Нутрициона Листа за рецептот

Калории 1286 kcal
Шеќери 11 g
Масти 85 g
Јаглехидрати 49 g
Протеини 85 g

Нутриционата листа е пресметана според количината на намирниците употребени за приготвување на рецептот.

Се однесува на целата количина од рецептот.

Филтер на јадења

  • Време на готвење:
    • Одбери Категорија

      Детска
      Ладни Предјадења
      Месо | Сувомеснати
      Топли Предјадења
      Национални
      Супи | Чорби
      Салати
      Тестенини | Печива
      Вегетаријанско
      Риба | Морска
      Посна
      Коктели | Пијалоци
      Десерти
      Сезонски

      Одбери Време:

      помалку од 30 минути
      од 30 - 60 минути
      од 1 до 2 часа
      повеќе од 2 часа
  • Број на калории:
    • Одбери број на калории:

      помалку од 500
      500 - 1000 калории
      1000 - 1500 калории
      повеќе од 1500 калории

Сподели

Полнети суви пиперки со грав

Полнети суви пиперки со грав
Објавено: 20/10/2010 год.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 200 грама Сланина
  • 12   Пиперка/ки
  • 50 грама Моркови
  • малку   Магдонос
  • 2 чешниња Лук
  • 3 главица/и Кромид/а
  • 500 грама Грав
  • малку   Црн бибер


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Гравот е една од најзастапените легоминози во целиот свет, таму каде што климатските услуви го дозволуват неговиот опстанок. Тоа не е случајно со оглед на неговата висока енергетска вредност, а освен тоа тој е и извор на растителните протеини 23-35% и јаглени хидрати 47%.

Гравот е и значаен извор на калиум, калциум и магнезиум. Современата наука за здрава исхрана се залага за негова почеста употреба во исхраната.

Се препорачува барем еден од легаминозите: грав, леќа, грашок или соја како главно јадење 2 до 3 пати седмично. Причината е едноставна – тие не содржат ниту масти, ниту холестерол, а тоа значи подобро здравје и заштита од артериосклероза за сите нејзини импликации.

ПОДГОТОВКА:

Гравот потопете го во ладна вода.

Утредента измијте го, исцедете го, па ставете го во подлабок сад заедно со ситно исецканиот кромид, ренданиот морков, сецканата сланина и лукот, па зачинете со сол и бибер, налејте вода колку да накисне, поклопете и варете ги на умерена температура додека гравот не биде 80% варен. т.е. додека не зоврие целата течност.

Во меѓувреме, додека гравот се вари, пиперките потопете ги во врела вода.

Кога гравот ќе се свари, оставете малку да се олади, па полнете ги исцедените пиперки.

Округла тепсија премачкајте ја со малку масло.

Филот кој ќе ви остане од полнењето, рамномерно распоредете го по дното на тепсијата, па преку него наредете ги полнететите пиперки.

Ставете ги во рерна загреана на 220 степени и печете околу 30 минути. 
x

Зачувај во својата кутија


Логирајте се да можете да го оценувате рецептот.
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.

Слични рецепти:

Похован кромид Похован кромид

Кромидот претставува вистински склад на витамин Ц и фолна киселина, а потоа за калиум, калциум и фосфор. Познато е и дека кромидот помага во намалување на зголемениот холестерол, па заради тоа често се препорачува за одржување на здравјето на срцето и крвните садови. Уште од дамнешни времиња е познат и признат како антибиотик и антиретик - благодарение на витаминот Ц и кверцетинот. Заради тоа, многу луѓе редовно го користат.

Зелник со зеље Зелник со зеље

Зелник со зеље

Слатко од грозје Слатко од грозје

Со помош многу истражувања е потврдено дека консумирањето цна рно грозје и производите од ова овошје, го намалува нивото на маснотиите во крвта и спречува затнување на крвните садови и настанување на тромбоза. Екстрактот во семките на грозјето делува антиоксидансно, односно спречува оксидација на мастите, оштетување и затнување на крвните ќелии. Поради сите овие својства грозјето може да биде од голема помош, во превенција од настанување и развој на срцевите болести и артеросклероза.

Лиснати кифли Лиснати кифли

Легендата вели дека кога отоманските Турци упаднале во унгарски град, локалните пекари кои ја почнале својата работа во почетокот на денот, помогнале во алармирањето на војската, а со самото тоа помогнале во пораз на непријателската инвазија. За да ја симболизираат нивните победа, пекарите своите кифли ги правеле во знакот на турската полумесечина. Зборот kifli прв пат е употребен во 1785 и е со австриско - германско потекло, каде се нарекува Kipfel.

Пита со јаболка и моркови Пита со јаболка и моркови

Јаболкото е познато и како "чистач" на крвта, затоа што го намалува нивото на холестеролот, ги зајакнува сите мускули, а посебно мускулите на срцето. Многу е богато со витамините А, Б и Ц, кои ја зголемуваат одбрамбената способност на организмот, а семките од јаболкото, се многу корисни затоа што изобилуваат со јод. Сокот од јаболкото, е одличен напиток за децата, како и за мајките, со тоа што го помагаат лачењето на мајчиното млеко.

Кајгана со ајвар Кајгана со ајвар

Ајварот е еден од највкусните специјалитети и најголемите тајни на балканската кујна, и веројатно води потекло од Македонија. Најдобриот ајвар се произведува во домаќинствата, затоа што само преку внимателна рачна работа може да се постигне целосно отстранување на лушпата и семето од пиперката што го гарантира чистиот вкус на ајварот. Тој е редовен и постојан дел од зимницата затоа што најлесно се конзервира и најдолго може да опстои во зимскиот период од годината.

Потаж од моркови Потаж од моркови

Најважната состојка на морковите е каротинот што во 100 грама го има пет пати повеќе од дневната потреба на возрасен човек. Покрај каротинот, морковите содржат витамин Е, помалку витамин Ц и витамините Б1, Б2 и Б6. Од минералите најмногу има калиум и калциум, потоа фосфор, магнезиум и железо. Калциумот од морковите лесно се апсорбира, што е важно како превентива против остеопорозата.

Мрзлива баница Мрзлива баница

Мрзлива баница

Летна тава Летна тава

За подготвување се користат летни зеленчуци. Понекогаш, ако немате некоја од состојките наведени во рецептот, можете да ја изоставите, немојте веднаш само за тоа да одите на пазар. Во овој рецепт можете лесно да го вметнете некој друг зеленчук како тиквичка, целер. Може да ги менувате и количествата на состојките и да правите комбинации според она што го имате дома, и секако ова јадење да го прилагодите според вашиот вкус и вкусот на вашето семејство. Летната тава е богата со минерали, витамини, има доволно количество протеини и малку маст. Овој оброк не само што е многу вкусен, туку и убаво изгледа кога ќе ја сервирате.

Вегетаријански гулаш Вегетаријански гулаш

Гулашот или gulyás потекнува од унгарската кујна, а е широко распространет, кој највеќе се подготвува во Централна Европа и Балканските земји. По традиција тој се смета за едноставно домашно јадење. Кај нас тој најчесто се јаде во ресторанти, бидејќи долгото подготввање кое е потребно за ова јадење, го прави непрактичен за едно работно семејство.




Коментари:

Логирајте се да можете да внесувате ваши коментари за рецептите.
Калкулатор на калории
Возраст  години
Пол  машки   женски
Висина  см
Тежина  кг
Интервали на тренинг