Нутрициона Листа за рецептот

Калории 3126 kcal
Шеќери 102 g
Масти 246 g
Јаглехидрати 238 g
Протеини 97 g

Нутриционата листа е пресметана според количината на намирниците употребени за приготвување на рецептот.

Се однесува на целата количина од рецептот.

Филтер на јадења

  • Време на готвење:
    • Одбери Категорија

      Детска
      Ладни Предјадења
      Месо | Сувомеснати
      Топли Предјадења
      Национални
      Супи | Чорби
      Салати
      Тестенини | Печива
      Вегетаријанско
      Риба | Морска
      Посна
      Коктели | Пијалоци
      Десерти
      Сезонски

      Одбери Време:

      помалку од 30 минути
      од 30 - 60 минути
      од 1 до 2 часа
      повеќе од 2 часа
  • Број на калории:
    • Одбери број на калории:

      помалку од 500
      500 - 1000 калории
      1000 - 1500 калории
      повеќе од 1500 калории

Сподели

Крофни со ванила

Крофни со ванила
Објавено: 16/06/2010 год.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 8   Шекер лажичка/ки
  • 30 грама Шеќер во прав
  • 1200 милилитри Млеко
  • 50 милилитри Масло
  • 100 грама Маргарин
  • малку   Кора од лимон
  • 1   Квасец
  • 4   Жолчка/ки
  • 450 милилитри Вода
  • 2 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 2   Ванила пудинг/а
  • 1 килограм/и Брашно


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Во светот постојат различни варијанти на рецепт за крофни, но сепак основата е иста, а вообичаено се посипуваат со шеќер во прав или лажичка мармалад.

Берлинската крофна се прави со пржење во длабоко масло и најчесто се полнети со џем од сливи, а додека во Аврстрија најчесто се сретннуваат крофни полнети со џем од кајсии.

Според обликот, постојат крофни со облик на топки и полукрожни топку.

Крофна на други јазици:

Германски: Berliner (на север), Kreppel (во средна Германија), Krapfen (на југ), Pfannkuchen (во Берлин и околини), Berliner Ballen (во Руската област на Германија)
Англиски: Doughnut
Полски: Pączek
Словенски: Krof
Шпански: Dónut

ПОДГОТОВКА:

 Квасецот измешјте го со малку млака вода и 2 лажици брашно. Добиената смеса оставете ја да стои на топло. Во останатото брашно додајте го стасаниот квасец, масло, шеќер, омекнат маргарин и постепено додавајте млака вода. Замесете меко и мазно тесто. Оставете да стасувa за да го удвои волуменот. Стасаното тесто расукајте го со дебелина од 0,5 до 1 см, па сечете го со чаша со пречник од 8 см. Исеченото тесто оставете го да стои уште 15-20 минути. Стасаните крофни пржете ги покрени во поголемо количество масло. Потоа превртете ги и кусо пржете и од другата страна. Со шприц за торт втиснете од изладениот пудинг.

Подготовка на пудингот: прашокот за пудинг измешајте го со шеќер и ванилниот шеќер. Од млекото одвојте 12 лажици и убаво измешајте ги со смесата за пудинг. Остатокот од млекото сварете го, тргнете го од огнот, додајте му го разматениот прашок и варете со постојано машање додека не згусне. Крофните наросете ги со шеќер во прав и служете.

Крофните можете да ги полните и така што ќе ги засечете со нож на средина и ќе ги полните со мала лажичка.
x

Зачувај во својата кутија


Логирајте се да можете да го оценувате рецептот.
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.

Слични рецепти:

Спекулас Спекулас

Бадемите се богати со многу минерали, така што, во 100 грама бадеми има: 2,5 милиграма манган, 2,75 милиграма магнезиум, 3,4 милиграма цинк, 4,3 милиграма железо и 2,48 милиграма калциум. Исто така бадемите се и одличен извор на витаминте Е, и витамини од Б комплексот: рибофлохин, ниацин и тиамин.

Овошен колач Овошен колач

Овошен колач

Рафаело коцки Рафаело коцки

Рафаело коцки

Костен бајадера Костен бајадера

Покрај калориите, костенот содржи и скроб (22,3% од вкупната тежина), но е вистинска ризница на витамини и минерали, пред се на калиум (го регулира крвниот притисок), потоа фосфор, железо и калциум. Костенот не содржи вода, односно неа ја има многу помалку отколку во бананите, ананасот, јаболкото, грозјето и портокалот. Не може да се пофали ни со витамин А и Ц, но затоа е богат со Б и ПП (ниацин), кои хранливите состојки ги претвораат во енергија.

