Нутрициона Листа за рецептот

Калории 2857 kcal
Шеќери 3 g
Масти 175 g
Јаглехидрати 6 g
Протеини 300 g

Нутриционата листа е пресметана според количината на намирниците употребени за приготвување на рецептот.

Се однесува на целата количина од рецептот.

Филтер на јадења

  • Време на готвење:
    • Одбери Категорија

      Детска
      Ладни Предјадења
      Месо | Сувомеснати
      Топли Предјадења
      Национални
      Супи | Чорби
      Салати
      Тестенини | Печива
      Вегетаријанско
      Риба | Морска
      Посна
      Коктели | Пијалоци
      Десерти
      Сезонски

      Одбери Време:

      помалку од 30 минути
      од 30 - 60 минути
      од 1 до 2 часа
      повеќе од 2 часа
  • Број на калории:
    • Одбери број на калории:

      помалку од 500
      500 - 1000 калории
      1000 - 1500 калории
      повеќе од 1500 калории

Сподели

Пилешка бајадера

Пилешка бајадера
Објавено: 24/06/2010 год.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку мала лажица Црн пипер
  • малку   Сол
  • 100 грама Сланина
  • 50 грама Сенф
  • 200 грама Пушено свинско
  • 3 чешниња Лук
  • 500 грама Пилешко
  • 200 грама Кашкавал


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Врз квалитетот на пилешкото месо можат да влијаат многу фактори, како што се расата, условите за одгледување и исхраната. Исто така и обработувањето на месото многу влијае врз квалитетот.

Пилешките гради се многу сочно и меко месо. Може да се пржи цело, или да се исече на помали парчиња.

ПОДГОТОВКА:

 Исечете и исчукајте ги пилешките шницли - најдобро преку ќесе за замрзнување за да не се искинат.

Насолете ги, па наросете им црн пипер.

Во долг и тесен калап ставете тенки кришки сланина, парчињата малку да се преклопуваат.

На сланината ставете еден ред пилешки шницли, намачкајте со сенф и нафрлете пасиран лук.

Над тоа нанесете рендан кашкавал, тенки парчиња пушен свински врат и повторно тенок слој сенф.

Повторете ја постапката, од пилешкото месо па натаму, уште еднаш.

Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете околу 30 минути.

По желба бајадерата можете да ја превртите на голема тава, па да ја запечете и сланината.

Испечената пилешка бајадера пред служење оставете малку да се излади за да не се рони при сечењето.
x

Зачувај во својата кутија


Логирајте се да можете да го оценувате рецептот.
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.

Слични рецепти:

Полнето пиле на италијански начин Полнето пиле на италијански начин

Полнето пиле е рецепт што речиси е застапен во секоја национална кујна, рецепт без кој неможе да се замисли кулинарството.

Пилешки мафини Пилешки мафини

Пилешки мафини

Ароматично пиле со рузмарин и лимон Ароматично пиле со рузмарин и лимон

Ароматично пиле со рузмарин и лимон

Торта од бело месо Торта од бело месо

Домашната кокошка води потекло од источнo азиската дива кокошка, од пред 5000 години. Уште 1400 год. п.н.е. е пренесена во Кина, а потоа е раширена и на запад. Персијците ја сметале за свето суштество. Домашната кокошка Грците ја превземале од Феничаните, а од таму се раширила по цела Европа. Кристофер Колумбо во 1942 година ја пренел во Америка, така што сега ја има низ целиот свет. Според намената, денешните видови на кокошки се поделени на лесни (за производство на јајца), средно тешки (за производство на месо и јајца), и тешки (за производство на месо).

Штрудла со пилешко, спанаќ и сирење Штрудла со пилешко, спанаќ и сирење

Спанаќот е едногодишна или двогодишна билка со сочни зелени листови и со цветови во вид на класи и е зеленчук најбогат со хлорофил. Поради големото присуство на минерали и витамини, спанаќот го нарекуваат и како "крал на зеленчукот".

Ражничи со сирење и сланина Ражничи со сирење и сланина

Ражничи со сирење и сланина

Ќофтиња од  бело пилешко месо Ќофтиња од бело пилешко месо

Врз квалитетот на пилешкото месо можат да влијаат многу фактори, како што се расата, условите за одгледување и исхраната. Исто така и обработувањето на месото многу влиае врз квалитетот. Пилешките гради се многу сочно и меко месо. Може да се пржи цело, или да се исече на помали парчиња.

Пикантни пилешки копани Пикантни пилешки копани

Денес имаме голема побарувачка за пилешко месо, а тоа е едно од најупотребуваните меса во нашата секојдневна исхрана. Исто така, денес одгледувачите ги осовременија начините и брзината на одгледување. Врз квалитетот на пилешкото месо можат да влијаат многу фактори, како што се расата, условите за одгледување и исхраната. Исто така и обработувањето на месото многу влиае врз квалитетот.

Пилешки касерол Пилешки касерол

Врз квалитетот на пилешкото месо можат да влијаат многу фактори, како што се расата, условите за одгледување и исхраната. Исто така и обработувањето на месото многу влиае врз квалитетот. Пилешките гради се многу сочно и меко месо. Може да се пржи цело, или да се исече на помали парчиња.

Пилешко на шпански начин Пилешко на шпански начин

Кокошката, одамна е распространета во целиот свет. Се претпоставува дека денешната домашна кокошка потекнува од кокошката Gallus Bankive, која пак потекнува од Малезија, Индија и Кина, но денес тој вид на кокошки живеат во природа. Прво се распространиле во Азија, Африка и Европа, а денес е распространета во целиот свет. Покрај употребата на месото, кокошката несе јајца, кои исто така се потребни во кујната, а има и меко и вкусно месо. Поради овие одлични особини е употребувана скоро во секоја кујна.




Коментари:

Логирајте се да можете да внесувате ваши коментари за рецептите.
Калкулатор на калории
Возраст  години
Пол  машки   женски
Висина  см
Тежина  кг
Интервали на тренинг