Пастрмка со бадеми
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 100 милилитри Суво бело вино
- 50 грама Путер
- 50 грама Презла
- 1000 грама Пастрмка
- 2 лажица/ци Лимонов сок
- 1 лажица/ци Дафинка
- 100 грама Бадеми
- Време за подготовка: 20 мин.
- Време за готвење: 40 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Во пастрката завиден е уделот на есенцијалните аминокиселини (кои во нашиот организам се неопходни, а сам не може да ги произведе). Пастрмката е добар извор на омега 3 - масните киселини (1,1 грам на 120 грама месо), а содржи малку заситени маснотии.
Оваа риба е богата со витаминот Б12, а истовремено содржи повеќе од 10% од дневно препорачаното количество железо.
ПОДГОТОВКА:
Бадемите ставете ги во вода што врие, тргнете го огнот и покријте.
Оставете ги барем пет минути, а потоа излупете ги. Исецкајте ги на ливчиња.
Пастрмката однадвор и одвнатре накапете ја со сок од лимон, посипете со малку сол и зачинска сол, па валкајте ги во лебни трошки.
Така подготвените патрмки наредете ги во огноотпорна тава која убаво сте ја намачкале со путер.
Во садот од страна додајте вино, а рибата покријте покријте ја со ливчиња бадеми.
Садот покријте го со алуминиумска фолија (која од внатрешната странасте ја намачкале со путер) и печете во загреана рерна.
Печете на температура од 180 степени.
По 30 минути извадете ја фолијата и продолжете го печењето уште 15 минути.
Зачувај во својата кутија
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.
Слични рецепти:
|
Пастрмка во бело вино Пастрмка во бело вино |
|
Пастрмка печена во сланина Пастрмката е здрав и хранлив продукт, кој завзема важно место во урамнотежената и правилна исхрана. Месото на рибата по својата структура влегува во диетски произоди бидејќи има помалку маснотии, холестерол и заситени масти, што истовремено значи и помала енергетска вредност. Просечната енергетска вредност изнесува 140 килокалории на 100 грама. Пастрмката е одличен извор на есенцијални рибини масла, вклучувајќи ги омега 3 - масните киселини. Богата е со протеини, кои се потребни за нормален раст и развој. Одличен извор е на фосфор, селен и витамин Б12, Б6, ниацин и пантотенска киселина, а содржи и витамин А и Б1. |
|
Варена пастрмка со зеленчук Варена пастрмка со зеленчук |
|
|
Печена пастрмка со лук и магдонос Печена пастрмка со лук и магдонос |
|
Пастрмка со пире од компир и тиквичка После првата година, не детето, слободно може да му се припрема риба за оброк, или да му се даваат здрави прозиводи од риба. |