Пита со млад лук и сирење
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 500 грама Тенки кори
- малку   Сол
- 400 грама Сирење
- 1   Прашак за пециво
- 300 милилитри Млеко
- 100 милилитри Масло
- 30 грама Лук
- 200 грама Кисела павлака
- 4   Јајца/це
- Време за подготовка: 15 мин.
- Време за готвење: 30 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Во далечната 1940 година доктор Артул Штол констатирал дека лукот има антибиотски и бактерицидни ефекти. Таа лековита моќ ја препишал на алинот - амо-киселина која содржи сулфур, а сулфурот е присутен во лукот.
И научникот Честер Џ. Кавалито во 1944 година констатирал дека алицинот има антибиотички својства. Постојат и такви докази утврдени врз основа на сигурни тестови кои покажуваат дека лукот е помоќен од пеницилинот.
ПОДГОТОВКА:
Во еден длабок сад изгмечете го сирењето, додадете 2 јајца и исцедениот лук, па сè добро измешајте и посолете по вкус.
Земете една кора па исечете ја на 4 квадрати, од кои три квадтрати премачкајте ги со малку масло и редете ги една на друга, но така да не им се преклопувуваат ивиците, врз третата кора ставете една лажичка од подготвениот фил, па ставете ја четвртата кора.
Тоа повторувајте го со сите кори.
Во премачкан плех редете ги питите завртени надоле.
Изматете 2 јајца, прашак за пециво, млеко и павлака, па со оваа смеса прелијте преку питите и ставете да се пече на 200 степени додека не порумени.
Зачувај во својата кутија
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.
Слични рецепти:
|
Леб со маслиново масло Благотворно и тераписко делување на маслиновото масло се спомнувало уште во времето на Хипократ – таткото на медицината. Со векови жителите на медитеранот ја користеле состојката на маслиновото масло во разни видови на еликсири, козметики и што уште не. Маслиновото масло влегува во редот на најстарите тајни на кујната. Староримската филозофија на долговечноста спомнува две клучни нутритивни намирници: вино и маслиново масло. Маслиновото масло го задржува целиот свој квалитет заради начинот на кој се произведува. Најздраво е секако тоа маслиново масло кое се произведува и рафинира на природен начин, односно со филтрирање на маслинки. Нутриционистички гледано, маслиновото масло произведено на овој начин е храна богата со хлорофил и картонодим кои служат како природни антиоксиданси и спречуваат настанување на масни наслаги. Антиоксидансното дејство на маслиновото масло е толку добро благодарение на витаминот Е, кој овде се наоѓа во најдобар облик. |
|
|
Бејгли Бејгли |
|
Долги кофлички Долги кофлички |
|
Банички со спанаќ
Спанаќот во целиот свет се покажа како едно од најприспособливите растенија. Привлекува со својот добар вкус, а се користи во салати, во многу јадења. |
|
Комисброт со белки Протеините во јајцето главно се содржарт во белката, додека жолчаката ги содржи витамините А, Д и Е, масти и холестерол. Јајцата што ние најчесто ги јадеме не се оплодени. Јајцето содржи околу шест грама протеини и други важни хранливи состојки, но и 212 милиграми холестерол. Со оглед на тоа што се препорачува консумација на на 300 милиграми холестерол дневно, високата содржина на оваа состојка би спречило многу луѓе да јадат јајца. Но, треба да се истакне дека по едно јајце дневно нема драстично да ја зголеми содржината на холестерол во крвта и да ги зголеми нивоата на маснотии. Тоа е навистина добра вест, ако се знае дека јајцето содржи многу други важни хранливи материи како холин (есенцијален за добар вид), селен (неопходен за силен имунитет), витамин А (го поттикнува растот на клетките), витамин Е (антиоксиданс) и лутеин (кој го подобрува видот). |
|
Попара пита Маслината или маслинка, Olea europea, е мало дрво од фамилијата Oleaceae. Потекнува од источните делови на Медитеранот, како и од северен Иран (брегот на Касписко Море). Од нејзините плодови се прави маслиново масло. |
|
Пита со модар домат Пита со модар домат. |
|
Ролни со колбаси Се смета дека првите колбаси датираат уште од 3000 години пред н.е. а биле направени од Шумерите кои живееле на територијата на денешен Ирак. За Китејските традиционални колбаси "Лачанг", кои биле подготвувани од козјо и јагнешко месо, се спомнува околу 589 година пред н.е. Денес се консумираат во целиот свет. исто така, денес постојат и најразлични начини на припремање на најразлични видови на колбаси. Само во Германија постојат повеќе од 1000 видови колбаси. |
|
Лепињи Одлична замена за нашиот секојдневен леб |
|
Соленки со квасец Соленки со квасец |