Крофни со мармалад
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 50 грама Шеќер во прав
- 100 грама Шеќер
- малку   Сол
- 10 милилитри Рум
- 100 грама Путер
- 200 милилитри Млеко
- 200 грама Мармалад
- 1   Кора од лимон
- 1   Квасец
- 500 грама Брашно
- 1   Белка/ки
- 2   Јајца/це
- Време за подготовка: 100 мин.
- Време за готвење: 30 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Во светот постојат различни варијанти на рецепт за крофни, но сепак основата е иста, а вообичаено се посипуваат со шеќер во прав или лажичка мармалад.
Ви ги набројуваме имињата на крофните во некои земји:
Австрија – Krapfen (најчесто полнета со фил од ванила или мармалад од кајсии.
Италијанците имаат неколку називи: Ciambelle, Bomboloni, Krafen, Zeppoli...
Норвешка - Smultring (норвежаните се гиолеми потрошувачи на крофни, на годишно ниво норвежаните консумираат од 4-6 милиони крофни).
Полска - Pączek (најчесто прелиени со глазура од шеќер).
САД - Doughnut или Donut (најчесто прелиени со прелив од чоколада).
Шведска - Munk
ПОДГОТОВКА:
Во друг подлабок сад просејте го брашното, а во средината направете длабнатина, па ставете го надигнатиот квасец, малку сол, јајцата, шеќерот, путерот исецкан на мали коцкички, румот и ренданата кора од лимон.
Сето тоа со лажица убаво измешајте го за да се соедини, па со миксер матете додека не почнат да се создаваат меурчиња.
Оваа смеса (тесто) прекријте ја со кујнска крпа и оставете на топло да стасува од прилика 1 час.
Стасаното тесто, премесете го на работна подлога, па расукајте го на дебелина од околу 7-8 мм.
Со еден кружен калап за крофни направете кругови, а на половина од нив ставајте по една лажичка мармалад, рабовите малку пемачкајте им ги со белка, а со преостанатата половина преклопете.
Крофните прекријте ги со кујнска крпа и оставете ги да отстојат уште половина час.
Потоа пржете ги во веќе загреното масло, најпрво од едната, а потоа и од другата страна (по 2 минути од прилика).
Готовите крофни вадете ги и ставајте ги на еден сад прекриен со кујнска хартија за да ја впијат маснотијата, а додека се топли посипете ги со шеќер во прав.
Зачувај во својата кутија
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.
Слични рецепти:
|
Бомбици Чоколадна зараза |
|
Бела бајадера Чоколадата се смета за одговорна за стимулирање на доброто расположение, односно го поттикнува создавањето на серотонинот (хормонот "за добро расположение") во нашиот организам. Тој е "виновникот" кога по некој оброк ние имаме пријатно чувство. По кунсумирањето чоколада, во нашиот организам се ослободуваат ендорфини, кои се нарекуваат и ендогеним или опијати, кои имаат природно смирувачко и антидепресивно влијание. Чоколадата содржи тонизирачки материи како танин, теобрамин и кофеин. |
|
Кокосова пирамида Кокосова пирамида |
|
Карамел купови со ореви и бадеми Карамел купови со ореви и бадеми. |
|
Ролат со јагоди Јагодите се мошне омилени кај децата и кај возрасните - поради исклучително поволните органолептички особини: убаво изгледаат и имаат пријатен слатко-киселкаст вкус. Во плодот содржат 7-8 % шеќер, околу 1% киселина и 30-100 милиграми витамин Ц, на 100 грама јагоди има и околу 580 милиграми минерални материи, од кои 134 милиграми калиум, 31,3 милиграми фосфор, 24,7 милиграми калциум, 12 милиграми сулфур, 0,9 милиграми железо и во помали количества манган, цинк и јод. Натриумот во минералните материи изнесува само 2,5 милиграми, така што и болните од бубрези може да ги користат јагодите во исхраната. |
|
Чоко - ролат со крем од костен Костенот низ вековите бил основа на исхраната во медитеранските и во планинските земји, пред почесното место на трпезата да му го одземе - компирот. Изобилството на јаглено хидрати и протеини јасно говори дека пред сочното и зашеќерено "обично" овошје, костенот нема што да бара. И, навистина, според хемискиот состав тој е посличен на житарките отколку на пример на бананите, агрумите или кивито. Заради големото количество витамин Б го споредуваат со лебот. А дека станува збор за драгоцено овошје се гледа според двојната обвивка што му ја подарила природата. Тврдата кора и острите боцки го штитат костенот не само од брзо паѓање, туку и од допир со сите отровни и загадени честички во атмосферата. |
|
Кох од кајсии Кајсија (Prunus armeniaca) е со потекло од северна Кина и Киргистан, но долго време се сметало дека е со потекло од Ерменија, па некаде дури и се нарекува Ерменска слива. Припаѓа на листопадните дрва, со големина од 8 до 12 метри, а листовите се во облик на срце со големина од неколку сантиметри. |
|
Пита со пудинг Пита со пудинг |
|
Чоколаден крем со јагоди и лешници Чоколаден крем со јагоди и Фстаци. |
|
Топчиња од кекси и кокос Сусамот го олеснува празнењето на цревата, лечи хемороиди, мигрена и изгореници, го намалува нивото на лошиот холестерол и спречува згрутчување на крвта. Сусамот одликува со бројни лековити својства. Тој содржи 50-60% масло, исто така ги содржи и минералите бакар, калциум и манган. Од витамините, во сусамот се застапени Е и Б1. Во неговиот состав има и растителна смола, која му ја дава посебната арома на сусамот. Сусамот содржи и две посебни врсти растителни влакна - сесаним и сесамолин, за кои е докажано дека го смалуваат нивото на холестеролот. |