Минeстра чорба
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 50 грама Целер
- малку   Сол
- 100 грама Моркови
- малку   Мешан зачин
- 100 милилитри Маслиново масло
- 5 чешниња Лук
- 1 главица/и Кромид/а
- 400 грама Компир
- 200 грама Домат
- 150 грама Грав
- малку   Црн бибер
- Време за подготовка: 15 мин.
- Време за готвење: 30 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
За оваа чорба или супа нема конкретен рецепт, бидејќи таа се подготвува од зеленчуци кои можат да се најдат во периодот од годината во кој таа се подготвува.
Таа може да биде вегетеријанска , но може и да содржи месо.
Минестрон чорбата потекнува од Италијанската кујна каде е подготвувана како предјадење.
ПОДГОТОВКА:
Утредента ситно исецкајте го црниот лук, а кромидот и морковот на кругчиња, а компирот и коренот целер на мали парченца, па додадете го исцедениот грав и сè заедно пропржете на малку масло.
Кога зеленчукот ќе омекне, додадете малку бибер, бел лук и излупен и на мали парченца исецкан домат, пржете 5 минути, па посипете со зачински билки и налијте со 1,5 литри вода.
Варете додека зеленчукот не стане мек, посолете по вкус и посипете со сецкани листови целер.
Зачувај во својата кутија
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.
Слични рецепти:
|
Компир на Англиски начин Компир на Англиски начин |
|
Чорба од домати Чорба од домати |
|
Ладна чорба од карфиол Ладна чорба од карфиол |
|
Чорба од коприви Чорба од коприви. |
|
Пилешка супа со зеленчук За бебиња после 6 - тиот месец. |
|
Чорба од грашок Чорба од грашок |
|
Чорба од кромид и кашкавал Поголемо внесување на кромид во организмот го намалува нивото на глукоза во крвта. Во тој процес помошен елемент е и присуството на хромот кој помага клетките правилно да реагираат на ослободениот инсулин. Истражувањата кај дијабетичарите покажале дека хромот може да го намали брзото зголемување на шеќерот во крвта, да ја зголеми толерантноста на клетките на гликозата, да го намали нивото на инсулин и да ги намали холестеролот и триглицеридите. Една шоња кромид (околу 250 г.) содржи околу 20% од дневните потреби за овој минерал. |
|
Чорба од тиква Месниот дел од плодот на тиквата изобилува со бета каротен и витамин Е - силни антиоксиданси, важни за превенција и борба против ракот. Благодарение на целулозата тиквата поседува и пургативно својство, односно способност за прочистување на организмот од одпадните материи. Тиквата е добар лаксатив, кој ги лечи воспалителните процеси на цревата и го спречува ракот. Исто така тиквата се препорачува и за лечење на акните. |
|
Чорба од мали ќофтиња Чорба од мали ќофтиња |
|
Чорба од грав Чорба од грав |