Нутрициона Листа за рецептот

Калории 1895 kcal
Шеќери 17 g
Масти 236 g
Јаглехидрати 163 g
Протеини 63 g

Нутриционата листа е пресметана според количината на намирниците употребени за приготвување на рецептот.

Се однесува на целата количина од рецептот.

Филтер на јадења

  • Време на готвење:
    • Одбери Категорија

      Детска
      Ладни Предјадења
      Месо | Сувомеснати
      Топли Предјадења
      Национални
      Супи | Чорби
      Салати
      Тестенини | Печива
      Вегетаријанско
      Риба | Морска
      Посна
      Коктели | Пијалоци
      Десерти
      Сезонски

      Одбери Време:

      помалку од 30 минути
      од 30 - 60 минути
      од 1 до 2 часа
      повеќе од 2 часа
  • Број на калории:
    • Одбери број на калории:

      помалку од 500
      500 - 1000 калории
      1000 - 1500 калории
      повеќе од 1500 калории

Сподели

Проја со спанаќ

Проја со спанаќ
Објавено: 21/09/2010 год.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 30 грама Сусам
  • 250 грама Спанаќ
  • малку   Сол
  • 180 грама Пченкарно брашно
  • 1 кесичка/ки Прашак за печиво
  • 100 милилитри Млеко
  • 150 милилитри Масло
  • 200 грама Кисела павлака
  • 180 грама Брашно
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Само во 100 грама спанаќ има околу 1400 милиграми минерални состојки. Нема друг продукт кој може да се мери со спанаќот по богатството на магнезиум - 56 милиграми. Има малку билки кои во себе имаат повеќе железо од спанаќот, а исклучително е богат и со калиум, калциум, натриум, фосфор, манган, бакар, цинк, јод и колбалт. Исто така, спанаќот е богат со витамини, особено со витамин Ц - 60 милиграми, а ги содржи во значителен процент и сите витамини од групата Б. Присуството на каротин од 4.1 милиграм го обезбедува толку драгоцениот провитамин А.

Калоричната вредност на спанаќот не е голема - 22 kcal, затоа што има во себе малку белковини, јагленохидрати и масти. Тоа го вбројува во редот на продукти кои може обилно да се користат без штетни последици. Но, поради присуството на оксалната киселина не смеат да го земаат бубрежно болните лица.

ПОДГОТОВКА:

Сварениот спанаќ исецкајте го ситно.

Изматете ги јајцата, па долевајте масло, млеко, павлака, и посолете по вкус.

Брашното помешајте го со пченкарното брашно и прашокот за пециво, па додавајте лажичка по лажичка во јајцето и матете цело време со миксер додека сè убаво не се соедини.

Потоа ставете го спанаќот и промешајте го полека со вилушка.

Во тепсија или калапи за проја, ставаете хартија за печење или добро премачкајте го со маргарин и посипете со брашно, па сипајте ја смесата, посипете со сусам и печете на 200 степени додека не зарумени, околу 25 минути.
 
x

Зачувај во својата кутија


Логирајте се да можете да го оценувате рецептот.
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.

Слични рецепти:

Куглоф од компири со спанаќ Куглоф од компири со спанаќ

Куглоф од компири со спанаќ

Потпечен млад компир Потпечен млад компир

Денес скоро сите консумираат индустриски процесирана верзија на белит компир. Најдобар пример е помфритот и чипсот, така што со нивната консумација e директно поврзана во врска со здебелувањето, а исто така и со зголемување на разикот од дијабетес. Во меѓувреме слаткиот компир (Ipomoea batatas) најчесто се користи цел, а се смета како храливо многу побогар од својот каталошки сродник белиот компир.

Пудинг од спанаќ Пудинг од спанаќ

Пудинг од спанаќ

Топчиња од ориз Топчиња од ориз

Оризот (латински: Oryza) е втора по значење житна култура (после пченицата) и со него се исхранува голем број од населението во светот. Освен за исхрана, оризот се користи за правење алкохолен пијалок - саке, а со преработка на оризовата слама се добива хартија. Оризот најдобро успева на плодни почви и за него се потребни многу вода и топлина. Главни извозници на ориз се Тајланд, Виетнам и САД. Најголеми приноси на ориз се остваруваат во Јапонија и Јужна Кореја - 6.000 kg на хектар. Во Македонија најголем оризопроизводен регион е кочанскиот, каде оризот е застапен на околу 3.000 хектари (максималната застапеност достигнувала и до 6.000 хектари). Просечниот принос изнесува околу 5.500 кг. од хектар.

Маникоти Маникоти

Маникоти

Пита со зелка и ореви Пита со зелка и ореви

Зелката делува на оној начин што ја зајакнува отпорноста на желудочната слузокожа на напади од киселина. Зелката содржи гефарнат, соединение слично на carbenoxolonu, уште еден поретко користен лек против чир. Всушност, овие состојќи ги поттикнуваат клетките при формирањето тенка бариера како штит од нападите на киселината. Во едно истражување, од Индиски централен институт за истражување на лекови во Лакнова. Исто така при некои лабараториски експерименти заморчиња кои боледувале од чир експертите успеале да ги излекуваат со сок од зелка.

Тиква со њоки и сос од мајчина душица Тиква со њоки и сос од мајчина душица

Тиква со њоки и сос од мајчина душица

Полнети шампињони Полнети шампињони

Во 100 грама сирови шампињони има многу малку калории, а од тоа 3,1% се протеини, 0,3% масти и 3,2 % јаглехидрати. Шампињоните се едни од најбогатите печурки со протеини. Од јаглехидратите кај шампињоните наоѓаме глукан, инулин и пентински материи а потребно е да се напомене дека не содржат ниту сахароза ниту скроб па заради тоа се многу погодни за лица заболени од дијабетес. Од витамините шампињоните се одличен извор на витаминот Д (38% од препорачаното дневно количество), а од витамините на Б комплексот се одличен извор на рибофлавин (31% од препорачаното дневно количество) и ниацин (22,5% од препорачаното дневно количество).

Потпечени компири со печурки и зеленчук Потпечени компири со печурки и зеленчук

Потпечени компири со печурки и зеленчук

Печена банана Печена банана

Бананата е растение од семејството Musaceae. Тие првобитно биле одгледувани само за нивните плодови и во помала мера за производство на нивните конци и како украсни растенија. Како растение бананите се високи и обично прилично цврсти. Најчесто се сметаат за дрва, но нивното главно исправено стебло е всушност квазистебло. Некои видови од ова квазистебло може да достигне висина до 2-8 метри, со листови во должина до 3,5 метри. Секое стебло може да произведе еден куп зелени банани кои кога зрели се претвораат во жолти или понекогаш и црвени. Една сорта неодамна беше откриена во дождовните шуми во Азија, што се претворила во пурпурна. Ова стебло потоа умира и се заменува со друго.




Коментари:

Логирајте се да можете да внесувате ваши коментари за рецептите.
Калкулатор на калории
Возраст  години
Пол  машки   женски
Висина  см
Тежина  кг
Интервали на тренинг