Нутрициона Листа за рецептот

Калории 1329 kcal
Шеќери 18 g
Масти 72 g
Јаглехидрати 144 g
Протеини 43 g

Нутриционата листа е пресметана според количината на намирниците употребени за приготвување на рецептот.

Се однесува на целата количина од рецептот.

Филтер на јадења

  • Време на готвење:
    • Одбери Категорија

      Детска
      Ладни Предјадења
      Месо | Сувомеснати
      Топли Предјадења
      Национални
      Супи | Чорби
      Салати
      Тестенини | Печива
      Вегетаријанско
      Риба | Морска
      Посна
      Коктели | Пијалоци
      Десерти
      Сезонски

      Одбери Време:

      помалку од 30 минути
      од 30 - 60 минути
      од 1 до 2 часа
      повеќе од 2 часа
  • Број на калории:
    • Одбери број на калории:

      помалку од 500
      500 - 1000 калории
      1000 - 1500 калории
      повеќе од 1500 калории

Сподели

Чорба со леблебија и шампињони

Чорба со леблебија и шампињони
Објавено: 24/11/2010 год.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1   Главица лук
  • 1   Китка магдонос
  • 100 грама Компир
  • 8   Кришка/ки леб
  • 150 грама Леблебија
  • 4 лажица/ци Маслиново масло
  • 1   Рузмарин
  • 2 лажица/ци Сол
  • 450 грама Шампињони


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 150 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Леблебијата е богата со протеини и e еден од најстаро одгледуваните зеленчуци. Се смета дека потекнува од Блискиот Исток пред 7.500 години.

ПОДГОТОВКА:

 Леблебијата ставете ја во сад со вода и оставете ја да отстои преку ноќ, односно 8-10 часа. Потоа процедете ја, ставете ја во тенџере со вода на оган и варете 2 часа на средна температура. Шампињоните исечкајте ги на тенки листови. Компирите исечкајте ги на поситни коцки. Ситно исечкајте ги лукот и магдоносот и ставете ги да се пржат на загреаното маслиново масло во тенџере на оган. Додадете ги исечканите шампињони и компири, посолете, наросете мелен црн пипер, промешајте, додадете една црпалка вода во која се вареше леблебијата и динстајте 10 минути. Потоа додадете ја леблебијата, половина од водата во која се вареше, посолете и варете уште 15 минути. Врз чорбата наросете исечкан магдонос и послужете со коцки од препечениот леб.
x

Зачувај во својата кутија


Логирајте се да можете да го оценувате рецептот.
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.

Слични рецепти:

Чорба од грав Чорба од грав

Чорба од грав

Компир чорба со јајца Компир чорба со јајца

Во последните неколку векови компирот претставува една од најзастапените прехрамбени намирници. Се користат повеќе видови: млад, црвен (со помалку скроб, погоден за печење и за салати), жолт, бел и подоцнежен (со повеќе скроб, погоден за пире и подготвување на тесто). Подобро е да се готви со лушпа, бидејќи така задржува повеќе хранливи вредности. Салатата од компири е препорачливо да се зачини додека се топли компирите и да се остави да отстои еден час пред послужувањето. Подобро е наместо со оцет да се зачини со бело вино. Во пирето треба да се додаде топло млеко, бидејќи од студеното се згрутчува. Пред печењето миениот компир треба да се избрише, за да не се распаѓа. Варениот компир редовно се сервира со риба, понекогаш со блитва или со шафран.

Брза чорба од компири Брза чорба од компири

Брза чорба од компир

Пилешка супа со зеленчук Пилешка супа со зеленчук

За бебиња после 6 - тиот месец.

Ароматична супа од печурки Ароматична супа од печурки

Бидејќи содржат голем процент на вода, печурките со термичка обработка видно го намалуваат обемот, а заради својата сунѓереста структура впиваат и повеќе маснотија. Свежите исечени шампињони можете да ги подготвите како салата со додавање на маслиново масло и сок од лимон, со ливчиња исечен пермазан или измешајте ги со различни сорти зелена салата во мешана салата со француски прелив за салата. Како топло предјадење, јадењата од печурки нудат многу фантастични комбинации на продукти и ароми. За појадок можете да подготвите кајгана, ставете во земичка со динстани шампињони, како и сендвич. Но, и како самостоен оброк, омлет со шампињони.

Чорба од коприви Чорба од коприви

Чорба од коприви.

Чорба од грашок Чорба од грашок

Чорба од грашок

Чорба од кромид и кашкавал Чорба од кромид и кашкавал

Поголемо внесување на кромид во организмот го намалува нивото на глукоза во крвта. Во тој процес помошен елемент е и присуството на хромот кој помага клетките правилно да реагираат на ослободениот инсулин. Истражувањата кај дијабетичарите покажале дека хромот може да го намали брзото зголемување на шеќерот во крвта, да ја зголеми толерантноста на клетките на гликозата, да го намали нивото на инсулин и да ги намали холестеролот и триглицеридите. Една шоња кромид (околу 250 г.) содржи околу 20% од дневните потреби за овој минерал.

Чорба од тиква Чорба од тиква

Месниот дел од плодот на тиквата изобилува со бета каротен и витамин Е - силни антиоксиданси, важни за превенција и борба против ракот. Благодарение на целулозата тиквата поседува и пургативно својство, односно способност за прочистување на организмот од одпадните материи. Тиквата е добар лаксатив, кој ги лечи воспалителните процеси на цревата и го спречува ракот. Исто така тиквата се препорачува и за лечење на акните.

Чорба од зелка Чорба од зелка

Чорба од зелка




Коментари:

Логирајте се да можете да внесувате ваши коментари за рецептите.
Калкулатор на калории
Возраст  години
Пол  машки   женски
Висина  см
Тежина  кг
Интервали на тренинг