Пита со јаболка и моркови
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 50 грама Шеќер во прав
- 300 грама Шеќер
- малку   Цимет
- 1 кесичка/ки Прашак за печиво
- 200 грама Моркови
- 200 милилитри Млеко
- 50 милилитри Маслиново масло
- 400 грама Брашно
- 4   Јаболка
- 2   Јајца/це
- Време за подготовка: 15 мин.
- Време за готвење: 40 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Јаболкото е познато и како "чистач" на крвта, затоа што го намалува нивото на холестеролот, ги зајакнува сите мускули, а посебно мускулите на срцето. Многу е богато со витамините А, Б и Ц, кои ја зголемуваат одбрамбената способност на организмот, а семките од јаболкото, се многу корисни затоа што изобилуваат со јод. Сокот од јаболкото, е одличен напиток за децата, како и за мајките, со тоа што го помагаат лачењето на мајчиното млеко.
ПОДГОТОВКА:
Изматете ја белката во цврст снег.
Жолчките изматете ги со шеќерот, па додадете го маслото и млекото, измешајте, додадете го брашното, па убаво изматете.
Во таа смеса додадете го и прашокот за печиво, повторно промешајте, па ставајте ја изматената белка лажичка по лажичка со постојано мешање.
На подмачкан и побрашнет плех сипете половина од смесата и печете во веќе загреана рерна додека убаво не пожолти.
Потоа, од рерната извадете го добиениот бисквит и посипете го со исцедената мешавина од моркови и јаболка, па прелијте со другата половина тесто.
Вратете во рерна и печете на умерена температура уште 15-20 минути.
Кога питата ќе биде печена, извадете ја од рерната, оставете ја да се олади, посипете ја со шеќер во прав, па послужете.
Зачувај во својата кутија
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.
Слични рецепти:
|
Бифтек Карпачо Бифтек Карпачо |
|
Пиперки полнети со урда Пиперка (Capsicum annum) Постојат многу голем број на рецепти во кои се користат пиперките. Карактеристично за нашите простори се мирисот на печени пиперки при припремање на ајварот. Пиперката е традиционален зеленчук и како таков се наоѓа во безброј рецепти. Едно од полесните јадења се пиперките полнети со урда. |
|
Гратениран спанаќ Калоричната вредност на спанаќот не е голема, односно таа изнесува 22 kcal во 100 грама спанаќ, затоа што има во себе содржи малку белковини, јагленохидрати и масти. Тоа го вбројува во редот на продукти кои може обилно да се користат без штетни последици. Но, поради присуството на оксалната киселина не смеат да го консумираат бубрежно болните лица. |
|
|
Летна манџа со модар домат Ова јадење е една од варијантите на подготвување на летните манџи. Покрај легендарните пиперки овој рецепт содржи и модри патлиџани кои даваат посебен вкус. |
|
Џем од јагоди Јагодите припаѓаат на родот ружи. Цветот има бела боја, а плодот темно црвена боја. Една од најпознатите култивирани видови е ананас јагодата, која има крупни плодови и слатко-кисел вкус. Шумската јагода е помала од култивиранта, но има поизразена боја и арома. Во текот на денот, препорачани се од два до четири оброка овошје. Како единица оброк се земаат седум јагоди со средна големина, што приближно изнесува 150 грама. Енергетската вредност по единица оброк е 50 kcal. |
|
Палента со спанаќ и сирење Палента со спанаќ и сирење |
|
Класичен чипс Класичен чипс |
|
Сарма од лозови листови Сарма од лозови листови |
|
Палачинки од компири Компирот е повеќегодишно зелјесто растение, од животната форма геофити - поседува подземно стебло (тубер, од каде и потекнува латинскиот назив) од типот кртоли. Бојата на цветот варира од бела до розова и виолетова, со силно жолто обоени прашници. Одгледуваните вариетети главно се бесполни (без цветови или со стерилни цветови). Опрашувањето во повеќето случаи е надворешно (инсекти, ветер), но постојат податоци за самоопрашување/самооплодување. Сите вариетети на компирот можат вегетативно да се размножуваат со кртоли. Плод на фертилните вариетети се бобинките кои потсетуваат на малите зелени плодови на доматот. Често кртолите се нарекуваат плодови на компирот, но тоа ботанички е неисправно. Во плодот може да се најдат и до 300 парчиња од семето. Компирот е една од поважните намирници во човековата исхрана, а бил многу значаен во искоренувањето на гладта во Европа. Во исхраната на човекот се употребува варен и печен, додека суров е благо отровен. Со индустриска постапка од компирот се добива скроб, а со сечење на компирот на тенки листови, потоа со отстранување на скробот и пржење во врело масло се добива чипс. Компирот го напаѓа инсектот компирова златица која може да биде погубна за родот. |
|
Крем од краставица Сто грама краставици даваат само околу 10 калории, па е мошне важен зеленчук во сите диети. Содржат значителни количества на витамините А и Б. Од минералите најмногу има магнезиум и железо, а нешто помалку калциум и фосфор, што е важно за развојот на забите кај децата. За јадење треба да се избираат плодови кои не се зрели. Младите плодови може да се користат без лупење, т. е. да се сечат со кората, бидејќи тогаш имаат значително повеќе витамин Ц. |