Рататуј
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 1   Тиквичка
- малку   Сол
- малку   Рузмарин
- 2   Пиперка/ки
- 300 грама Модар Домат
- 2 лажица/ци Масло
- 2 лажица/ци Маслиново масло
- малку   Магдонос
- 1   Мајчина душица
- малку   Мајоран
- 2 чешниња Лук
- 150 грама Домат
- 1 главица/и Кромид/а
- малку мала лажица Црн пипер
- Време за подготовка: 10 мин.
- Време за готвење: 30 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Ratatouille е традиционалн француски вегетаријански рецепт, кој потекнува од Ница.
Неговото целосно име е Ratatouille niçoise - што во превод значи измешана разновидна храна.
ПОДГОТОВКА:
Редете во круг во намрсена тава: модер домат, тиквички, црвена пиперка, жолта пиперка и по тој редослед повторувајте ја постапката додека не го потрошите целиот зеленчук.
Попрскајте со маслиново масло.
Во блендер иситнете го излупениот домат на кој сте му ги отстраниле семките, помалата главица кромид, ченињата лук и 2 лажици масло за јадење.
Иситнетата смеса распоредете ја врз зеленчукот во тавата.
Потоа наросете со сушените зачини, посолете, наросете мелен црн пипер, налејте малку вода и печете во загреана рерна 15-20 минути на температура од 220 степени.
Ова време на печење е предвидено за многу тенко исецкан зеленчук.
Доколку зеленчукот е подебело исецкан треба да продолжите со печењето сè додека модриот домат не биде убаво испечен.
Зачувај во својата кутија
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.
Слични рецепти:
|
Потпечени компири со печурки и зеленчук Потпечени компири со печурки и зеленчук |
|
Плескавици од јајца Плескавици од јајца |
|
Погачки со сирење и павлака Нема земја во светот каде што не се прави некој вид на сирење. Сите видови имаат специфичен вкус и се подготвуваат на најразлични начини, но заедничко за сите е млекото, кое може да е кравјо, овчо или козјо. Првите записи за сирењето се најдени во египетските папируси, но се претпоставува дека постапката за правење сирење е откриена пред повеќе од осум илјади години. Уште тогаш, како што се тврди во некои научни истражувања, се забележало дека ако млекото стои подолго време, се претвара во релативно цврста маса, која откако ќе се исцеди течноста од неа и кога ќе се исуши, може да се чува извесно време. На ваков начин на подготвување, сирењето и денес се прави во некои земји во Африка. Се разбира, сирната индустрија од тоа "парсирање" има отидено многу подалеку, па денес се познати четири илјади видови на сирење. |
|
Печени компири со зачини Печени компири со зачини |
|
Ratatouille лазањи Лазањите (итал.lasagne) e карактеристично италијанско јадење, особено застапено во италијанските региони Емилија-Ромања и Марке, односно во целата Централна Италија. Лазањите се јадат низ целиот свет и се еден вид на синоним за италијанската кујна. Лазањите имаат правоаголна или квадратна форма и се употребуваат пред сè за печени јадења во рерна. Најраспространетата рецепта и воедно наједноставна, предвидува како додаток на лазањите сос рагу, бешамел и пармезан. Во поново време е воведена употребата и на сирењето моцарела и многу често, наместо обичните лазањи направени од јајца, се употребуваат лазањи со зелена боја кои се направени со додавање на спанаќ. Исто така мошне распространети се и белите варијанти на лазањи кои како додаток често имаат печурки. Во Тоскана таканаречените lasagne bastarde или lasagne matte („луди лазањи“) од Луниџана, се произведуваат со додавање на брашно од костени покрај тоа од пченица, со различна процентуална застапеност која може да варира од 20% до 60%. Во Северна Италија терминот лазањи исто така може да означува долги и широки (околу 2 cm) правоаголни тестенини направени со јајце и кои треба речиси секогаш да се јадат суви, поретко во чорби. |
|
Проја со спанаќ Само во 100 грама спанаќ има околу 1400 милиграми минерални состојки. Нема друг продукт кој може да се мери со спанаќот по богатството на магнезиум - 56 милиграми. Има малку билки кои во себе имаат повеќе железо од спанаќот, а исклучително е богат и со калиум, калциум, натриум, фосфор, манган, бакар, цинк, јод и колбалт. Исто така, спанаќот е богат со витамини, особено со витамин Ц - 60 милиграми, а ги содржи во значителен процент и сите витамини од групата Б. Присуството на каротин од 4.1 милиграм го обезбедува толку драгоцениот провитамин А. Калоричната вредност на спанаќот не е голема - 22 kcal, затоа што има во себе малку белковини, јагленохидрати и масти. Тоа го вбројува во редот на продукти кои може обилно да се користат без штетни последици. Но, поради присуството на оксалната киселина не смеат да го земаат бубрежно болните лица. |
|
Брокули со сирење Брокули со сирење |
|
Ориз со домати во рерна Ориз со домати во рерна |
|
Проја со тиквички Тиквичките содржат разни нутритиенти, кои го поттикнуваат здравјето на организмот. Високиот удел на вода, ги прави тиквичките идеален продукт за диета, а за потполно искористување ма лековитите својства, се препорачува да се консумираат тиквички со кора. Диеталните влакна, кои генерално се во кората, ги редуцираат високите количества холестерол и го штитат крвниот систем. Лабараториските истражувања, утврдиле дека фитонутрионентите во сокот од тиквичките, имаат антиканцерогени својства, бидејќи го спречуваат мутирањето на клетките. Екстрактите од тиквички ги редуцираат симптомите на бенигната хипертрофија на простатата, а тој ефект се засилува во комбинација со другиот зеленчук. |
|
Печена банана Бананата е растение од семејството Musaceae. Тие првобитно биле одгледувани само за нивните плодови и во помала мера за производство на нивните конци и како украсни растенија. Како растение бананите се високи и обично прилично цврсти. Најчесто се сметаат за дрва, но нивното главно исправено стебло е всушност квазистебло. Некои видови од ова квазистебло може да достигне висина до 2-8 метри, со листови во должина до 3,5 метри. Секое стебло може да произведе еден куп зелени банани кои кога зрели се претвораат во жолти или понекогаш и црвени. Една сорта неодамна беше откриена во дождовните шуми во Азија, што се претворила во пурпурна. Ова стебло потоа умира и се заменува со друго. |