Нутрициона Листа за рецептот

Калории 3686 kcal
Шеќери 74 g
Масти 260 g
Јаглехидрати 186 g
Протеини 143 g

Нутриционата листа е пресметана според количината на намирниците употребени за приготвување на рецептот.

Се однесува на целата количина од рецептот.

Филтер на јадења

  • Време на готвење:
    • Одбери Категорија

      Детска
      Ладни Предјадења
      Месо | Сувомеснати
      Топли Предјадења
      Национални
      Супи | Чорби
      Салати
      Тестенини | Печива
      Вегетаријанско
      Риба | Морска
      Посна
      Коктели | Пијалоци
      Десерти
      Сезонски

      Одбери Време:

      помалку од 30 минути
      од 30 - 60 минути
      од 1 до 2 часа
      повеќе од 2 часа
  • Број на калории:
    • Одбери број на калории:

      помалку од 500
      500 - 1000 калории
      1000 - 1500 калории
      повеќе од 1500 калории

Сподели

Принцес крофни

Принцес крофни
Објавено: 28/09/2010 год.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 12   Шекер лажичка/ки
  • 1000 милилитри Млеко
  • 150 грама Маргарин
  • 250 милилитри Вода
  • 2   Ванила пудинг/а
  • 150 грама Брашно
  • 12   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Во светот постојат различни варијанти на рецепт за крофни, но сепак основата е иста, а вообичаено се посипуваат со шеќер во прав или лажичка мармалад.

Берлинската крофна се прави со пржење во длабоко масло и најчесто се полнети со џем од сливи, а додека во Аврстрија најчесто се сретннуваат крофни полнети со џем од кајсии.

Според обликот, постојат крофни со облик на топки и полукрожни топку.

Крофна на други јазици:

Германски: Berliner (на север), Kreppel (во средна Германија), Krapfen (на југ), Pfannkuchen (во Берлин и околини), Berliner Ballen (во Руската област на Германија)
Англиски: Doughnut
Полски: Pączek
Словенски: Krof
Шпански: Dónut

ПОДГОТОВКА:

Ставете го маргаринот во ладна вода, потоа на рингла, а веднаш штом проврие додадете го брашното и силно матете ги со жица за се убаво да се соедини и да нема тврди топчиња.

Оставете да се олади, па додадете 6 јајца едно по едно и матете со миксер.

Со помош на кеса за шлаг истискајте крофни, ставајте ги на хартија за печење (со која сте обложиле плех) но правете простор помеѓу нив, бидејќи нараснуваат при печењето.

Рерната загрејте ја на 220 степени па печете ги 7 минути, а потоа намалете на 200 степени и печете ги уште 13 минути.

Не отворајте ја рерната за време на печењето.

Готовите крофни оставете ги да се оладат, па пресечете ги на пола и полнете ги со фил.

Од оваа мера би требало да направите 40 крофни.

Ставете да се свари 900 мл. млеко.

Изматете 6 јајца, шеќерот и прашокот за пудинг во 100 мл. млеко, па полека сипајте мешајќи во свареното млеко и варете додека не се згусне.

Оладете го филот, па полнете ги крофните. Одозгора посипете ги со шеќер во прав или топено чоколадо.
 
x

Зачувај во својата кутија


Логирајте се да можете да го оценувате рецептот.
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.

Слични рецепти:

Карамел купови со ореви и бадеми Карамел купови со ореви и бадеми

Карамел купови со ореви и бадеми.

Кекси од овесни снегулки Кекси од овесни снегулки

Со употреба на овесот како дел од вашата редовна исхрана, организмот ќе ги добива потребните материи за нормално функционирање. Овесното зрно содржи еднаков процент на нерастворливи и растворливи растителни влакна. Зрното има и 18 процентио протеини кои се богати со незаменливи киселини, витамини од групата Б, маснла, скроб и други активни материи. Во народната медицина, чајот од овесно зрно со мед се користи како одлично средство прорив изнемоштеност. Овесот се препорачува за зајакнување на организмот, така што се користи при појава на анемија или старечка изнемоштеност.

Штрудла со цреши Штрудла со цреши

Заради високата концентрација на калиум црешите се добар диуретик. Нискиот гликемиски состав ги прави одлични за исхраната на дијабетичарите. Богати се со флавоноиди, од кои најзастапени се: антоцијани и кварцетин. Овие материи делуваат превентивно при срцеви болести, а повеќе ги содржат темните цреши. Од витамините во црешите најзастапен е витамините Б комплекс, витаминот Ц и бета каротинот. Од минерали, освен калиум, содржи бакар, железо и магнезиум. Органските киселина кои ги содржи црешата, даваат пријатен и освежителен вкус.

Медени триаголници Медени триаголници

Медот е густа, слатка, сирупова материја, а е производ на пчелите, кој се добива со собирање на овошни и други сокови, преработени во желудникот на пчелата. По дефиниција медот е чиста супстанција, која не е помешана со ниедна друга супстанција. Нутрициони вредности на медот во 100 гр. - Енергетска вредност 1270 кЈ - Белковини 0.27 гр. - Јаглени хидрати 81.0 гр. - Масти 0.0 гр. - Холестерол 0.0 гр. 1 килограм мед има иста хранливост колку и: 50 кокошкини јајца, 3 кг. риба, 1 кг шунка, 2,5 кг телешко месо, 6 кг. порокали и 10-12 кг. зеленчук.

Кох од кајсии Кох од кајсии

Кајсија (Prunus armeniaca) е со потекло од северна Кина и Киргистан, но долго време се сметало дека е со потекло од Ерменија, па некаде дури и се нарекува Ерменска слива. Припаѓа на листопадните дрва, со големина од 8 до 12 метри, а листовите се во облик на срце со големина од неколку сантиметри.

Пита Унгарка Пита Унгарка

Пита Унгарка

Фламбирни банани Фламбирни банани

Банана е име за еден вид на овошје и на тревни растенија од родот Musa кои го произведуваат ова најчесто јадено овошје. Тие потекнуваат од тропските регионот на Југоисточна Азија. Денес тие се одгледуваат во тропски предели. Бананата е растение од семејството Musaceae. Тие првобитно биле одгледувани само за нивните плодови и во помала мера за производство на нивните конци и како украсни растенија. Како растение бананите се високи и обично прилично цврсти. Најчесто се сметаат за дрва, но нивното главно исправено стебло е всушност квазистебло.

Ролат од лешник и кокос Ролат од лешник и кокос

Со потекло од Азија, лешникот бил познат како симбол на среќа. Подоцна се одомаќинува на медитеранот, а највеќе се раширил во Турција, Шпанија, Франција и Италија. Лешникот припаѓа на семејсуво овошје. Плодот му богат со незаситени масти, киселини, протеини, витамини и минерални соли, има и енергетски својства.

Сусам ролат Сусам ролат

Сусам ролат.

Куглов од банани, кокос и чоколадо Куглов од банани, кокос и чоколадо

Бананата потекнува од тропските регионот на Југоисточна Азија. Денес тие се одгледуваат во тропските предели. Бананата е растение од семејството Musaceae. Тие првобитно биле одгледувани само за нивните плодови, а во помала мера за производство на нивните конци и како украсни растенија. Како растение бананите се високи и обично прилично цврсти. Најчесто се сметаат за дрва, но нивното главно исправено стебло е всушност квазистебло.




Коментари:

Логирајте се да можете да внесувате ваши коментари за рецептите.
Калкулатор на калории
Возраст  години
Пол  машки   женски
Висина  см
Тежина  кг
Интервали на тренинг