Гулаш од печурки
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- малку мала лажица Црн пипер
- 30 грама Целер
- малку   Сол
- 600 грама Печурки
- малку   Нишесте
- 15 милилитри Оцет
- 100 грама Моркови
- 3 лажица/ци Масло
- малку   Магдонос
- малку   Мајоран
- 3 чешниња Лук
- 1 ливче/чиња Ловоров лист
- 1 главица/и Кромид/а
- 200 грама Компир
- 1 лажица/ци Дафинка
- Време за подготовка: 30 мин.
- Време за готвење: 50 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Уште во минатото е забележано поврзаност на човекот со печурките. Печурките имаат важна улога во исхраната на Кинеската цивилизација повеќе од 6500 години. Вргањот и Јајчарката се сметале за деликатеси уште пред 2000 години. Покрај хранливата вредност на печурките и нивните квалитети, тие исто така се употребуваат и во медицината, а од нив се изработуваат повеќе медицински препарати. Како медицински помагала моќта на печурките највеќе се употребува во далечниот исток, затоа што западната медицина сеуште ги тестира печурките кои што сите тестови ги поминуваат одлично.
ПОДГОТОВКА:
Морковот исчистете го и исечете на кругови, а кромидот на ситни коцки.
На загреано масло пропржете го кромидот, а потоа додате ги морковите.
Потоа додадете ги подготвените печурки, кои стоеле во топла вода.
Сè убаво пропржете, додајте зачинска сол и динстајте со често доливање вода, по потреба.
Кога печурките напола ќе омекнат додајте ги зачините и продолжете го динстањето.
Пред крај на готвењето додајте сол и цн пипер.
Вмешајте го нишестето кое сте го разматиле во ладна вода, млекото, сецканиот магдонос и малку оцет.
Додека го подготвувате овој гулаш посбно сварете ги исечените компири, испасирајте ги и додајте во гулашот.
Наместо оцет можете да ставите малку бело вино.
Густината на гулашот ја одредуваат нишестето и варените и пасирани компири.
Ова јадење ќе биде повкусно ако како прилог послужите варена палента.
Зачувај во својата кутија
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.
Слични рецепти:
|
Мармалад од дињи На дињата обично се присетуваме кога ќе започнат големите жештини, а многу од нас не знаат дека дињата содржи многу витамини и минерали, и дека може значително да допридонесе за нашето здравје. Тоа што дињата има доста вода е доста корисно, а покрај тоа, лековитите состојки од неа нам ни го надохнадуваат губитокот на минерали во летниот период. Дињата и лубеницата ги сметаме за овошје, иако потекнуваат од семејството на краставиците. За потеклото на дињата мислењата се поделени, па се смета дека некои врсти потекнуваат од Индија и Иран, а некои од Африка. Дињата се употребува во исхраната во речиси сите земји во светот. Таа е едногодишна билка, најчесто со топчест облик, со жолта, портокалова или зелена боја. Постојат повеќе дињи кои настанале со вкрстување, а се рзаликуваат по големина, боја, облик, мирис и вкус, но сите се хранливи и ниско калорични. Дињата на нашата трпеза најчесто се наоѓа во периодот јуни-август, но благодарение на оранжериите на нашите пазари достапна е од пролет, па се до касна есен. |
|
Варени компири со пршута Варени компири со пршута |
|
Кајгана со ајвар Ајварот е еден од највкусните специјалитети и најголемите тајни на балканската кујна, и веројатно води потекло од Македонија. Најдобриот ајвар се произведува во домаќинствата, затоа што само преку внимателна рачна работа може да се постигне целосно отстранување на лушпата и семето од пиперката што го гарантира чистиот вкус на ајварот. Тој е редовен и постојан дел од зимницата затоа што најлесно се конзервира и најдолго може да опстои во зимскиот период од годината. |
|
Погача Погача |
|
Запечен спанаќ со сирење Во 100 грама спанаќ има околу 1400 милиграми минерални состојки. Нема друг продукт кој може да се мери со спанаќот по богатството на магнезиум - 56 милиграми. Има малку билки кои во себе имаат повеќе железо од спанаќот, а исклучително е богат и со калиум, калциум, натриум, фосфор, манган, бакар, цинк, јод и колбалт. Исто така, спанаќот е богат со витамини, особено со витамин Ц - 60 милиграми, а ги содржи во значителен процент и на сите витамини од групата Б. Присуството на каротин од 4.1 милиграм го обезбедува толку драгоцениот провитамин А. |
|
Варено црвено вино Варено црвено вино |
|
Похован кромид Кромидот претставува вистински склад на витамин Ц и фолна киселина, а потоа за калиум, калциум и фосфор. Познато е и дека кромидот помага во намалување на зголемениот холестерол, па заради тоа често се препорачува за одржување на здравјето на срцето и крвните садови. Уште од дамнешни времиња е познат и признат како антибиотик и антиретик - благодарение на витаминот Ц и кверцетинот. Заради тоа, многу луѓе редовно го користат. |
|
Класичен чипс Класичен чипс |
|
Обланда со месо Голема благодарност до Лиле Банова од Битола за овој рецепт. Потеклото на обландите е од Босна. Денес обландите се типичен балкански рецепт, кој најчесто се подготвува со сладок фил (чоколадо, локум), но и на ваков начин со мелено месо. |
|
Прасе на колец Вистинско гурманско јадење, за вистински мераклии. Типичен балкански специјалитет, незаменлив во друштвен или фамилијарен излет. |