Солен колач од јогурт и шунка
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 150 грама Шунка
- малку   Сол
- малку   Прашак за пециво
- 100 милилитри Масло
- малку   Мајчина душица
- 60 грама Кисели краставички
- 150 грама Кашкавал
- 300 грама Брашно
- 400 милилитри Јогурт
- 4   Јајца/це
- Време за подготовка: 20 мин.
- Време за готвење: 40 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Една од предностите на јогуртот е што помага во борбата против малигните тумори. Истражувањата на Американскиот институт за рак, покажуваат дека кај луѓето кои секој ден пијат јогурт, стапката на заболеност од тумори е меѓу најниските.
Рускиот хемичар Борис Метчинов во 1898 год. ја доби Нобеловата награда за откритието дека луѓето кои пијат јогурт живеат подолго. Причината за позитивното влијание на јогуртот, е корисно дејство на бактериските култури врз желудникот и цревната флора. Постојат докази дека токму тука лежи еден од важните фактори за долговечност.
ПОДГОТОВКА:
Кашкавалот ситно изрендајте го.
Измешајте ги јогуртот и јајцата, додадете го брашното, солта, прашокот за печиво, сето тоа измешајте го за тестото да биде изедначено, без грутки.
Потоа додадете го маслото, па шунката, краставичките и кашкавалот, па на крајот мајчината душица.
Смесата соединете ја, префрлете ја во плех или калап обложен со хартија за печење.
Печете на 180-190 степени, околу 30-40 минути.
Зачувај во својата кутија
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.
Слични рецепти:
|
Јајца на Фирентински начин Јајца на Фирентински начин |
|
Прженки со виршли Вкусни прженки, но доста калоричен рецепт. |
|
Мафини од банани и пченкарно брашно Банана е име за еден вид на овошје и на тревни растенија од родот Musa кои го произведуваат ова најчесто јадено овошје. Потекнува од тропските региони на Југоисточна Азија. Денес тие се одгледуваат во тропските предели. Бананите првобитно биле одгледувани само за нивните плодови и во помала мера за производство на нивните конци и како украсни растенија. |
|
Пудинг од јајца со леб Пудинг од јајца со леб |
|
Пица мафини со компири Пица мафини со компири |
|
Омлет - пица Омлет пица |
|
Шунка со кајгана Шунка со кајгана |
|
Ќофтиња од кашкавал и кулен Ќофтиња од кашкавал и кулен |
|
|
Брамбораки Брамбораки |
|
Суфле со шунка Шунката е солен, исушен или термички обработен продукт, традиционално произведен од задниот или предниот свински бут, но во последните години се произведува и од пилешко месо. Шунката била приготвувана уште во древниот Рим, уште пред I век п.н.е. |