Рижото со тиквички
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- малку   Црн бибер
- 1   Тиквичка
- 1 лажица/ци Сол
- 250 грама Ориз
- 100 грама Моркови
- 3 лажица/ци Маслиново масло
- 30 грама Маргарин
- 3 чешниња Лук
- 1 главица/и Кромид/а
- 200 милилитри Вода
- малку   Босилок
- Време за подготовка: 20 мин.
- Време за готвење: 40 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Покрај пченицата, оризот е највредната житарка во светот и претставува производ кој речиси нема место на светов каде што не се употребува. Во споредба со останатите житарки, оризот има најголема енергетска вредност. Во 100 грама ориз во просек има 12,6% вода, 0,6 гр. масти и 79,5 гр. јаглени хидрати. Богат е со скроб, а сиромашен е со протеини. Од витамини и минерали содржи: пантотенска киселина, тиамин, витамин Б6, рибофлавин, манган, селен, фосфор, цинк, магнезиум и железо.
ПОДГОТОВКА:
Исчистениот кромид, исецкајте го на ситни коцкички, ставете го на загреано масло, посолете и пржете го.
Кога е до пола пржен, додадете го испасираниот лук, па малку запржете додека не се осети мирис на лук.
Тогаш, ставете ги гранчињата босилок.
Промешајте, уште малку запржете и додадете ги веќе исчистените и на парчиња сечени тиквички.
Сето тоа убаво промешајте го, па кога тиквичките ќе пуштат малку вода, ставете го исчистениот и на покрупни парчиња исечен морков.
Продинстајте, па додадете го оризот.
Сето тоа промешајте го и залејте го со водата.
Намалете ја температурата на средна температура и варете додека водата не испари.
Потоа, вмешајте го и маргаринот, па тргнете од оганот, прекријте со крпа и поклопете да отстои 5-10 минути.
Сервирајте топло.
Зачувај во својата кутија
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.
Слични рецепти:
|
Рижото со спанаќ Присутното железо во спанаќот е корисно како средство за надминување на анемии (слабокрвност) само ако му овозможиме на гастроинтестиналниот тракт да ја изврши редукцијата на железото од спанаќот од тровалентна во двовалентна форма, бидејќи само така може да биде апсорбирано од организмот преку тенкото црево. Редукцијата од тровалентно (фери-облик) во двовалетно ( феро-облик) е возможна исклучиво кога има доволно количество витамин Ц во дванаесетпрсното црево. Спанаќот им се препорачува за јадење на дијабетичарите бидејќи содржи состојка секретин, која го оптимализира лачењето на бета-клетките и другите клетки на панкреасот, со што целосно го подобрува квалитетот на варењето и искористувањето на состојките од храната. |
|
Ориз со шунка и сирење Ориз со шунка и сирење |
|
Посно рижото Посно рижото |
|
Рижото од интегрален ориз и морков и зелка Кафениот или интегрален ориз има поголема прехрамбена вредност од белиот. Содржи повеќе хранливи материи, 3,5 повеќе магнезиум, 4 пати повеќе витамин Б, 1,5 пати повеќе никотинска киселина и 1,6 пати повеќе фолна киселина од белиот ориз. |
|
Рижото со домати и моцарела Оризот е стар околу 5,000 години, а за негова колевка се сметааат Индија и Кина, од каде што е пренесен во Сирија и источна Африка. Поголемото одгледување на оризот во Европа започнало во VIII век, иако како благодарение на Александар Македонски е донесен во IV век п.н.е. Оризот во митологијата на Далечниот исток (Кина, Јапонија) завзема песебно место. Се смета за дар од боговите, односно во некои земји владетелот го сметале за бог на зреењето на оризот. |
|
Рижото со павлака Рижото со павлака |
|
Црвено рижото Црвено рижото |
|
Рижото со семки Оризот е стар околу 5,000 години, а аз негова колевка се сметаа Индија и Кина, од каде што е пренесен во Сирија и источна Африка. Поголемото одгледување на оризот во Европа започнало во VIII век, иако како благодарение на Александар Македонски е донесен во IV цек п.н.е. Оризот во митологијата на Далечниот исток (Кина, Јапонија) завзема песебно место. Се смета за дар од боговите, односно во некои земји владетелот го сметале за бог на зреењето на оризот. Оризот е производ кој во текот на историјата има нахрането многу луѓе, повеќе од било која земјоделска култура. |