Салата од карфиол и грашок со сусам
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 50 грама Сусам
- малку   Сол
- 150 грама Праз
- 50 милилитри Маслиново масло
- малку   Магдонос
- 150 грама Компир
- 150 грама Грашок
- 300 грама Карфиол
- Време за подготовка: 20 мин.
- Време за готвење: 20 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Во карфиолот најмногу е застапен витаминот Ц, потоа витамините А, Б1 и Б2.
Од минералите во карфиолот најмногу е застапен калциумот, со околу 300 мг. во 100 гр. карфиол, 72 мг. фосфор и околу 1,1 мг. жечезо.
Поради тенката целулозна мембрана карфиолот се вари побрзо од другити врсти на зеленчук од родот зелки, така што е ценет и во исхраната на болните од желудочно-цревни заболувања и во исхраната на децата.
ПОДГОТОВКА:
Грашокот сварете го околу 5 минути (без сол, додека не омекне).
На малку маслиново масло, продинстајте го празот сецкан на парчиња, а потоа додадете го карфиолот.
Промешајте, посолете и динстајте неколку минути, па додадете го компирот и грашокот.
Сето тоа повторно промешајте го, додадете ситно сецка лук и листови магдонос.
Динстајте неколку минути и тргнете од оганот.
Сипете во чинија за послужување, обилно посипете со печен сусам и додадете уште малку маслиново масло.
Зачувај во својата кутија
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.
Слични рецепти:
|
Гаспачо со лук Гаспачо со лук |
|
Салата од црвена зелка Зелката содржи природни состојќи кои дејствуваат како леко против чиревите. Фактот дека зелката може да помогне во лекувањето на чирот, е утрврдено уште во 1950 - те години, во обидите на д-р Гарет Чени на медицинскиот факултет при Универзитетот во Стафорд. Тој докажал дека околу 1,1 литар свеж сок од зелка на ден, помага во ублажувањето на болките и ги лечи желудечните чиреви, како и чиревите на дванаестпалачното црево поуспешно и подобро од стандардните терапии. |
|
Домати полнети со туна Домати полнети со туна |
|
Салата од пилешко со мајонез Врз квалитетот на пилешкото месо можат да влијаат многу фактори, како што се расата, условите за одгледување и исхраната. Исто така и обработувањето на месото многу влиае врз квалитетот. Пилешките гради се многу сочно и меко месо. Може да се пржи цело, или да се исече на помали парчиња. |
|
Салата "Флорида" Вкусно предјадење или лесен главен оброк. |
|
|
Салата од урда со семки Урдата ја избирате по ваш вкус: кравја, овча или козја. Исто така и семките можете да ги смените. Овде е приложен рецептот каков што ние го направивме и го пробавме. Навистина е многу вкусен и едноставен за подготвување. |
|
Салата супа од јогурт Хранливите состојќи во јогуртот настануваат во процесот на ферментација на млекото. Под дејство на микроорганизмите се зголемува нивото на млечна киселина, а умерено се намалува количината на лактоза. Ова го објаснува фактот дека луѓето кои имаат проблеми со дигестија на млекото, многу полесно го поднесуваат јогутот. Во создавањето на јогуртот учествуваат две главни бактерии: - Lactobacillus bulgaricus - Streptococcus thermophilus Ена од предностите на јогуртот е што помага во борбата против малигните тумори. Истражувањата на Американскиот институт за рак, покажуваат дека кај луѓето кои секој ден пијат јогурт, стапката на заболеност од тумори е меѓу најниските. |
|
Ratatouille салата Ratatouille е традиционалн француски вегетаријански рецепт, кој потекнува од Ница. Неговото целосно име е Ratatouille niçoise - што во превод значи измешана разновидна храна. |
|
Салата од јаболка и моркови Оваа салата е полна со витамини. Освен тоа што е добра за консумирање при диета, таа претставува одлична комбинацијата со секое јадење печено на скара. |
|
Руска салата Руска салата |