Брз ролат со кафе
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 100 грама Шеќер во прав
- 100 грама Шеќер
- 150 грама Путер
- 300 грама Кекси
- 1   Кафе филџан/и
- 1 лажица/ци Какао
- 1   Жолчка/ки
- 1 голема лажица Шеќер во прав
- Време за подготовка: 15 мин.
- Време за готвење: 30 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Кафето во помали количини држи континуитет и може да им помогне на тинејџерите и студентите при учењето, но, поголеми количини создава несоница и намалување на концентрацијата.
Секојдневното пиење на големи количини кафе, доведува до хроничен замор и слабеење на отпорноста на организмот при стресни ситуации.
ПОДГОТОВКА:
Расукајте ја смесата на фолија или хартија за печење со дебелина од околу 5 мм.
За филот: пенесто изматете го путерот со шеќерот, додадете ја матената жолчка и добро соединете.
Со филот (или белата смеса) премачкајте врз кората и завиткајте ролат.
Оставете го ролатот неколку саати во фрижидер, па пред самото послужување сечете го на кришки.
Зачувај во својата кутија
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.
Слични рецепти:
|
Марципан ролат Многу години овој десерт бил привилегија само на кралевите и богатите. Во Лајпциг и Либек (Германија) со закон била забранета употребата на марципан, а на ниските слоеви им бил строго забранет. Тие кои ќе се осуделе да го пробаат, биле строго казнувани. Денес марципанот е познат во целиот свет и не постои закон кој ја забранува неговата употреба. За жал, денес овој десерт влегува во редот на најскапите, па неможе секој често да си го дозволи. |
|
Бела бајадера Чоколадата се смета за одговорна за стимулирање на доброто расположение, односно го поттикнува создавањето на серотонинот (хормонот "за добро расположение") во нашиот организам. Тој е "виновникот" кога по некој оброк ние имаме пријатно чувство. По кунсумирањето чоколада, во нашиот организам се ослободуваат ендорфини, кои се нарекуваат и ендогеним или опијати, кои имаат природно смирувачко и антидепресивно влијание. Чоколадата содржи тонизирачки материи како танин, теобрамин и кофеин. |
|
Принцес крофни Во светот постојат различни варијанти на рецепт за крофни, но сепак основата е иста, а вообичаено се посипуваат со шеќер во прав или лажичка мармалад. Берлинската крофна се прави со пржење во длабоко масло и најчесто се полнети со џем од сливи, а додека во Аврстрија најчесто се сретннуваат крофни полнети со џем од кајсии. Според обликот, постојат крофни со облик на топки и полукрожни топку. Крофна на други јазици: Германски: Berliner (на север), Kreppel (во средна Германија), Krapfen (на југ), Pfannkuchen (во Берлин и околини), Berliner Ballen (во Руската област на Германија) Англиски: Doughnut Полски: Pączek Словенски: Krof Шпански: Dónut |
|
Пита од чоколадо Пита од чоколадо. |
|
Ролат со јагоди Јагодите се мошне омилени кај децата и кај возрасните - поради исклучително поволните органолептички особини: убаво изгледаат и имаат пријатен слатко-киселкаст вкус. Во плодот содржат 7-8 % шеќер, околу 1% киселина и 30-100 милиграми витамин Ц, на 100 грама јагоди има и околу 580 милиграми минерални материи, од кои 134 милиграми калиум, 31,3 милиграми фосфор, 24,7 милиграми калциум, 12 милиграми сулфур, 0,9 милиграми железо и во помали количества манган, цинк и јод. Натриумот во минералните материи изнесува само 2,5 милиграми, така што и болните од бубрези може да ги користат јагодите во исхраната. |
|
Шведски бисквити Десерт од Шведската кујна |
|
Крем од портокал Крем од портокал |
|
Тарт со мек крем Десерт за 6 лица |
|
Кох од кајсии Кајсија (Prunus armeniaca) е со потекло од северна Кина и Киргистан, но долго време се сметало дека е со потекло од Ерменија, па некаде дури и се нарекува Ерменска слива. Припаѓа на листопадните дрва, со големина од 8 до 12 метри, а листовите се во облик на срце со големина од неколку сантиметри. |
|
Касато торта Суво грозје - или "намалена" верзија на свежото грозје се препорачува поради тоа што содржи исклучително големи хранливи вредности. Исто така, погодно е за забрзување на лечењето на некои болести, како и при состојба на голема вознемиреност и напнатост. Освен тоа, сувото грозје се покажало како идеален лек за тегобите како што е констипацијата и сличните болести, кои го напаѓаат системот за варење. Се смета дека сувото грозје е голем поттикнувач на сексуалниот нагон. |