Пица мусака
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- малку   Оригано
- 250 милилитри Млеко
- 2 лажица/ци Масло
- 1000 грама Компир
- 200 грама Кашкавал
- 100 милилитри Доматно пире
- 3   Јајца/це
- 200 грама Шунка
- Време за подготовка: 20 мин.
- Време за готвење: 40 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Мусака (грчки: moussakas; романски: musaca; турски: musakka; арапски: musaqqa) е традиционално јадење, кое претежно се подготвува на Балканскиот полуостров и на Блискиот исток. Во земјите на Запад се смета дека мусаката е изворно грчко јадење.
ПОДГОТОВКА:
Прелијте го со јајцата изматени со млекото, па запечете во рерна за да се добие кора.
Потоа, извадете го од рерната и одозгора прелијте со густо пире од домати.
Преку пирето од домати наредете ги парчињата шунка, а одозгора ренданиот кашкавал.
Потоа, попрскајте со малку оригано и вратете уште малку во рерна, додека кашкавалот убаво не се запече.
Зачувај во својата кутија
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.
Слични рецепти:
|
Ѓомлезе Ѓомлезе |
|
Вртена пита Вртена пита |
|
Домашен кечап Доматот води потекло од Средна и Јужна Америка, а во Европа е донесен од страна на Шпанците од Перу во 15 век. Тогаш доматот служел само како украсна билка, а веќе од 19 век започнало неговото користење како храна и од тогаш се помасовно се одгледува и користи. Долго постоеше дилема дали доматот е зеленчук или овошје, додека не стигнало до највисокиот суд во САД во 1887 година, каде судот заклучил дека доматот е зеленчук - "Се јаде како супа или како додаток за супата. Со риба и месо како важен дел на оброкот, а не како десерт". Денес во исхраната најмногу го користат Италијаните и Медитеранските народи. |
|
Греана ракија Греана ракија |
|
Ликер од ореви Високата содржина на омега-3 масните киселини ги прави оревите незаменлив помошник во борбата со срцевите заболувања. Штитат од срцев удар и артеросклероза, висок крвен притисок, намалување на "лошиот" и зголемуваат на "добриот" холестерол во крвта. Оревите се популарни и како "храна за мозокот", повторно поради богатата содржина на Омега-3 масните киселини. Ја стимулираат мозочната активност и го полнат организмот со енергија. |
|
Македонска салата Македонска салата |
|
Кајгана со ајвар Ајварот е еден од највкусните специјалитети и најголемите тајни на балканската кујна, и веројатно води потекло од Македонија. Најдобриот ајвар се произведува во домаќинствата, затоа што само преку внимателна рачна работа може да се постигне целосно отстранување на лушпата и семето од пиперката што го гарантира чистиот вкус на ајварот. Тој е редовен и постојан дел од зимницата затоа што најлесно се конзервира и најдолго може да опстои во зимскиот период од годината. |
|
Гратениран спанаќ Калоричната вредност на спанаќот не е голема, односно таа изнесува 22 kcal во 100 грама спанаќ, затоа што има во себе содржи малку белковини, јагленохидрати и масти. Тоа го вбројува во редот на продукти кои може обилно да се користат без штетни последици. Но, поради присуството на оксалната киселина не смеат да го консумираат бубрежно болните лица. |
|
Супа од цвекло Цвеклото потекнува од средоземјето. Ова двегодишно растение со темноцрвен вретенест корен и темнозелени листови, влегува во редот на најкорисни и најлековити градинарски култури. Се користи целото растение, а може да се употребува во текот на целата година. Богато е со витамини и минерали. Лесно сварливо е и може да се јаде без ограничувања. Покрај изобилството со хранливи материи (јаглехидрати, белковини и масти), цвеклото ги содржи речиси сите минерални состојќи: калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуор, манган, бакар, јод, сулфур, литиум, стронциум, бром... Поседува значајни количини на витамини Б1, Б2, Ц, како и витамини Б12 кој е редок во растителната храна, па цвеклото е особено важно во исхраната на вегетаријанците. Присуството на антоцијани влијае при обновувањето на крвта и има антиканцерогено дејство. Цвеклото има исклучително поволни ефекти во случаи на деминерализација на коските и забите. Присутниот јод помага во борбата против артериосклероза и го забавува процесот на стареење. |
|
Виткана пита со спанаќ Спанаќот е едногодишна или двогодишна билка со сочни зелени листови и со цветови во вид на клас, со хлорофил најбогат зеленчук. Поради големото присуство на минерали и витамини, спанаќот го нарекуваат и како "крал на зеленчукот". |