Рижото со спанаќ
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 1 мала лажица Црн пипер
- 1000 грама Спанаќ
- малку   Сол
- 50 грама Путер
- 300 грама Ориз
- 2 лажица/ци Маслиново масло
- 1 главица/и Кромид/а
- Време за подготовка: 20 мин.
- Време за готвење: 40 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Присутното железо во спанаќот е корисно како средство за надминување на анемии (слабокрвност) само ако му овозможиме на гастроинтестиналниот тракт да ја изврши редукцијата на железото од спанаќот од тровалентна во двовалентна форма, бидејќи само така може да биде апсорбирано од организмот преку тенкото црево. Редукцијата од тровалентно (фери-облик) во двовалетно ( феро-облик) е возможна исклучиво кога има доволно количество витамин Ц во дванаесетпрсното црево. Спанаќот им се препорачува за јадење на дијабетичарите бидејќи содржи состојка секретин, која го оптимализира лачењето на бета-клетките и другите клетки на панкреасот, со што целосно го подобрува квалитетот на варењето и искористувањето на состојките од храната.
ПОДГОТОВКА:
На масло пропржете го сецканиот посолен кромид.
Кога кромидот, постепено додавајте го исчистениот и измиен спанаќ.
Кога целиот спанаќ сте го додале, оставете да испари целата течност, па додадете го оризот.
Посолете и попиперете, а по вкус додадете и зачинска сол.
Уште малку промешајте па додадете врела вода.
Водата додавајте ја постепено и варете на тивок оган додека оризот не се свари.
Пред крајот, додадете го путерот, па исклучете го оганот и поклопете го садот.
Оставете го уште 10-на минути, исцедете ја водата, па послужете.
Зачувај во својата кутија
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.
Слични рецепти:
|
Рижото со павлака Рижото со павлака |
|
Посно рижото Посно рижото |
|
Рижото со семки Оризот е стар околу 5,000 години, а аз негова колевка се сметаа Индија и Кина, од каде што е пренесен во Сирија и источна Африка. Поголемото одгледување на оризот во Европа започнало во VIII век, иако како благодарение на Александар Македонски е донесен во IV цек п.н.е. Оризот во митологијата на Далечниот исток (Кина, Јапонија) завзема песебно место. Се смета за дар од боговите, односно во некои земји владетелот го сметале за бог на зреењето на оризот. Оризот е производ кој во текот на историјата има нахрането многу луѓе, повеќе од било која земјоделска култура. |
|
Црвено рижото Црвено рижото |
|
Рижото со домати и моцарела Оризот е стар околу 5,000 години, а за негова колевка се сметааат Индија и Кина, од каде што е пренесен во Сирија и источна Африка. Поголемото одгледување на оризот во Европа започнало во VIII век, иако како благодарение на Александар Македонски е донесен во IV век п.н.е. Оризот во митологијата на Далечниот исток (Кина, Јапонија) завзема песебно место. Се смета за дар од боговите, односно во некои земји владетелот го сметале за бог на зреењето на оризот. |
|
Рижото од интегрален ориз и морков и зелка Кафениот или интегрален ориз има поголема прехрамбена вредност од белиот. Содржи повеќе хранливи материи, 3,5 повеќе магнезиум, 4 пати повеќе витамин Б, 1,5 пати повеќе никотинска киселина и 1,6 пати повеќе фолна киселина од белиот ориз. |
|
Ориз со шунка и сирење Ориз со шунка и сирење |
|
Рижото со тиквички Покрај пченицата, оризот е највредната житарка во светот и претставува производ кој речиси нема место на светов каде што не се употребува. Во споредба со останатите житарки, оризот има најголема енергетска вредност. Во 100 грама ориз во просек има 12,6% вода, 0,6 гр. масти и 79,5 гр. јаглени хидрати. Богат е со скроб, а сиромашен е со протеини. Од витамини и минерали содржи: пантотенска киселина, тиамин, витамин Б6, рибофлавин, манган, селен, фосфор, цинк, магнезиум и железо. |