Исчистете ја пастрмката и посолете ја минимално. Исчисете го лукот и ситно исецкајте го. Измијте го магдоносот и исецкајте го. Лукот и магдоносот измешајте ги и со добиената смеса наполнете го стомакот на пастрмката. Положете ја вака наполнетата пастрмка во помастено тавче. Покријте го тавчето со фолија.
Вклучете ја рерната на 200 степени и кога ќе се загрее ставете го тавчето. Печете точно 15 минути. Исклучете ја рерната, извадете ја фолијата и оставете ја пастрмката во рерна уште неколку минути малку да се зарумени.
Сервирајте ја цела во голема чинија и украсете ја со магдонос.