Подкатегории:
Филтер на јадења
Останати рецепти од подкатегоријата:
Салата од карфиол и грашок со сусам
Дата: 2010-11-17
Во карфиолот најмногу е застапен витаминот Ц, потоа витамините А, Б1 и Б2.
Од минералите во карфиолот најмногу е застапен калциумот, со околу 300 мг. во 100 гр. карфиол, 72 мг. фосфор и околу 1,1 мг. жечезо.
Поради тенката целулозна мембрана карфиолот се вари побрзо од другити врсти на зеленчук од родот зелки, така што е ценет и во исхраната на болните од желудочно-цревни заболувања и во исхраната на децата.

Салата од леб
Дата: 2010-10-28
Лебот е дел од основните состојки во исхраната. Тој се подготвува со печење, парење или пржење на тесто кое претежно се состои од брашно и вода. Солта најчесто е потребна, а понекогаш се користи и квасец. Некои видови леб содржат и зачини и зрна како сусам и афион, кои можат да се користат и за декорација.
Лебот може да се јаде сам,намачкан со путер, путер од кикиритки, маргарин, или сладок намаз како џем, желе, мармалад, мед, или пак се користи како дел од сендвичи. Може да биде само печен или дополнително печен на тостер и може да се сервира на секаква температура и на секое место...

Валдорф салата
Дата: 2010-09-14
Дури и да не навлегуваме во многу науични детали за корисноста на јаболкото, доволно е да се набројат само неколку од нив. Јаболката содржат повеќе од 100 вредни биолошки активни соединенија. Меѓу нив многу се важни витамините Ц и П, бета каротин, железо, етерични масла и органски киселини. Пектинот од јаболката ги зајакнува клетките, го намалува нивото на холестеролот во крвта и го блокира влијанието на некои микроби и отровни соединенија.
Салата супа од јогурт
Дата: 2010-06-07
Хранливите состојќи во јогуртот настануваат во процесот на ферментација на млекото. Под дејство на микроорганизмите се зголемува нивото на млечна киселина, а умерено се намалува количината на лактоза. Ова го објаснува фактот дека луѓето кои имаат проблеми со дигестија на млекото, многу полесно го поднесуваат јогутот. Во создавањето на јогуртот учествуваат две главни бактерии:
- Lactobacillus bulgaricus
- Streptococcus thermophilus
Ена од предностите на јогуртот е што помага во борбата против малигните тумори. Истражувањата на Американскиот институт за рак, покажуваат дека кај луѓето кои секој ден пијат јогурт, стапката на заболеност од тумори е меѓу најниските.

Пролетна салата со грав
Дата: 2010-05-27
Гравот преставува најпознат претставник на мешунките со висока хранлива вредност.
Меѓу најдобрите видови се смета македонскиот тетовски грав.
Сувите зрна најдобро се чуваат во платнени вреќи.
За подобро варење предходно треба да се покисне со вода.
Меѓу најдобрите видови се смета македонскиот тетовски грав.
Сувите зрна најдобро се чуваат во платнени вреќи.
За подобро варење предходно треба да се покисне со вода.
Салата од пилешко со мајонез
Дата: 2010-05-07
Врз квалитетот на пилешкото месо можат да влијаат многу фактори, како што се расата, условите за одгледување и исхраната. Исто така и обработувањето на месото многу влиае врз квалитетот.
Пилешките гради се многу сочно и меко месо. Може да се пржи цело, или да се исече на помали парчиња.
Пилешките гради се многу сочно и меко месо. Може да се пржи цело, или да се исече на помали парчиња.
Песто oд босилек
Дата: 2010-04-15
Босилекот е едногодишна билка. Расте во висина од 20 до 60 см.
Цела билка има специфичен ароматичен мирис. Стеблото, листовите и цветовите се покриени со мали влакненца. Листовите се мазни, а долги се од 1,5 до 5 см. а широки се до 3 см. Рабовите на листовите се мазни.

