Нутрициона Листа за рецептот

Калории 1085 kcal
Шеќери 34 g
Масти 68 g
Јаглехидрати 84 g
Протеини 37 g

Нутриционата листа е пресметана според количината на намирниците употребени за приготвување на рецептот.

Се однесува на целата количина од рецептот.

Филтер на јадења

  • Време на готвење:
    • Одбери Категорија

      Детска
      Ладни Предјадења
      Месо | Сувомеснати
      Топли Предјадења
      Национални
      Супи | Чорби
      Салати
      Тестенини | Печива
      Вегетаријанско
      Риба | Морска
      Посна
      Коктели | Пијалоци
      Десерти
      Сезонски

      Одбери Време:

      помалку од 30 минути
      од 30 - 60 минути
      од 1 до 2 часа
      повеќе од 2 часа
  • Број на калории:
    • Одбери број на калории:

      помалку од 500
      500 - 1000 калории
      1000 - 1500 калории
      повеќе од 1500 калории

Сподели

Рижото од интегрален ориз и морков и зелка

Рижото од интегрален ориз и морков и зелка
Објавено: 28/10/2010 год.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 милилитри Суво бело вино
  • 15 милилитри Сос од соја
  • малку   Сол
  • 100 грама Праз
  • 80 грама Пармезан
  • 50 грама Моркови
  • 3 лажица/ци Маслиново масло
  • 200 грама Интегрален ориз
  • 50 грама Зелка
  • 200 милилитри Вода
  • малку   Црн бибер


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Кафениот или интегрален ориз има поголема прехрамбена вредност од белиот. Содржи повеќе хранливи материи, 3,5 повеќе магнезиум, 4 пати повеќе витамин Б, 1,5 пати повеќе никотинска киселина и 1,6 пати повеќе фолна киселина од белиот ориз.

ПОДГОТОВКА:

Оризот сварете, па исцедете го.

Празот исецкајте го на ситни кругови.

Морковот и зелката изрендајте ја.

Во една тава ставете 3 лажички масно, па празот, морковот и зелката, па динстајте на тивок оган.

Додадете ги зачините, па оризот, виното и водата.

Варете на умерена температура, додека течноста не испари.

Додадете го пермезанот и убаво измешајте, па послужете.
 
x

Зачувај во својата кутија


Логирајте се да можете да го оценувате рецептот.
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.

Слични рецепти:

Црвено рижото Црвено рижото

Црвено рижото

Рижото со тиквички Рижото со тиквички

Покрај пченицата, оризот е највредната житарка во светот и претставува производ кој речиси нема место на светов каде што не се употребува. Во споредба со останатите житарки, оризот има најголема енергетска вредност. Во 100 грама ориз во просек има 12,6% вода, 0,6 гр. масти и 79,5 гр. јаглени хидрати. Богат е со скроб, а сиромашен е со протеини. Од витамини и минерали содржи: пантотенска киселина, тиамин, витамин Б6, рибофлавин, манган, селен, фосфор, цинк, магнезиум и железо.

Рижото со семки Рижото со семки

Оризот е стар околу 5,000 години, а аз негова колевка се сметаа Индија и Кина, од каде што е пренесен во Сирија и источна Африка. Поголемото одгледување на оризот во Европа започнало во VIII век, иако како благодарение на Александар Македонски е донесен во IV цек п.н.е. Оризот во митологијата на Далечниот исток (Кина, Јапонија) завзема песебно место. Се смета за дар од боговите, односно во некои земји владетелот го сметале за бог на зреењето на оризот. Оризот е производ кој во текот на историјата има нахрането многу луѓе, повеќе од било која земјоделска култура.

