Нутрициона Листа за рецептот

Калории 617 kcal
Шеќери 4 g
Масти 116 g
Јаглехидрати 67 g
Протеини 22 g

Нутриционата листа е пресметана според количината на намирниците употребени за приготвување на рецептот.

Се однесува на целата количина од рецептот.

Филтер на јадења

  • Време на готвење:
    • Одбери Категорија

      Детска
      Ладни Предјадења
      Месо | Сувомеснати
      Топли Предјадења
      Национални
      Супи | Чорби
      Салати
      Тестенини | Печива
      Вегетаријанско
      Риба | Морска
      Посна
      Коктели | Пијалоци
      Десерти
      Сезонски

      Одбери Време:

      помалку од 30 минути
      од 30 - 60 минути
      од 1 до 2 часа
      повеќе од 2 часа
  • Број на калории:
    • Одбери број на калории:

      помалку од 500
      500 - 1000 калории
      1000 - 1500 калории
      повеќе од 1500 калории

Сподели

Похован кромид

Похован кромид
Објавено: 09/11/2010 год.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 30 грама Пченкарно брашно
  • 50 грама Презла
  • 100 милилитри Млеко
  • 100 милилитри Масло
  • 50 грама Брашно
  • 3 главица/и Кромид/а
  • 1   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Кромидот претставува вистински склад на витамин Ц и фолна киселина, а потоа за калиум, калциум и фосфор.

Познато е и дека кромидот помага во намалување на зголемениот холестерол, па заради тоа често се препорачува за одржување на здравјето на срцето и крвните садови. Уште од дамнешни времиња е познат и признат како антибиотик и антиретик - благодарение на витаминот Ц и кверцетинот. Заради тоа, многу луѓе редовно го користат.

ПОДГОТОВКА:

Кромидот исчистете го и исечете на кругови со дебелина околу 1 см.

Вадете по 2 круга споени, па оставете ги да отстојат 15-ина минути во млеко (ако е многу лут), а потоа валкајте ги во брашно, јајца, презла, пченкарно брашно, па пржете ги на масло, потоа ставајте ги на кујнска хартија да за да се впие непотребната маснотија и служете ги со сос по желба.
 
x

Зачувај во својата кутија


Логирајте се да можете да го оценувате рецептот.
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.

Слични рецепти:

Полнети суви пиперки со грав Полнети суви пиперки со грав

Гравот е една од најзастапените легоминози во целиот свет, таму каде што климатските услуви го дозволуват неговиот опстанок. Тоа не е случајно со оглед на неговата висока енергетска вредност, а освен тоа тој е и извор на растителните протеини 23-35% и јаглени хидрати 47%. Гравот е и значаен извор на калиум, калциум и магнезиум. Современата наука за здрава исхрана се залага за негова почеста употреба во исхраната. Се препорачува барем еден од легаминозите: грав, леќа, грашок или соја како главно јадење 2 до 3 пати седмично. Причината е едноставна – тие не содржат ниту масти, ниту холестерол, а тоа значи подобро здравје и заштита од артериосклероза за сите нејзини импликации.

Обланда со месо Обланда со месо

Голема благодарност до Лиле Банова од Битола за овој рецепт. Потеклото на обландите е од Босна. Денес обландите се типичен балкански рецепт, кој најчесто се подготвува со сладок фил (чоколадо, локум), но и на ваков начин со мелено месо.

Крем од краставица Крем од краставица

Сто грама краставици даваат само околу 10 калории, па е мошне важен зеленчук во сите диети. Содржат значителни количества на витамините А и Б. Од минералите најмногу има магнезиум и железо, а нешто помалку калциум и фосфор, што е важно за развојот на забите кај децата. За јадење треба да се избираат плодови кои не се зрели. Младите плодови може да се користат без лупење, т. е. да се сечат со кората, бидејќи тогаш имаат значително повеќе витамин Ц.

Ролат со колбаси и сланина Ролат со колбаси и сланина

Ролат со колбаси и сланина

Виткана пита со спанаќ Виткана пита со спанаќ

Спанаќот е едногодишна или двогодишна билка со сочни зелени листови и со цветови во вид на клас, со хлорофил најбогат зеленчук. Поради големото присуство на минерали и витамини, спанаќот го нарекуваат и како "крал на зеленчукот".

Домашен кечап Домашен кечап

Доматот води потекло од Средна и Јужна Америка, а во Европа е донесен од страна на Шпанците од Перу во 15 век. Тогаш доматот служел само како украсна билка, а веќе од 19 век започнало неговото користење како храна и од тогаш се помасовно се одгледува и користи. Долго постоеше дилема дали доматот е зеленчук или овошје, додека не стигнало до највисокиот суд во САД во 1887 година, каде судот заклучил дека доматот е зеленчук - "Се јаде како супа или како додаток за супата. Со риба и месо како важен дел на оброкот, а не како десерт". Денес во исхраната најмногу го користат Италијаните и Медитеранските народи.

Чорба со леќа Чорба со леќа

Чорба со леќа

Гулаш Гулаш

Гулаш

Лубенички (колачиња) Лубенички (колачиња)

Лубенички (колачиња)

Палачинки од компири Палачинки од компири

Компирот е повеќегодишно зелјесто растение, од животната форма геофити - поседува подземно стебло (тубер, од каде и потекнува латинскиот назив) од типот кртоли. Бојата на цветот варира од бела до розова и виолетова, со силно жолто обоени прашници. Одгледуваните вариетети главно се бесполни (без цветови или со стерилни цветови). Опрашувањето во повеќето случаи е надворешно (инсекти, ветер), но постојат податоци за самоопрашување/самооплодување. Сите вариетети на компирот можат вегетативно да се размножуваат со кртоли. Плод на фертилните вариетети се бобинките кои потсетуваат на малите зелени плодови на доматот. Често кртолите се нарекуваат плодови на компирот, но тоа ботанички е неисправно. Во плодот може да се најдат и до 300 парчиња од семето. Компирот е една од поважните намирници во човековата исхрана, а бил многу значаен во искоренувањето на гладта во Европа. Во исхраната на човекот се употребува варен и печен, додека суров е благо отровен. Со индустриска постапка од компирот се добива скроб, а со сечење на компирот на тенки листови, потоа со отстранување на скробот и пржење во врело масло се добива чипс. Компирот го напаѓа инсектот компирова златица која може да биде погубна за родот.




Коментари:

Логирајте се да можете да внесувате ваши коментари за рецептите.
Калкулатор на калории
Возраст  години
Пол  машки   женски
Висина  см
Тежина  кг
Интервали на тренинг