Нутрициона Листа за рецептот

Калории 9209 kcal
Шеќери 669 g
Масти 437 g
Јаглехидрати 1169 g
Протеини 180 g

Нутриционата листа е пресметана според количината на намирниците употребени за приготвување на рецептот.

Се однесува на целата количина од рецептот.

Филтер на јадења

  • Време на готвење:
    • Одбери Категорија

      Детска
      Ладни Предјадења
      Месо | Сувомеснати
      Топли Предјадења
      Национални
      Супи | Чорби
      Салати
      Тестенини | Печива
      Вегетаријанско
      Риба | Морска
      Посна
      Коктели | Пијалоци
      Десерти
      Сезонски

      Одбери Време:

      помалку од 30 минути
      од 30 - 60 минути
      од 1 до 2 часа
      повеќе од 2 часа
  • Број на калории:
    • Одбери број на калории:

      помалку од 500
      500 - 1000 калории
      1000 - 1500 калории
      повеќе од 1500 калории

Сподели

Касато торта

Касато торта
Објавено: 11/11/2010 год.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 250 грама Шеќер во прав
  • 200 грама Чоколадо
  • 250 грама Суво грозје
  • 250 грама Путер
  • 250 грама Ореви
  • 500 милилитри Млеко
  • 500 грама Кекси
  • 4   Жолчка/ки
  • 250 грама Желе


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Суво грозје - или "намалена" верзија на свежото грозје се препорачува поради тоа што содржи исклучително големи хранливи вредности. Исто така, погодно е за забрзување на лечењето на некои болести, како и при состојба на голема вознемиреност и напнатост.

Освен тоа, сувото грозје се покажало како идеален лек за тегобите како што е констипацијата и сличните болести, кои го напаѓаат системот за варење. Се смета дека сувото грозје е голем поттикнувач на сексуалниот нагон.

ПОДГОТОВКА:

Сомелените кекси прелијте ги со млеко и оставете ги да отстојат некое време.

Пенесто изматете ги маслото, шеќерот во прав и жолчките, па додадете ги сецканите ореви, сувото грозје, сецканите желе бомбони и растопеното чоколадо.

Добро измешајте ги двете смеси, па сето тоа ставете го во калап во кој на дното сте ставиле алумуниумска фолија.

Ставете во фрижидер да се стврднe.

Потоа исечете парчиња и послужете.
x

Зачувај во својата кутија


Логирајте се да можете да го оценувате рецептот.
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.

Слични рецепти:

Домашна бонжита Домашна бонжита

Според многу научни истражувања, медот содржи состојќи наречени феноли, кои можат да дејствуваат како антиоксиданси. Тие состојки ги исфрлаат слободните радикали, кои се нестабилни биопродукти на нормалниот метаболизам, кои предизвикуваат оштетувања на крвните садови и на ДНК-молекулите, со што би можело да доведе до појава на рак и други болести. Според истите истражувања е констатирано дека најдобро е да се земаат 2 до 4 лажици мед дневно. Тоа количество мед сигурно ќе ви обезбеди некои антиоксиданти што можат да го подобрат одбрамбениот систем на организмот.

Мек кекс од банани Мек кекс од банани

Бананата е растение од семејството Musaceae. Таа е најконсумирано овошје. Бананата потекнува од тропските региони на Југоисточна Азија. Денес тие се одгледуваат во тропски предели. Бананата е растение од семејството Musaceae. Тие првобитно биле одгледувани само за нивните плодови и во помала мера за производство на нивните конци и како украсни растенија. Како растение бананите се високи и вообичаено прилично цврсти. Најчесто биле сметани за дрва, но нивното главно исправено стебло е всушност квазистебло.

Крофни со мармалад Крофни со мармалад

Во светот постојат различни варијанти на рецепт за крофни, но сепак основата е иста, а вообичаено се посипуваат со шеќер во прав или лажичка мармалад. Ви ги набројуваме имињата на крофните во некои земји: Австрија – Krapfen (најчесто полнета со фил од ванила или мармалад од кајсии. Италијанците имаат неколку називи: Ciambelle, Bomboloni, Krafen, Zeppoli... Норвешка - Smultring (норвежаните се гиолеми потрошувачи на крофни, на годишно ниво норвежаните консумираат од 4-6 милиони крофни). Полска - Pączek (најчесто прелиени со глазура од шеќер). САД - Doughnut или Donut (најчесто прелиени со прелив од чоколада). Шведска - Munk

Шведски бисквити Шведски бисквити

Десерт од Шведската кујна

Храпачуса Храпачуса

Овој вкусен десерт потекнува од Хрватска од островот Брач.

Марципан ролат Марципан ролат

Многу години овој десерт бил привилегија само на кралевите и богатите. Во Лајпциг и Либек (Германија) со закон била забранета употребата на марципан, а на ниските слоеви им бил строго забранет. Тие кои ќе се осуделе да го пробаат, биле строго казнувани. Денес марципанот е познат во целиот свет и не постои закон кој ја забранува неговата употреба. За жал, денес овој десерт влегува во редот на најскапите, па неможе секој често да си го дозволи.

Сусам ролат Сусам ролат

Сусам ролат.

Крем со јагоди и банани Крем со јагоди и банани

Крем со јагоди и банани

Бомбици Бомбици

Чоколадна зараза

Гурабии / пиварки Гурабии / пиварки

Стар прекрасен десерт




Коментари:

Логирајте се да можете да внесувате ваши коментари за рецептите.
Калкулатор на калории
Возраст  години
Пол  машки   женски
Висина  см
Тежина  кг
Интервали на тренинг