Потоа урдата матете ја со миксер и додадете ја павлаката. Колку павлака ќе додадете зависи од тоа колку е сува урдата. Можеби 500 грама павлака да ви е многу но ако урдата е посува, може и да е малку. Матете додека да добиете пенаста смеса. Ги додавате подпечените семки кои предходно се оладени и сето тоа убаво ќе го исмешате.
Кога ја сервирете салатата, можете да ја декорирате со магдонос.
