Нутрициона Листа за рецептот

Калории 1633 kcal
Шеќери 144 g
Масти 78 g
Јаглехидрати 217 g
Протеини 24 g

Нутриционата листа е пресметана според количината на намирниците употребени за приготвување на рецептот.

Се однесува на целата количина од рецептот.

Филтер на јадења

  • Време на готвење:
    • Одбери Категорија

      Детска
      Ладни Предјадења
      Месо | Сувомеснати
      Топли Предјадења
      Национални
      Супи | Чорби
      Салати
      Тестенини | Печива
      Вегетаријанско
      Риба | Морска
      Посна
      Коктели | Пијалоци
      Десерти
      Сезонски

      Одбери Време:

      помалку од 30 минути
      од 30 - 60 минути
      од 1 до 2 часа
      повеќе од 2 часа
  • Број на калории:
    • Одбери број на калории:

      помалку од 500
      500 - 1000 калории
      1000 - 1500 калории
      повеќе од 1500 калории

Сподели

Фламбирни банани

Фламбирни банани
Објавено: 02/03/2010 год.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 грама Шлаг
  • 3   Шекер лажичка/ки
  • 50 грама Чоколадо
  • 50 милилитри Цеден Портокал
  • 30 милилитри Млеко
  • 40 грама Маргарин
  • 600 грама Банана
  • 30 грама Бадеми
  • 20 милилитри Cherry ликер
  • 20 милилитри Brandy


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Банана е име за еден вид на овошје и на тревни растенија од родот Musa кои го произведуваат ова најчесто јадено овошје. Тие потекнуваат од тропските регионот на Југоисточна Азија. Денес тие се одгледуваат во тропски предели.

Бананата е растение од семејството Musaceae. Тие првобитно биле одгледувани само за нивните плодови и во помала мера за производство на нивните конци и како украсни растенија.

Како растение бананите се високи и обично прилично цврсти. Најчесто се сметаат за дрва, но нивното главно исправено стебло е всушност квазистебло.

ПОДГОТОВКА:

 Бананите излупете ги и оставете на страна.

Во поголем тиган ставете ги шеќерот и сокот од портокал, па почекајте смесата да зоврие на ниска температура.

Додајте го маргаринот. а кога и тој ќе се истопи вмешајте го ликерот.

Во таа смеса внимателно спуштете ги излупените банани да се "крчкаат" на ниска температура додека не омекнат.

Ќе биде доволно по 3 минути од секоја страна. Вимавајте кога ќе ги превртувае бананите да не се искршат.

Тавата тргнете ја од ринглата и бананите полијте ги со коњакот.

Запалете со помош на долг кибрит и почекајте пламенот да се изгаси.

Бананите оставете ги да се оладат и наредете ги на изматениот шлаг.

Лесно полијте со истопено чоколадо (со млеко), посипете со бадеми и полијте со преостанатиот сос во кој се вареа бананите.
x

Зачувај во својата кутија


Логирајте се да можете да го оценувате рецептот.
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.

Слични рецепти:

Принцес крофни Принцес крофни

Во светот постојат различни варијанти на рецепт за крофни, но сепак основата е иста, а вообичаено се посипуваат со шеќер во прав или лажичка мармалад. Берлинската крофна се прави со пржење во длабоко масло и најчесто се полнети со џем од сливи, а додека во Аврстрија најчесто се сретннуваат крофни полнети со џем од кајсии. Според обликот, постојат крофни со облик на топки и полукрожни топку. Крофна на други јазици: Германски: Berliner (на север), Kreppel (во средна Германија), Krapfen (на југ), Pfannkuchen (во Берлин и околини), Berliner Ballen (во Руската област на Германија) Англиски: Doughnut Полски: Pączek Словенски: Krof Шпански: Dónut

Колачиња со ореви и урми Колачиња со ореви и урми

Урмата (Phoenix dactylifera) е растение од семејството Arecaceae (палми), која се одгледува порадо плодовите (урмите). Се претпоставува дека потекнуваат од северна Африка или југозападна Азија. Дрвото достигнува висина и до 15-25 метри.

Фичеци полнети со лешници и бадеми Фичеци полнети со лешници и бадеми

Со потекло од Азија, лешникот бил познат како симбол на среќа. Подоцна се одомаќинува на медитеранот, а највеќе се раширил во Турција, Шпанија, Франција и Италија. Лешникот припаѓа на фамилијата суво овошје. Плодот му богат со незаситени масти, киселини, протеини, витамини и минерални соли, има и енергетски својства. Треба да се има во предвид и неговата калориска вредност. За да дојде до израз полниот вкус на лешникот треба да се конзумира во текот на неговата берба и да се чува на суво место. Излупени лешници може да се чуваат и во фрижидер.

Пита со афион Пита со афион

Најголеми производители на афион за медицински потреби во светот се Австралија, Турција и Индија. Порано тој се произведувал и во Македонија, за што сведочи тоа што се наоѓа на македонскиот национален грб. Така, во периодот од 1963 до 1972 година кај нас биле засеани 1.693 хектари со афион.

Чоколадна бабка Чоколадна бабка

Чоколадна бабка

Praline колачиња Praline колачиња

Оригиналните Praline колачиња се направени во Франција од страна на Marshal du Plessis-Praslin по кого и го добиле своето име. Денес овие вкусни колачиња се распространети низ целиот свет.

Кекси од овесни снегулки Кекси од овесни снегулки

Со употреба на овесот како дел од вашата редовна исхрана, организмот ќе ги добива потребните материи за нормално функционирање. Овесното зрно содржи еднаков процент на нерастворливи и растворливи растителни влакна. Зрното има и 18 процентио протеини кои се богати со незаменливи киселини, витамини од групата Б, маснла, скроб и други активни материи. Во народната медицина, чајот од овесно зрно со мед се користи како одлично средство прорив изнемоштеност. Овесот се препорачува за зајакнување на организмот, така што се користи при појава на анемија или старечка изнемоштеност.

Тарт со мек крем Тарт со мек крем

Десерт за 6 лица

Сусам ролат Сусам ролат

Сусам ролат.

Еклери полнети со чоколаден крем Еклери полнети со чоколаден крем

Чоколадото се прави со ферментирано и печено семе земено од мешунката на тропското какао дрво Theobroma cacao, кое потекнувало од ниските предели на Јужна Америка, Средна Америка и Мексико, но сега се одгледува во сите тропски предели. Семето има интензивен горчлив вкус. Крајните продукти се познати како „чоколада“ или „какао“.

Чоколадото содржи и алкалоиди, како што се теобромин и фенетиламин и има многубројни физиолошки ефекти на телото (се поврзува со нивото на сератонин во мозокот).




Коментари:

Логирајте се да можете да внесувате ваши коментари за рецептите.
Калкулатор на калории
Возраст  години
Пол  машки   женски
Висина  см
Тежина  кг
Интервали на тренинг