Посно рижото Посно рижото

Посно рижото

Рижото со шумски печурки Рижото со шумски печурки

ВРГАЊОТ (Boletus edulis) со сигурност буди најмногу интерес кај љубителите и собирачите на печурки. Има посебен вкус, извонреден квалитет и хранливост. Местото на растење е во мешаните листопадни шуми, почесто и во иглолисните, од почетокот на јуни до крајот на јули и од септември па се до крајот на октомври. Вргањот слободно може да се нарече КРАЛ на печурките. ЛИСИЧАРКА (Cantharellus cibarius) личи на паткина нога, со боја како жолчката од јајцето или малку црвено-жолта во средината. Јадлива печурка со врвен квалитет, и разновидна употреба. Расте во листопадните и во иглолисните шуми , по правило во колонии, поретко поединечно. Времето на растење е во јуни , меѓутоа бара доста дождови кои ако ги нема, може воопшто и да не се појави, или само во мали количини. СМРЧАК (Morchella conica) Во неверојатниот свет на печурките, смрчакот е една од најнеобичните. Има необични фигури и мириси и се појавува на места на кои другите печурки не сакаат или привидно нема од што да живеат- на песок, на изгниени крпи и весници, на опожарени места...Сепак најчесто го наоѓаме низ јасикови шуми, во раната пролет.Смрчакот е особено вкусна, ценета и скапа габа. Сурова не треба да се јаде, бидејќи предизвикува стомачни болки. СОНЧАРКА (СРНДАК)(Macrolepiota procera)овие печурки се препознатливи по својот чадорест изглед, лушпите на шапката и прстенчето во горниот дел од стеблото. Расте по ливади, пасишта, стрништа, шумски чистини, по меѓи, од првата половина на септември , па се до крајот на октомври. Исклучително вкусна печурка , најчесто употребувана во Малешевијата како печена, а може да се суши и да се прави ароматично брашно за чорби. ЈАЈЧАРКА (Amanita caesarea) Карактеристична по портокаловата боја, убавината и вкусот, со право е наречена ЦАРИЦА на печурките. Позната е уште од римско време каде била гозба за царевите. Може да се најде од јуни до октомври , на отворени и топли места, светли шуми и ливади. Јајчарката има смротоносен двојник Amanita muscaria , која се разликува од неа по изразената кармин-црвена боја на шапката, по која има бели снегулки. Мухарата е една од најубавите печурки , симбол и илустрација на многу цртежи, но колку убава , толку и опасна. РУЈНИЦА (БРИКОВКА) (Lactarius deliciosus ) По боја е бледо жолта до портокалова со бројни потемни дамки кои се во вид на концентрични кругови и често позеленуваат.Површината и е мазна и сува , а работ прво правилен и свиткан, а потоа брановиден. Оваа печурка на притисот позеленува. Расте во мешовити и иглолисни шуми, особено под борови, во период од октомври до ноември.Особено е добра за конзервирање и за салати. ЃУРЃЕВКА (Calocube gambosa) Печурка која расте во ливади и пасишта, рабови на шуми , особено во непосредна близина на диви сливи, во високиа трева, се јавува во големи колонии во форма на кругови или полукругови. Највеќе ја има околу Ѓурѓовден , по што го добила и името. ОВЧА НОГА (Hydnum repandum ) Многу релјефна печурка која на прв поглед многу потсеќа на лисичарката , поради сличноста во бојата и градбата, меѓутоа за разлика од лисичарката, овчата нога на долниот крај од шапката има иглички кои се доста ронливи. Расте и во иглолисните и во листопадните шуми, во големи колонии. ЦРНА ТРУБА (Craterellus cornucopioides ) Името го добила поради тоа што личи на труба. По боја е темнокафеава до црна. Дршката и е кратка, и полека кон врвот се шири како инка. Сака влажни места и расте во групи од август до ноевмври но, може и да не се роди. Најчесто се употребува сува, како зачин за чорби и супи. НАПОМЕНА: Нема ниту едно општо правило со кое отровните габи би се разликувале од оние што се јадат. Не се јадат сите габи кои растат на дрво , ниту сите оние кои ги јадат разни животни , ниту пак се отровни сите оние кои ја менуваат бојата на месото.

Ориз на мантовански начин Ориз на мантовански начин

Ориз на мантовански начин

Рижото со црвено вино Рижото со црвено вино

Нутриционистите најчесто за исхрана го препорачуваат кафеавиот ориз затоа што не му се вади обвивката од јадрото на зрното, што прави зрното да има уникатен вкус, но и потешко за џвакање. Се вари два пати подолго од белиот ориз. Белиот ориз, од друга страна, е поделикатен и мек, но ги нема нутритивните својства како кафеавиот.

Ориз со шунка и сирење Ориз со шунка и сирење

Ориз со шунка и сирење

Па­ел­ја Па­ел­ја

Шпанската традиција - паеља

Рижото со домати и моцарела Рижото со домати и моцарела

Оризот е стар околу 5,000 години, а за негова колевка се сметааат Индија и Кина, од каде што е пренесен во Сирија и источна Африка. Поголемото одгледување на оризот во Европа започнало во VIII век, иако како благодарение на Александар Македонски е донесен во IV век п.н.е. Оризот во митологијата на Далечниот исток (Кина, Јапонија) завзема песебно место. Се смета за дар од боговите, односно во некои земји владетелот го сметале за бог на зреењето на оризот.




Коментари:

Логирајте се да можете да внесувате ваши коментари за рецептите.
Калкулатор на калории
Возраст  години
Пол  машки   женски
Висина  см
Тежина  кг
Интервали на тренинг