Чоколаден cupcakes со урми Чоколаден cupcakes со урми

Основните состојки на сите чоколади покрај какао смесата, какао путерот и шеќерот, сè и аромите на ванила како и емулаторот лецитин чија задача е поврзување на овие состојки на чоколадото. Чоколадото е исклучително богато со фосфор и магнезиум, а содржи и поголеми количества на железо, цинк и калиум. Во 100 гр. квалитетно чоколадо со голем дел на какао има 400 мг. калиум, 300 мг. магнезиум, 280 мг. фосфор, 100 мг. калциум, 12 мг. натриум, 3 мг. железо, бакар во трагови, 500 мг. теотромбин, 68 мг. кофеин, 54 гр. јагленихидрати, 30 гр, масти, 9 гр. и 6 гр. белковини. Освен тоа чоколадото содржи и фолна киселина, бета каротин, како и витамините Б1, Б2, Б5, Б6 и Е. Чоколадото со повеќе од 50% какао содржи 560 калории а 100 гр. млечно чоколадо 550 калории. Во зависност од видот на чоколадото, т. е. од уделот на какаото и останатите додатоци, млечното чоколадо ќе содржи повеќе калциум, додека чоколадото со лешници или бадеми ќе биде побогато со витамин Е.

Пунч коцки Пунч коцки

Кристофер Колумбо е човекот кој што ги запознал европјаните со вкусот на чоколадото. Тој на своето четврто патување во 1502 година во заливот Хондурас наишол на товарен брод кој што пренесувал се, па меѓудрогото и зрна какао. Од прво Европјаните не го прифатиле вкусот на какаото затоа што бил премногу горчлив и лут, посебно кога содржел чили пиперчиња. Потоа жителите на стариот континент го прифатиле какаото, но го преиначиле рецептот со тоа што му додале мед, шеќер и цимет. Кон крајот на 16 век чоколадото станал скапоцен напиток кој се поврзувал со буржоазијата. До средината на 17 век во Париз биле отворени многу “куќи на чоколадото”, но овој десерт бил резервиран само за елитата. Поради своите квалитети и одличен прималив вкус, полека чоколадото станало десерт за сите класи, посебно во земјите од Медитеранот. Со тек на време чоколадото почнало да се произведува во форма на стапчиња кои биле познати како шпански стапчиња. Во Франција биле познати чоколадните пастили.

Мaфини со кокос и чоколадо Мaфини со кокос и чоколадо

Сè до раниот 20 век, кокосот се сметал за парична единица на Никобарските Острови, кои се наоѓаат северно од Суматра. Во јужниот пацифик, каде парчиња од кокосова лушпа биле обликувани и служени како парички. Во северна Индија кокосот се сметал како симбол на плодноста. Кога жената сакала да зачне, та одела кај свештеник и примала специјален кокос. Исто така, првата цврста маса со која се храни Тајланското бебе се три лажици со свеж кокос, кои им ги дава будистички свештеник. На Бали, на жените им е забрането дури и да го допрат кокосовото дрво, бидејќи и жените и кокосовото дрво имаат способност да се размножуваат, мажите се плашат дека женскиот допир може да ја "исцица" плодноста од кокосовото дрво.

Чоколаден кох Чоколаден кох

Покрај фактот дека чоколадата е богата со масни материи тие бргу се варат. Какао путерот, кој е главна липидна состојка во чоколадото во телото се асимилира од 95 до 98 %. Покрај тоа содржи стеаринска киселина - заситена масна киселина која во црниот дроб бргу преминува во олеиснка киселина (т.н. "добра маст"), која во најголемо количество во природата ја наоѓаме во маслиновото масло.

Баклава со суви сливи Баклава со суви сливи

Баклавата е многу популарен десерт посебно во нашите краеви и околните земји. Во минатото била подготвувана исклучиво во домовите, а денес може да се набави готова, во супер маркетите. Името потекнува од турскиот збор baklava.

Жарбо коцки Жарбо коцки

Мармеладот потекнува од Грчкиот збор melimēlon. Мармелад од дуњи бил познат во Англија уште во 15 век. Денес се произведува од разни цитруса и други овошја, а често се прави и од комбинација на повеќе овошја.




Коментари:

Логирајте се да можете да внесувате ваши коментари за рецептите.
Калкулатор на калории
Возраст  години
Пол  машки   женски
Висина  см
Тежина  кг
Интервали на тренинг