Посни полнети суви пиперки
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- малку   Црн бибер
- 50 грама Целер
- малку   Сол
- 50 грама Праз
- 10   Пиперка/ки
- 200 грама Ориз
- 100 грама Моркови
- 50 милилитри Масло
- малку   Магдонос
- 3 чешниња Лук
- 1 ливче/чиња Ловоров лист
- 2 главица/и Кромид/а
- Време за подготовка: 30 мин.
- Време за готвење: 60 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Пиперката влегува во редот на зеленчуци најбогати со витамин Ц, кој не се губи значително и по замрзнувањето и киселеењето.
Зрее од средината на летото до средината на есента.
Според бојата може да биде зелена, жолта и црвена, а според вкусот блага или лута.
Се јаде свежа, се употребува во салати, се пече на скара, а се користи и за полнење и киселење.
Благата сушена и мелена пиперка е основа за многу јадења и додаток за сувомеснати производи.
Лутата е незаменлива во подготвувањето на пикантни јадења.
ПОДГОТОВКА:
Оризот измијте го и оставете го да отстои во малку вода.
На
малку масло, пропржете ги кромидот, лукот, празот и ловоровиот лист, па
додадете го целерот и морковот, зачинете со сол, бибер и магдонос, па
убаво измешајте.
Кога сето тоа убаво ќе го сварите, додадете го оризот
и благо прелијте со вода, намалете ја температурата и оставете да се
вари половина час.
Потоа, тргнете од оганот и оставете да се олади.
Потоа, еден подлабок сад премачкајте го со масло.
Пиперките убаво исцедете ги од
водата во која што стоеа, па полнeте ги со смесата и редете ги во садот.
Подготвените
полнети пиперки налејте ги со 200 гр. вода и печете ги во рерна на 200
степени.
Кога убаво ќе се испечат, извадете ги од рерната, оставете
малку да се оладат, па послужете.
Зачувај во својата кутија
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.
Слични рецепти:
|
Посна боранија Посна боранија |
|
Посен полнет модар домат Модриот домат е голем извор на калиум, содржи 226 милиграми во 100 грама, што овозможува нормална размена на вода помеѓу клетките и ја подобрува работата на срцевиот мускул. Околу 92% од плодот на модриот домат е вода, така што калоричната вредност на 100 грама плод изнесува само 29 калории. Најмногу содржи шеќери, околу 5,5%, а белковини 1,3%. Од витамините вреди да се спомене само витаминот Ц. Од минералните материи, содржи многу калиум, фосфор и калциум, а помалку манган и железо. Сокот од модриот домат може да ги спречи промените во клетките и на тој начин го спречува и создавањето тумори. |
|
Посни ерменски сармички Посни ерменски сармички |
|
Посни полнети пиперки Пиперката влегува во редот на билките најбогати со витамин Ц, кој не се губи значително и по замрзнување и киселеење. Зрее од средината на летото до средината на есента. Според бојата може да биде зелена, жолта и црвена, а според вкусот блага и лута. Се јаде свежа, се употребува во салати, се пече на скара, а се користи и за полнење и киселење. |
|
Посен подварок Зелката може да се користи свежа, а додека пак скиселената е основа на многубројни специјалитети. Свежа најчесто се подготвува како салата, но може да се вари, да се пржи и да се користи во јадења што се печат. Денешната постапка за киселеење зелка, преку зимата била единствен извор на витамин Ц. Чаша расолница наутро може да послужи против мамурлук. Се подготвува во комбинација со друг зеленчук, со месо, ориз и тестенини. Вкусот е подобар ако за време на готвењето се додаде исечено јаболко. Од кисела зелка во Македонија традиционално се подготвува сарма, без која не може да се замисли прославата на новогодишните празници. |