Интегрални кифлички
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 1   Шекер лажичка/ки
- 2 лажица/ци Сол
- 500 милилитри Млеко
- 100 милилитри Масло
- 1   Квасец
- 900 грама Интегрално Брашно
- 1   Јајца/це
- Време за подготовка: 20 мин.
- Време за готвење: 40 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Интегралното пченично брашно изобилува со витамини, минерали и растителни, односно за разлика од белото брашно ги содржи највредните хранливи состојки на пченичното зрно.
Интегралното пченично брашно се употребува за подготовка на најразлични печива, супи...
ПОДГОТОВКА:
Брашното сипете го во една чинија, додадете сол, јајце, прелијте со предходната смеса од млеко и квасец, па додадете го маслото.
Сето тоа убаво измешајте го, па убаво замесете ја добиената леплива маса.
Потоа смесата ставете ја на побрашнета подлога и поделете ја на неколку топчиња.
Топчињата тесто расукувајте ги една по една во круг, сечете тријаголници, филувајте ги по желба (сирење, спанаќ, џем или оставете ги празни), па веднаш замотувајте кифлички.
Печете ги во загреана рерна на 200 степени.
Значи, не чекајте тестото да нарасне, веднаш се меси, се замотува и се ставаат во рерна.
Зачувај во својата кутија
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.
Слични рецепти:
|
Крокети од ориз и сирење Крокети од ориз и сирење |
|
Виткани соленки Соленките се идеални за прослави, декорирање на богата маса, како грицки за со друштво... и треба ли уште да набројуваме. |
|
Плетенка Одлично решение, кога не сте многу гладни |
|
Кифлите на Летка Нашите омилени вкусни кифлички |
|
Пченкарна погача Пченкарна погача |
|
Погача - Цветна долина Навистина прекрасна погача |
|
|
Солени зачинети плетенки Солени зачинети плетенки |
|
Неферментирани интегрални лебчиња Ова е леб во наједноставната и најчистата форма. Нека не ве плашат бројот на калориите.. количината е за повеќе лица (4-5). Се работи исто така за леб без адитиви кој се препорачува во исхраната. |
|
Кифли со месо Кифли со месо |
|
Кифли со сирење
Бело сирење (или понекогаш само сирење) е вид на бело сирење во расол кое се прави во Македонија како и во повеќе земји на Балканот и е слично на фета сирењето. |