Кекси од овесни снегулки
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 160 грама Шеќер кафеав
- 50 грама Чоколадо
- 120 грама Овесни снегулки
- 80 милилитри Масло
- 50 грама Лешник
- 240 грама Интегрално Брашно
- малку   Ванила екстракт
- 1   Јајца/це
- 1   Сода бикарбона
- Време за подготовка: 20 мин.
- Време за готвење: 40 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Со употреба на овесот како дел од вашата редовна исхрана, организмот ќе ги добива потребните материи за нормално функционирање. Овесното зрно содржи еднаков процент на нерастворливи и растворливи растителни влакна. Зрното има и 18 процентио протеини кои се богати со незаменливи киселини, витамини од групата Б, маснла, скроб и други активни материи.
Во народната медицина, чајот од овесно зрно со мед се користи како одлично средство прорив изнемоштеност. Овесот се препорачува за зајакнување на организмот, така што се користи при појава на анемија или старечка изнемоштеност.
ПОДГОТОВКА:
Во поголема чинија помешајте ги јајцата, шеќерот, маслото, екстрактот од ванила па во тоа додадете ја претходната смеса.
Потоа, сето тоа добро измешајте го.
Рерната загрејте ја на 180 степени.
На плех обложен со хартија за печење, редете по една лажичка од подгодвената смеса, со големо растојение меѓу нив, бидејќи при печењето доста ќе нараснат.
Печете ги 15-ина минути.
Оставете ги во плехот 5 минути да се оладат, а потоа извадете го плехот и оставете го на решетката од рерната да се оладат, па послужете.
Зачувај во својата кутија
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.
Слични рецепти:
|
Ролат со јагоди Јагодите се мошне омилени кај децата и кај возрасните - поради исклучително поволните органолептички особини: убаво изгледаат и имаат пријатен слатко-киселкаст вкус. Во плодот содржат 7-8 % шеќер, околу 1% киселина и 30-100 милиграми витамин Ц, на 100 грама јагоди има и околу 580 милиграми минерални материи, од кои 134 милиграми калиум, 31,3 милиграми фосфор, 24,7 милиграми калциум, 12 милиграми сулфур, 0,9 милиграми железо и во помали количества манган, цинк и јод. Натриумот во минералните материи изнесува само 2,5 милиграми, така што и болните од бубрези може да ги користат јагодите во исхраната. |
|
Куглов од банани, кокос и чоколадо Бананата потекнува од тропските регионот на Југоисточна Азија. Денес тие се одгледуваат во тропските предели. Бананата е растение од семејството Musaceae. Тие првобитно биле одгледувани само за нивните плодови, а во помала мера за производство на нивните конци и како украсни растенија. Како растение бананите се високи и обично прилично цврсти. Најчесто се сметаат за дрва, но нивното главно исправено стебло е всушност квазистебло. |
|
Кох од кајсии Кајсија (Prunus armeniaca) е со потекло од северна Кина и Киргистан, но долго време се сметало дека е со потекло од Ерменија, па некаде дури и се нарекува Ерменска слива. Припаѓа на листопадните дрва, со големина од 8 до 12 метри, а листовите се во облик на срце со големина од неколку сантиметри. |
|
Медена пита Медот ја подобрува работата на сите органи, ја поттикнува умствената и физичката активност, го зголемува имунитетот и му дава сила на целиот организам, а исто така, брзо и потполно се апсорбира. Ја подобрува отпорноста на организмот за инфекции и заразувања, поради тоа што има антисептичко дејство. Одличен е против кивавица, настинки и суво кашлање. Ја подобрува апсорпцијата на лековите и ги прави поделотворни, а го заштитува организмот од штетните остатоци на истите. Исто така, има позитивно влијание на отстранувањето на забните наслаги. |
|
Мек кекс од банани Бананата е растение од семејството Musaceae. Таа е најконсумирано овошје. Бананата потекнува од тропските региони на Југоисточна Азија. Денес тие се одгледуваат во тропски предели. Бананата е растение од семејството Musaceae. Тие првобитно биле одгледувани само за нивните плодови и во помала мера за производство на нивните конци и како украсни растенија. Како растение бананите се високи и вообичаено прилично цврсти. Најчесто биле сметани за дрва, но нивното главно исправено стебло е всушност квазистебло. |
|
Колачиња со ореви и урми Урмата (Phoenix dactylifera) е растение од семејството Arecaceae (палми), која се одгледува порадо плодовите (урмите). Се претпоставува дека потекнуваат од северна Африка или југозападна Азија. Дрвото достигнува висина и до 15-25 метри. |
|
Мафини со боровинки Боровницата (Vaccinium myrtillus) е билка од семејството Vaccinium. Некои примероци можат да опстанат и до 15 години. Растат од 10-60 см. , додека пак, иако ретко, достигнуваат и до 90 см. Листовите се долги од 1-3 см. Боровинката е листопадно билка, новите листови растат од крајот на април до почеток на мај, а паѓаат од крајот на септември до октомври. Плодовите на боровинките се многу хранливи, бидејќи се богати со железо и витамини. Најчесто се користи за правење на чаеви и сокови. Лековитите делови на билката се листовите, кои се собираат пред созревањето на плодовите и се сушат на суво и сончево место. Плодовите се собираат на лето, веднаш по созревањето. |
|
Медени триаголници Медот е густа, слатка, сирупова материја, а е производ на пчелите, кој се добива со собирање на овошни и други сокови, преработени во желудникот на пчелата. По дефиниција медот е чиста супстанција, која не е помешана со ниедна друга супстанција. Нутрициони вредности на медот во 100 гр. - Енергетска вредност 1270 кЈ - Белковини 0.27 гр. - Јаглени хидрати 81.0 гр. - Масти 0.0 гр. - Холестерол 0.0 гр. 1 килограм мед има иста хранливост колку и: 50 кокошкини јајца, 3 кг. риба, 1 кг шунка, 2,5 кг телешко месо, 6 кг. порокали и 10-12 кг. зеленчук. |
|
Касато торта Суво грозје - или "намалена" верзија на свежото грозје се препорачува поради тоа што содржи исклучително големи хранливи вредности. Исто така, погодно е за забрзување на лечењето на некои болести, како и при состојба на голема вознемиреност и напнатост. Освен тоа, сувото грозје се покажало како идеален лек за тегобите како што е констипацијата и сличните болести, кои го напаѓаат системот за варење. Се смета дека сувото грозје е голем поттикнувач на сексуалниот нагон. |
|
Шведски бисквити Десерт од Шведската кујна |