Краставица со јогурт
Дата: 2010-03-31
Кога краставицата стана значајна како здрава храна во 19 век, не требаше да помине многу време за луѓето да заборават на оние медицински состојки кои отсекогаш биле добро познати пред сè за Грците и Римјаните, а потоа и за арапските лекари. Денес краставицата ја гледаме како извор на многу здрав сок, корисен заради своите состојки како поттикнувач на мокрењето и како дополнување на ефектите на сокот од целер и морков за ублажување на ревматските проблеми, додека истовремено е ублажувачки лосион за кожата.
Салата од туна и грав
Дата: 2010-03-31
Лосос, харинга, скуша, ослич, туна и други видови на масни риби богати со омега-3 масни киселини, ја намалуваат можноста за мозочон удар и помагаат во неговата превенција. Печената или варената риба препорачлива е за консумирање повеќе пати седмично (во просек 340 грама).
Просечна количина на омега-3 масните киселини во 60 грама риба (колку што би требала да биде една порција) кај лососот изнесува 1200 мг. а кај туната од конзерва 145 мг.
Просечна количина на омега-3 масните киселини во 60 грама риба (колку што би требала да биде една порција) кај лососот изнесува 1200 мг. а кај туната од конзерва 145 мг.
Салата од црвена зелка
Дата: 2010-03-30
Зелката содржи природни состојќи кои дејствуваат како леко против чиревите. Фактот дека зелката може да помогне во лекувањето на чирот, е утрврдено уште во 1950 - те години, во обидите на д-р Гарет Чени на медицинскиот факултет при Универзитетот во Стафорд. Тој докажал дека околу 1,1 литар свеж сок од зелка на ден, помага во ублажувањето на болките и ги лечи желудечните чиреви, како и чиревите на дванаестпалачното црево поуспешно и подобро од стандардните терапии.
Компир со шампињони
Дата: 2010-03-01
Денес скоро сите консумираат индустриски процесирана верзија на белиот компир. Најдобар пример е помфритот и чипсот, така што со нивната консумација e директно поврзана во врска со здебелувањето, а исто така и со зголемување на разикот од дијабетес. Во меѓувреме слаткиот компир (Ipomoea batatas) најчесто се користи цел, а се смета како храливо многу побогар од својот каталошки сродник белиот компир.
Белиот и слаткиот компир имаат различна хранливост, сепак тоа не значи дека едниот е подобар од другиот. На пример, слаткиот компир содржи повеќе растителни влакна и витамин А, додека белиот компир содржи повеќе минерали: железо, магнезиум и калиум. Што се однесува до гликемискиот индекс слаткиот компир има помала вредност, додека пак готвениот бел компир обично не се консумира без сирење, павлака или путер. Сите овие додатоци содржат масти, кои допридонесуваат до смалување на гликемискиот индекс во оброкот.

