Филтер на јадења
Останати рецепти од подкатегоријата:
Фрапе од капини
Дата: 2010-09-03
Малината е вкусна овошка која се одгледува во сите региони со умерена клима. Плодовите се богати со антиоксиданси кои ги неутрализираат слободните радикали во телото, спречувајќи го на тој начин оштетувањето на клетките. Малините спаѓаат и меѓу природните дарови кои се најбогати со растителни влакна (влакната сочинуваат 20 проценти од тежината на плодот). Овие овочки содржат и витамин Ц, манган, како и витамини од групата Б, фолна киселина, магнезиум, бакар и железо.
Чоколадно фрапе со банани
Дата: 2010-09-02
Покрај фактот дека чоколадата е богата со масни материи, е и тоа дека тие бргу се варат. Какао путерот, кој е главна липидна состојка во чоколадото во телото се асимилира од 95 до 98 %. Покрај тоа содржи стеаринска киселина - заситена масна киселина, која во црниот дроб брзо преминува во олеиснка киселина (т.н. "добра маст"), која во најголемо количество во природата ја наоѓаме во маслиновото масло.
Со консумирање на помали количества на чоколадо ја поттикнуваме концентрацијата и ги јакнеме интелектуалните и психичките способности.
Потребно е да се истакне и дека ако се претера со консумирање на чоколадо може да се постигнат спротивни ефекти а како прво се манифестираат радразливост или потиштеност. Како последица на претераното внесување се јавуваат симптоми на лесна интоксикација. Сепак е разбирливо дека таквиот продукт треба да се консумира во умерени количества и само повремено но никако не треба да се исфрли од исхраната.

Фрапе од јогурт и јагода
Дата: 2010-08-17
Јагодите припаѓаат на родот ружи. Цветот има бела боја, а плодот темно црвена. Една од најпознатите култивирани видови е ананас јагодата, која има крупни плодови и слатко-кисел вкус. Шумската јагода е помала од култивиранта, но има повеќе изразена боја и арома.
Јагодите се одличен извор на фолат, витамин Ц (околу 150 грама јагоди осигуруваат дури и повеќе од дневните потреби), а содржи и растителен фенол, кои заедно со антиоксидансите го намалуваат ризикот од карцином и срцеви заболувања. Тие се добар извор на растителни влакна, кои благотворно делуваат на дигестивниот систем, го намалуваат холестеролот во крвта, го намалуваат ризикот од срцевите заболувања, штитат од карцином на дебелото црево. Растителниот фенол значително делува на стабилност и својствата на храната (арома и боја), а освен тоа имаат важна улога во спречување на оксидацијата на мастите во организмот.

Шејк од јагоди и јогурт
Дата: 2010-02-05
Јагодите се мошне омилени и кај децата и кај возрасните - поради исклучително поволните органолептички особини: убаво изгледаат и имаат пријатен слатко-киселкаст вкус.
Во плодот има 7-8 % шеќер, околу 1% киселина и 30-100 милиграми витамин Ц на 100 грама јагоди има и околу 580 милиграми минерални материи, од кои 134 милиграми калиум, 31,3 милиграми фосфор, 24,7 милиграми калциум, 12 милиграми сулфур, 0,9 милиграми железо и во помали количества манган, цинк и јод. Натриумот во минералните материи изнесува само 2,5 милиграми, така што и болните од бубрези може да ги користат јагодите во исхраната.
Јагодите поволно делуваат при висок крвен притисок, запек, анемија, болести на жолчката и бубрезите.
Поволната содржина на материите во плодовите ги прават јагодите соодветни не само како свежи, туку и замрзнати и преработени, така што во вкусот на ова овошје може да се ужива и кога ќе помине сезоната на свежите плодови.