие првобитно биле одгледувани само за нивните плодови, а во помала мера за производство на нивните конци и како украсни растенија.

Како растение бананите се високи и обично прилично цврсти. Најчесто се сметаат за дрва, но нивното главно исправено стебло е всушност квазистебло.
Рожата

Дата: 2010-05-25
Рожата е далматински традиционален пудинг со прелив од каремала, и преставува варијанта на францускиот Крем бруле. Овој рецепт посебно е ценет и подготвуван во Дубровник.
Фламбирни банани

Дата: 2010-03-02
Банана е име за еден вид на овошје и на тревни растенија од родот Musa кои го произведуваат ова најчесто јадено овошје. Тие потекнуваат од тропските регионот на Југоисточна Азија. Денес тие се одгледуваат во тропски предели.

Бананата е растение од семејството Musaceae. Тие првобитно биле одгледувани само за нивните плодови и во помала мера за производство на нивните конци и како украсни растенија.

Како растение бананите се високи и обично прилично цврсти. Најчесто се сметаат за дрва, но нивното главно исправено стебло е всушност квазистебло.
Филувани печени јаболки

Дата: 2010-02-12
Уште од древните времиња, јабокото се користи свежо, печено во лушпа или варено. Во народната медицина, чајот од јаболкото, можеби повеќе од илјада години, се користи како идеално средство против реума, камења во бубрезите, мигрена, авитаминоза, склероза, како диоретик, и за ублажување на отоците.

Прашакот од исушенита лушпи од јаболкото, го регулира метаболизмот, додека чајот од сувиот плод на јаболкото, обично исечен на крукчиња, се користи како додатна терапија на акутните инфекции на дишните патишта и зарипнат глас, за лечење на ларингитисот со правење гаргара од чај, а се препорачува и за осетливи гласни жици.

Јаболкото е познато и како "чистач" на крвта, затоа што го смалува нивото на холестеролот, ги зајакнува сите мускули, а посебно мускулите на срцето. Многу е богато со витамините А, Б и Ц, кои ја зголемуваат одбрамбената способност на организмот, а семките од јаболкото, се многу корисни затоа што изобилуваат со јод. Сокот од јаболкото, е одличен напиток за деца, како и за мајките, со тоа што го помагаат лачењето на мајчиното млеко.
Praline колачиња

Дата: 2010-02-10
Оригиналните Praline колачиња се направени во Франција од страна на Marshal du Plessis-Praslin по кого и го добиле своето име.

Денес овие вкусни колачиња се распространети низ целиот свет.
Лешник ролат

Дата: 2009-12-10
Лешник ролат
Сутлијаш со кајсии

Дата: 2009-10-17
Сутлијаш со кајсии
Чоколадна бабка

Дата: 2009-10-09
Чоколадна бабка
Пита со пудинг

Дата: 2009-10-07
Пита со пудинг
Пита Унгарка

Дата: 2009-10-07
Пита Унгарка
Крем од портокал

Дата: 2009-07-31
Крем од портокал
Штрудла со јаболко и со боровинки

Дата: 2009-07-27
Оваа штрудла е многу вкусна и воедно едноставна за подготвување. Дури и новајлиите во готвењето често се решаваат на овој рецепт
Чоколаден крем со јагоди и лешници

Дата: 2009-07-12
Чоколаден крем со јагоди и Фстаци.
Кокосова пирамида

Дата: 2009-07-09
Кокосова пирамида
Крем со јагоди и банани

Дата: 2009-07-08
Крем со јагоди и банани
Пита од чоколадо

Дата: 2009-06-18
Пита од чоколадо.
Јаболко со суво грозје

Дата: 2009-06-09
Јаболко со суво грозје.
Обланди

Дата: 2009-06-05
Обланди.
Карамел купови со ореви и бадеми

Дата: 2009-06-05
Карамел купови со ореви и бадеми.
Сусам ролат

Дата: 2009-05-12
Сусам ролат.
Еклери полнети со чоколаден крем

Дата: 2009-05-25
Чоколадото се прави со ферментирано и печено семе земено од мешунката на тропското какао дрво Theobroma cacao, кое потекнувало од ниските предели на Јужна Америка, Средна Америка и Мексико, но сега се одгледува во сите тропски предели. Семето има интензивен горчлив вкус. Крајните продукти се познати како „чоколада“ или „какао“.

Чоколадото содржи и алкалоиди, како што се теобромин и фенетиламин и има многубројни физиолошки ефекти на телото (се поврзува со нивото на сератонин во мозокот).
Медени триаголници

Дата: 2009-04-25
Медот е густа, слатка, сирупова материја, а е производ на пчелите, кој се добива со собирање на овошни и други сокови, преработени во желудникот на пчелата.

По дефиниција медот е чиста супстанција, која не е помешана со ниедна друга супстанција.

Нутрициони вредности на медот во 100 гр.
- Енергетска вредност 1270 кЈ
- Белковини 0.27 гр.
- Јаглени хидрати 81.0 гр.
- Масти 0.0 гр.
- Холестерол 0.0 гр.

1 килограм мед има иста хранливост колку и: 50 кокошкини јајца, 3 кг. риба, 1 кг шунка, 2,5 кг телешко месо, 6 кг. порокали и 10-12 кг. зеленчук.
Чоколаден традиционален колач

Дата: 2009-04-25
Чоколадото се користело кај Средно-Американските цивилизации, односно се користело семето од какао дрвото Theobroma, кое било одгледувано од многу цивилизации од времето пред Колумбо како што се Маите и Ацтеките.

Шведски бисквити

Дата: 2009-04-25
Десерт од Шведската кујна
Кокос колачи со ванила

Дата: 2009-04-15
Навистина вкусно...
Крофни

Дата: 2009-04-24
Одличен десерт
Гурабии / пиварки

Дата: 2009-04-24
Стар прекрасен десерт
Чокобисквит

Дата: 2009-04-24
Вкусен десерт
Бомбици

Дата: 2009-04-22
Чоколадна зараза
Тарт со мек крем

Дата: 2009-04-21
Десерт за 6 лица
Тарт со портокал

Дата: 2009-04-21
Пробајте, многу вкусно
Чоко - ролат со крем од костен

Дата: 2009-06-02
Костенот низ вековите бил основа на исхраната во медитеранските и во планинските земји, пред почесното место на трпезата да му го одземе - компирот.

Изобилството на јаглено хидрати и протеини јасно говори дека пред сочното и зашеќерено "обично" овошје, костенот нема што да бара. И, навистина, според хемискиот состав тој е посличен на житарките отколку на пример на бананите, агрумите или кивито. Заради големото количество витамин Б го споредуваат со лебот. А дека станува збор за драгоцено овошје се гледа според двојната обвивка што му ја подарила природата. Тврдата кора и острите боцки го штитат костенот не само од брзо паѓање, туку и од допир со сите отровни и загадени честички во атмосферата.
Калкулатор на калории
Возраст  години
Пол  машки   женски
Висина  см
Тежина  кг
Интервали на тренинг