Мафини со виршли
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 1 лажица/ци Сол
- 1 кесичка/ки Прашак за печиво
- 2 лажица/ци Масло
- 150 грама Кисела павлака
- 4   Виршла/ли
- 220 грама Брашно
- 180 милилитри Јогурт
- 2   Јајца/це
- Време за подготовка: 15 мин.
- Време за готвење: 30 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Мафините потекнуваат од Англија, кои во почетокот биле подготвувани со квасец.
Подоцна започнало нивното подготвување и во Америка, а од таму и во целиот свет.
ПОДГОТОВКА:
Во еден сад, со лажица изматете ги јајцата, па додадете им ја павлаката, јогуртот и маслото.
Брашното помешајте го со прашокот за печиво, па додадете ја масата од јајца.
Потоа додадете ги парчињата виршла, ставајте ја смесата во калапи за мафини и печете околу 30 минути во претходно загреана рерна на 180 степени.
Зачувај во својата кутија
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.
Слични рецепти:
|
Солен колач од јогурт и шунка Една од предностите на јогуртот е што помага во борбата против малигните тумори. Истражувањата на Американскиот институт за рак, покажуваат дека кај луѓето кои секој ден пијат јогурт, стапката на заболеност од тумори е меѓу најниските. Рускиот хемичар Борис Метчинов во 1898 год. ја доби Нобеловата награда за откритието дека луѓето кои пијат јогурт живеат подолго. Причината за позитивното влијание на јогуртот, е корисно дејство на бактериските култури врз желудникот и цревната флора. Постојат докази дека токму тука лежи еден од важните фактори за долговечност. |
|
Мафини од банани и пченкарно брашно Банана е име за еден вид на овошје и на тревни растенија од родот Musa кои го произведуваат ова најчесто јадено овошје. Потекнува од тропските региони на Југоисточна Азија. Денес тие се одгледуваат во тропските предели. Бананите првобитно биле одгледувани само за нивните плодови и во помала мера за производство на нивните конци и како украсни растенија. |
|
Шкотско јајце Шкотско јајце |
|
|
Брамбораки Брамбораки |
|
Похован кашкавал Похован кашкавал |
|
Торта со јајца и колбаси Торта со јајца и колбаси |
|
Лута кајгана Лута кајгана |
|
Омлет на шпански начин Јајцата се честа состојка во многу рецепти. Полни се со многу хранливи материи (витамини, протеини, масти) и даваат големи количества енергија. Големата нутритивна вредност на јајцето е логична со оглед на тоа што оплоденото јајце треба да овозможи се што му е потребно за развој на малото пиле. Јајцето содржи околу шест грама протеини и други важни хранливи состојки, но и 212 милиграми холестерол. Со оглед на тоа што се препорачува консумација на 300 милиграми холестерол дневно, високата содржина на оваа состојка би спречило многу луѓе да јадат јајца. Но, треба да се истакне дека по едно јајце дневно нема драстично да ја зголеми содржината на холестерол во крвта и да ги зголеми нивоата на маснотии. Тоа е навистина добра вест, ако се знае дека јајцето содржи многу други важни хранливи материи како холин (есенцијален за добар вид), селен (неопходен за силен имунитет), витамин А (го поттикнува растот на клетките), витамин Е (антиоксиданс) и лутеин (кој го подобрува видот). Протеините во јајцето главно се содржат во белката, додека жолчката ги содржи витамините А, Д и Е, масти и холестерол. |
|
Пудинг од јајца со леб Пудинг од јајца со леб |
|
Суфле со шунка Шунката е солен, исушен или термички обработен продукт, традиционално произведен од задниот или предниот свински бут, но во последните години се произведува и од пилешко месо. Шунката била приготвувана уште во древниот Рим, уште пред I век п.н.е. |