Пита со шампињони и пилешко
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 500 грама Шампињони
- малку   Црн бибер
- 1 мала лажица Црвен пипер
- 500 грама Тенки кори
- 200 милилитри Суво бело вино
- малку   Сол
- 500 грама Пилешко
- 200 милилитри Минерална вода
- 1 чешниња Лук
- 1 главица/и Кромид/а
- 600 грама Кисела павлака
- 20 грама Брашно
- 200 грама Блага павлака
- 4   Јајца/це
- Време за подготовка: 40 мин.
- Време за готвење: 80 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Пилешкото месо е лесно сварливо, со висока биолошка вредност и диетска намена.
Може да се подготвува на многу начини, од што зависи нутритивната вредност на оброкот. Пилешкото месо содржи протеини во оптимална количина, а на организмот му обезбедува речиси половина од дневната потреба.
Енергетската вредност зависи видот на пилешкото месо и начинот на подготвока, а вообичаено изнесува 220 калории во 100 грама. Пилешкото месо е одличен извор на витамини и минерали: витамин Б6, фосфор, цинк и селен, Б2, Б12, железо, магнезиум и Б1.
ПОДГОТОВКА:
Кога и тие малку ќе се продинстаат, додадете го ситно исецканиот лук, па залејте со виното.
Оставете на оган 10-ина минути, додека виното не испари, па додадете 200 гр. павлака, промешајте со брашно, оставете 1-2 минути, па изгаснете го огнот.
Во друг сад на малку масло продинстајте го меленото пилешко месо, посолете, додадете црвен пипер, па оставете нека се динста десетина минути.
Изгаснете го огнот и кога ќе се олади додадете 400 гр. кисела павлака измешана со едно јајце.
Во намастена тепсија со масло, ставете две кори, премачкајте со масло, ставете уште една кора, па ставете пола од смесата со шампињони, прекријте со кора, премачкајте со масло, ставете уште една кора, па смесата од пилешко.
Прекријте повторно со кора, премачкајте со масло, ставете повторно кора и на неа другата половина од смесата од шампињони.
Прекријте со две кори, питата исечете ја на квадрати, па прелијте ја со мешавина од 3 јајца, 400 гр. кисела павлака и минералната вода.
Печете 45 минути на 200 степени.
Зачувај во својата кутија
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.
Слични рецепти:
|
Крем канелони со пилешко Вистинско гурманско јадење, одлично за фамилијарен ручек. |
|
Пилешки стапчиња со сос од сенф и мед Пилешки стапчиња со сос од сенф и мед |
|
Пилешко на шпански начин Кокошката, одамна е распространета во целиот свет. Се претпоставува дека денешната домашна кокошка потекнува од кокошката Gallus Bankive, која пак потекнува од Малезија, Индија и Кина, но денес тој вид на кокошки живеат во природа. Прво се распространиле во Азија, Африка и Европа, а денес е распространета во целиот свет. Покрај употребата на месото, кокошката несе јајца, кои исто така се потребни во кујната, а има и меко и вкусно месо. Поради овие одлични особини е употребувана скоро во секоја кујна. |
|
Триаголници со пилешко Денес имаме голема побарувачка за пилешко месо, а тоа е едно од најупотребуваните меса во нашата секојдневна исхрана. Исто така, денес одгледувачите ги осовременија начините и брзината на одгледување. Врз квалитетот на пилешкото месо можат да влијаат многу фактори, како што се расата, условите за одгледување и исхраната. Исто така и обработувањето на месото многу влијае врз квалитетот. Пилешките гради се многу сочно и меко месо. Може да се пржи цело, или да се исече на помали парчиња. |
|
Ражничи со сирење и сланина Ражничи со сирење и сланина |
|
Пилешко со ананас Во основата на пирамидата на здравата исхрана, пилешкото месо припаѓа во групата со преостанатите видови на месо (риба, јајца и млечни производи). Пилешкото месо е лесно сварливо, со висока биолошка вредност и диетска намена. Може да се подготвува на многу начини, од што зависи нутритивната вредност на оброкот. Пилешкото месо содржи протеини во оптимална количина, а на организмот му обезбедува речиси половина од дневната потреба. |
|
Пилешко во сланина Пилешко во сланина |
|
Пилешки мафини Пилешки мафини |
|
Месо од мисирка со праз Месо од мисирка со праз |
|
Пилешка шницла во бешамел-сос Пилешка шницла во бешамел-сос |