Топла салата од црвен грав
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 1 мала лажица Црвен пипер
- 100 грама Целер
- малку   Сол
- 250 грама Праз
- 150 грама Моркови
- 30 милилитри Маслиново масло
- малку   Магдонос
- 2 чешниња Лук
- 300 грама Грав
- Време за подготовка: 20 мин.
- Време за готвење: 40 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Гравот е и значаен извор на калиум, калциум и магнезиум. Современата наука за здрава исхрана се залага за почеста употреба на гравот во исхраната. Се препорачува барем еден од легаминозите: грав, леќа, грашок или соја како главно јадење 2 до 3 пати седмично. Причината е едноставна – гравот не содржи ниту масти, ниту холестерол, а тоа значи подобро здравје и заштита од артериосклероза за сите нејзини импликации.
ПОДГОТОВКА:
Во еден сад, на малку маслиново масло, продинстајте го празот (сецкан на крупни кругови), а потоа додадете ги целерот и морковот исецкани на ситни коцкички.
Продолжете со динстањето, со постојано додавање по малку вода додека зеленчукот не омекне.
Кога зеленчукот ќе омекне посолете го, додадете црвен пипер, па додадете го гравот, сè убаво измешајте и уште малку издинстајте.
Послужете го во плиток сад попрскан со малку суви ливчиња магдонос.
Зачувај во својата кутија
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.
Слични рецепти:
|
Ориз со зеленчук Ориз со зеленчук |
|
Компир на пареа Компир на пареа |
|
Шницли од тиквички Шницли од тиквички |
|
Липтауер (Словачки Šmirkáš или прженица) Липтауер е зачинето сирење и представува дел од Словачката и Унгарската кујна. Во превод би значело „пенеста крема од сирење на Унгарско - Словачки стил“. Во некои држави се користи и како мезе во рестораните и кафаните. |
|
Шницли од зеленчук Шницли од зеленчук |
|
Ореви во сирење Ореви во сирење |
|
Салата "Cafe Anglais" Пикантна салата за свечени прилики или како ладно предјадење. |
|
|
Брокули во ориз За дете после 1-на година. |
|
Печурка буковка со тиквичка Печурка буковка со тиквичка |
|
Целер со пикантно крем-сирење Целер со пикантен крем од сирење |