Нутрициона Листа за рецептот

Калории 2771 kcal
Шеќери 13 g
Масти 203 g
Јаглехидрати 32 g
Протеини 202 g

Нутриционата листа е пресметана според количината на намирниците употребени за приготвување на рецептот.

Се однесува на целата количина од рецептот.

Филтер на јадења

  • Време на готвење:
    • Одбери Категорија

      Детска
      Ладни Предјадења
      Месо | Сувомеснати
      Топли Предјадења
      Национални
      Супи | Чорби
      Салати
      Тестенини | Печива
      Вегетаријанско
      Риба | Морска
      Посна
      Коктели | Пијалоци
      Десерти
      Сезонски

      Одбери Време:

      помалку од 30 минути
      од 30 - 60 минути
      од 1 до 2 часа
      повеќе од 2 часа
  • Број на калории:
    • Одбери број на калории:

      помалку од 500
      500 - 1000 калории
      1000 - 1500 калории
      повеќе од 1500 калории

Сподели

Њоки од сирење и спанаќ

Њоки од сирење и спанаќ
Објавено: 10/12/2010 год.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 500 грама Спанаќ
  • малку   Сол
  • 500 грама Сирење
  • 80 грама Пармезан
  • малку   Мускантен орев
  • 80 грама Брашно
  • 2   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Калоричната вредност на спанаќот не е голема - 22 kcal, затоа што во себе содржи малку протеини, јагленохидрати и масти. Тоа го вбројува во редот на продукти кои може обилно да се консумираат без штетни последици. Но, поради присуството на оксалната киселина не смеат да го консумираат бубрежно болните лица.

ПОДГОТОВКА:

Спанаќот исчистете го под млаз вода.

Измиен ставете го во зовриена вода, па варете го 3-4 минути, односно додека листовите не омекнат.

Потоа разладете ги под ладна вода, исцедете, па ситно насецкајте ги.

Сирењето и исецканиот спанаќ со вилушка добро измешајте ги, па додаде им го пармезанот, јајцата, мускантното оревче, малку сол и брашното, па сетоа тоа добро измешајте го.

Кога ќе добиете изедначена смеса, направете топчиња со големина на орев.

Топчињата извалкајте ги во брашно и варете ги во поголем сад во посолена вода, која врие.

Веднаш штом топчињата ќе испливаат на површина земајте ги со поголема вилушка, малку исцедете, па распоредете ги на сад за послужување, зачинете ги по желба и попрскајте ги со рендан пармезан.
 
x

Зачувај во својата кутија


Логирајте се да можете да го оценувате рецептот.
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.

Слични рецепти:

Пире од спанаќ Пире од спанаќ

Спанаќот е едногодишна или двогодишна билка со сочни зелени листови и со цветови во вид на клас, со хлорофил најбогат зеленчук. Поради големото присуство на минерали и витамини, спанаќот го нарекуваат и како "крал на зеленчукот".

Пире од моркови Пире од моркови

Во посните денови ова може да биде одличен прилог со риба, а останатите денови може да се служи како одличен прилог со некое динстано месо.

Мафини со афион Мафини со афион

Семето на белиот афион припаѓа на индискиот вид и се додава на јадењата заради нивно згуснување и арома. Бидејќи е многу тешко да се сомеле сурово афионово семе, тоа се потпечува на суво, а потоа се толчи или се меша со вода за да се добие конзистентна смеса во вид на тесто. Најголеми производители на афион за медицински потреби во светот се Австралија, Турција и Индија. Порано тој се произведувал и во Македонија, за што сведочи и тоа што се наоѓа на македонскиот национален грб. Така, во периодот од 1963 до 1972 година кај нас биле засеани 1.693 хектари со афион.

Ролат од спанаќ Ролат од спанаќ

Спанаќот е едногодишна или двогодишна билка, со сочни зелени листови и цветови во вид на клас, со хлорофил најбогат зеленчук. Поради големото присуство на минерали и витамини, спанаќот го нарекуваат и "крал на зеленчукот". Само во 100 грама спанаќ има околу 1400 милиграми минерални состојки. Само малку продукти можат да му конкурира на спанаќот по богатството на магнезиум - 56 милиграми. Има малку билки кои во себе имаат повеќе железо од спанаќот, а исклучително е богат и со калиум, калциум, натриум, фосфор, манган, бакар, цинк, јод и колбалт. Исто така, спанаќот е богат со витамини, особено со витамин Ц - 60 милиграми, а ги содржи во значителен процент и сите витамини од групата Б. Присуството на каротин од 4.1 милиграм го обезбедува толку драгоцениот провитамин А. Калоричната вредност на спанаќот не е голема - 22 kcal, затоа што во себе содржи малку белковини, јагленохидрати и масти. Тоа го вбројува во редот на продукти кои може обилно да се користат без штетни последици. Но, поради присуството на оксалната киселина не смеат да го консумираат бубрежно болните лица.

Компир топчиња - солено рафаело Компир топчиња - солено рафаело

Компирот во 1588 година веќе бил познат и одгледуван во одредени делови на Италија, што укажува на уште пораната широка употреба на ова растение во Шпанија. Постојат индиции дека одгледувањето на компирот во Шпанија постоело пред 1573 година. Неодамна се пронајдени податоци за извоз на компир од Канарските острови за Антверпен во ноември 1567 година. Ако се претпостави дека веројатно е одгледуван барем пет години на Канарските острови, годините околу 1562-та би можеле да се означат како години на интродукција на компирот во Европа. Ова би значело дека компирот во Европа стигнал само десет години по опишувањето на видот, односно околу 30 години по Пизаро, како и дека најпрвин се одгледувал на островите, а дури подоцна и во континентална Шпанија.

Киш со ориз Киш со ориз

Кинезите повеќе од 1000 години го употребуваат оризот како основна храна. Тој се смета како храна со многу хранливи вредности. Во IX век во Азија се појавила болест како резултат на недоволното внесување на витамини. Таа болест траела 50 години се додека не се дошло до заклучок дека машината што го преработувале оризот ја тргала обвивката на оризот, која била богата со витамини. Така почнал да се употребува интегралниот ориз, кој всушност е ориз со лушпа, кој е многу богат со витамини.




Коментари:

Логирајте се да можете да внесувате ваши коментари за рецептите.
Калкулатор на калории
Возраст  години
Пол  машки   женски
Висина  см
Тежина  кг
Интервали на тренинг