Нутрициона Листа за рецептот

Калории 1232 kcal
Шеќери 3 g
Масти 97 g
Јаглехидрати 18 g
Протеини 8 g

Нутриционата листа е пресметана според количината на намирниците употребени за приготвување на рецептот.

Се однесува на целата количина од рецептот.

Филтер на јадења

  • Време на готвење:
    • Одбери Категорија

      Детска
      Ладни Предјадења
      Месо | Сувомеснати
      Топли Предјадења
      Национални
      Супи | Чорби
      Салати
      Тестенини | Печива
      Вегетаријанско
      Риба | Морска
      Посна
      Коктели | Пијалоци
      Десерти
      Сезонски

      Одбери Време:

      помалку од 30 минути
      од 30 - 60 минути
      од 1 до 2 часа
      повеќе од 2 часа
  • Број на калории:
    • Одбери број на калории:

      помалку од 500
      500 - 1000 калории
      1000 - 1500 калории
      повеќе од 1500 калории

Сподели

Шампињони со мелено месо

Шампињони со мелено месо
Објавено: 09/03/2010 год.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Шампињони
  • малку мала лажица Црн пипер
  • малку   Сол
  • 60 грама Сенф
  • 1   Прелив за печење
  • 30 милилитри Млеко
  • 2 лажица/ци Маслиново масло
  • малку   Магдонос
  • 2 чешниња Лук
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 1   Кришка/ки леб
  • 1   Кора од лимон
  • 1   Жолчка/ки
  • 20 милилитри Џин
  • 250 грама Јунешко мелено


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Шампињоните се ретка растителна храна која може да подготви на најразлични начини. Има добар вкус, го поттикнува апетитот а воедно има и висока хранлива вредност. Бидејќи печурките се богати протеини можат да ја збогатат исхраната особено на лицата кои не конзумираат месо или на они кои ретко го комбинираат.

Една студија покажала дека печурките (шампињоните), свежи и готвени, во различни годишни времиња, се добар извор на прехрамбени влакна, вклучувајќи го и хитинот за кој се верува дека го намалува нивото на холестеролот во крвта, па бета - глукан кој делува благотворно на здравјето на кардоваскуларениот систем.

Печурките веќе долго време се познати како одличен извор на висококвалитетни протеини. Оваа материја протеините, ја прават телесната структура, се наоѓаат во секоја клетка на ткивото. Телото протеините ги користи за раст, изградба и зацелување на коските, сврзувачко ткиво, кожата, внатрешните органи и крвта. Хормони, антитела и ензими кои ги регулираат хемиските реакции исто така се протеини. Ако јаглехидратите или мастите не ја задоволуваат потребата за енергија телото ги користи печурките.

ПОДГОТОВКА:

Шампињоните ставете ги околу 30 минути во 350 мл. топла вода, да набабрат.

Тост лебот исецкајте го на коцки и потопете го во млеко.

Младото кромитче и кромидот ситно исецкајте ги.

Меленото месо измешајте го со лукот, кората од лимон, коцките тост, жолчката, лутиот сенф и сецканото младо кромитче.

Зачинете со сол и црн пипер, а потоа смесата убаво соединете ја.

Со влажни раце правете топчиња од добиената смеса.

Потоа загрејте лажица масло во тава, па испржете ги топчињата мелено месо за да добијат кафена боја.

Добро загрејте една лажица маслиново масло, динстајте го преостанатото младо кромитче. Извадете ги шампињоните од водата и исецкајте ги, па додадете ги на кромидчето и се заедно динстајте.

Исцедете ја супата и во неа додадете го преливот од месо.

Оставете ја добиената смеса да се вари најмалку 5 минути.

Послужете со пржените топчиња од мелено месо.
x

Зачувај во својата кутија


Логирајте се да можете да го оценувате рецептот.
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.

Слични рецепти:

Мусака од поховани пиперки Мусака од поховани пиперки

Меѓу народот, пиперката се препорачува како лек против настинка и инфекции на горните дишни патишта. Лутата пиперка во многу краишта се препорачува како благотворна во подобрување на дишењето кај хроничниот бронхитис. Сепак, не треба да се претерува со лутите пиперки. Посебно мора да бидат внимателни лицата кои боледуваат од чир на желудникот, црниот дроб и од хемороиди. Сепак, лутата пиперка ја подобрува циркулацијата и со тоа го намалува ризикот од срцеви заболувања, а помага и во растворањето на масните наслојки во крвните садови, па затоа во помали количества им се репорачува на сосема здрави луѓе. Лутите пиперки помагаат при варењето на храната, но и отвораат апетит. Исто така, во народот се смета дека лутите пиперки ја јакнат потенцијата, што не е без основа ако се земе предвид нивното дејство врз крвните садови.

Гурмански ќебап Гурмански ќебап

Малку необичен, но доста вкусен рецепт. Кромидот и сланината му даваат одлича арома на овој гурмански ќебап.

Ловечки шницли Ловечки шницли

Јунешкото месо е многу вкусно, и е доста употребувано заради својата хранлива вредност, бидејќи содржи многу белковини и масти. Исто така, многу добро месо имаат и телињата кои се хранат само со кравјо млеко, и со свежа храна, така што овие телиња се препознаваат според темниот црн дроб, а и нивното месо е меко и сочно.

Босански ќебапчиња Босански ќебапчиња

Босански, Турски, Србски или Македоснки не е важно... ќебапчиња си се ќебапчиња :)

Ќофтиња со сос од печурки Ќофтиња со сос од печурки

Ќофтиња со сос од печурки

Јапонски ќoфтиња со кашкавал Јапонски ќoфтиња со кашкавал

Јунешкото месо е многу вкусно, и е доста употребувано заради својата хранлива вредност, бидејќи содржи многу белковини и масти. Исто така, многу добро месо имаат и телињата кои се хранат само со кравјо млеко, и со свежа храна, така што овие телиња се препознаваат според темниот црн дроб, а и нивното месо е меко и сочно.

Плескавици од ајвар Плескавици од ајвар

Ајварот е еден од највкусните специјалитети и најголемите тајни на балканската кујна, кој води потекло од Македонија. Најдобриот ајвар се произведува во домаќинствата, затоа што само преку внимателна рачна работа може да се постигне целосно отстранување на лушпата и семето од пиперката што го гарантира чистиот вкус на ајварот. Тој е редовен и постојан дел од зимницата затоа што најлесно се конзервира и најдолго може да опстои во зимскиот период од годината.

Бургоњски гулаш Бургоњски гулаш

Бургоњски гулаш

Холштајн Шницла Холштајн Шницла

Холштајн Шницла

Полпети Полпети

Полпетони




Коментари:

Логирајте се да можете да внесувате ваши коментари за рецептите.
Калкулатор на калории
Возраст  години
Пол  машки   женски
Висина  см
Тежина  кг
Интервали на тренинг