Крем салата од модар домат
Дата: 2010-02-24
Модриот домат има висока биолошка и здраствена вредност. Резултатите од истражувањата зборуваат дека биохемиските состојки што се наоѓаат во овој зеленчук, може да го намалат холестеролот во крвта, да го зајакнат неговиот прилив во жолчката и помагаат при исфрлање на адреналинот од организмот.
Модриот домат, исто така, е голем извор на калиум, и тоа содржи 226 милиграми во 100 грама, што овозможува нормална размена на вода помеѓу клетките и ја подобрува работата на срцевиот мускул.
Модриот домат, исто така, е голем извор на калиум, и тоа содржи 226 милиграми во 100 грама, што овозможува нормална размена на вода помеѓу клетките и ја подобрува работата на срцевиот мускул.
Италијански грав
Дата: 2010-02-18
Состојките и јадења во италијанската национална кујна варираат според регионот. Има многу значајни регионални јадења, кои не се сметаат за национални, туку за регионални. Многу јадења, кои во минатото биле подготвувани само во некои делови на Италија во денешно време се подготвуваат во различни варијанти во целиот свет. Сирењето и виното, исто така се незаменливи намирници од оваа кујна, играат различни улоги, како на национално ниво, така и на светско ниво во многу варијатни.
Кафето, особено еспресо и капучино, се многу важен дел од културата и кујната на Италија.
Кафето, особено еспресо и капучино, се многу важен дел од културата и кујната на Италија.
Салата од јаболка и моркови
Дата: 2010-02-10
Оваа салата е полна со витамини.
Освен тоа што е добра за консумирање при диета, таа претставува одлична комбинацијата со секое јадење печено на скара.
Освен тоа што е добра за консумирање при диета, таа претставува одлична комбинацијата со секое јадење печено на скара.
Panzanella - салата
Дата: 2010-02-03
Panzanella салатата потекнува од Италија од регионите Тасканија, Умбрија, Марче и Лацио. Ова јадење е посебно популарно во летните периоди.
Начинот на подготвување во различни периоди од годината е различен и начесто се подготвува со оние намирници кои што се на располагање.
Начинот на подготвување во различни периоди од годината е различен и начесто се подготвува со оние намирници кои што се на располагање.
Ratatouille салата
Дата: 2010-02-02
Ratatouille е традиционалн француски вегетаријански рецепт, кој потекнува од Ница.
Неговото целосно име е Ratatouille niçoise - што во превод значи измешана разновидна храна.
Неговото целосно име е Ratatouille niçoise - што во превод значи измешана разновидна храна.
Пилешка салата со јаболко
Дата: 2010-01-29
Денес имаме голема побарувачка за пилешко месо, а тоа е едно од најупотребуваните меса во нашата секојдневна исхрана.
Исто така, денес одгледувачите ги осовременија начините и брзината на одгледување.
Врз квалитетот на пилешкото месо можат да влијаат многу фактори, како што се расата, условите за одгледување и исхраната. Исто така и обработувањето на месото многу влиае врз квалитетот.
Пилешките гради се многу сочно и меко месо.
Може да се пржи цело, или да се исече на помали парчиња.

Колесло салата
Дата: 2010-01-15
Свежата зелка најчесто се подготвува како салата, но може и да се вари, да се пржи и да се користи во јадења што се печат.
Се подготвува во комбинација со друг зеленчук, со месо, ориз и тестенини.
Се подготвува во комбинација со друг зеленчук, со месо, ориз и тестенини.
Салата од урда со семки
Дата: 2009-08-25
Урдата ја избирате по ваш вкус: кравја, овча или козја. Исто така и семките можете да ги смените. Овде е приложен рецептот каков што ние го направивме и го пробавме. Навистина е многу вкусен и едноставен за подготвување.
Црвена зелка на чешки начин (прилог)
Дата: 2009-08-17
Ова јадење како прилог може да го послужите покрај оброк со печено месо.
Моркови со бело вино
Дата: 2009-05-14
Морковот се нарекува и коротна или жолта репка. Бојата на коренот е различна, може да биде од бела до жолта и портокалово-црвена.
Ако е поизразена бојата на морковот, толку е поголемо количеството на каротин.
Количеството на шеќер кај сортите што се продаваат напролет, е поголемо од количеството кај сортите, што се продаваат наесен, или во зима.
Морковите треба да се чуваат неизмиени, затоа што ако се измијат, и да се чуваат такви, и на ладно место не траат долго.

Салата со јајца
Дата: 2009-04-28
Варените јајца се многу значајни за исхраната. Доколку сакате да сварите повеќе јајца истовремено најдобро е да се варат во метална решетка и да бидат ставени во исто време.
Времето за варење се смета од мигот кога водата ќе почне да врие. Но, тоа зависи и од состојбата која јајцата ја имале пред да се стават на варење. Доколку биле на собна температура се препорачува пократко варење, а доколку се извадени од ладилник тогаш се варат подолго време.