Запечени ролати од тиквичка и модар домат
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 1 мала лажица Црн пипер
- 300 грама Тиквичка
- малку   Сол
- 400 грама Сирење
- малку   Рузмарин
- 100 грама Пршута
- 300 грама Модар Домат
- 30 милилитри Маслиново масло
- 100 грама Маслинки
- 2   Жолчка/ки
- Време за подготовка: 20 мин.
- Време за готвење: 30 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Модриот домат има висока биолошка и здраствена вредност. Резултатите од истражувањата зборуваат дека биохемиските состојки што се наоѓаат во овој зеленчук, може да го намалат холестеролот во крвта и помагнаат да се исфрли од организмот.
Модриот домат, исто така, е голем извор на калиум, и тоа содржи 226 мг. во 100 гр., што овозможува нормална размена на вода помеѓу клетките и ја подобрува работата на срцевиот мускул.
ПОДГОТОВКА:
Доматот и тиквичките измијте ги, исечете им ги врвовите, па и тиквичките и модриот домат исечете ги на тенки листови со дебелина од околу 3-4 мм.
Рузмаринот ситно насецкајте го, маслинките ситно исецкајте ги, а пршутата исекајте ја на покрупни коцкички.
Сето тоа заедно измешајте го во свежото сирење.
Додајте ја жолчката, посолете, попиперете и се заедно убаво измешајте.
Од смесата земајте и ставајте врз листовите од тиквичка и модар домат, па виткајте ролати, а по потреба употребете и чепкалки.
Ролатчињата густо наредете ги во еден огноотпорен сад премачкан со маслиново масло.
Садот ставете го во загреана рерна и печете го 20-35 минути или додека ролатчињата убаво не пожолтат и убаво се запечат.
Потоа, извадете ги од рерната и послужете.
Зачувај во својата кутија
На тој начин ги подобруваме рецептите кои се за Вас.
Слични рецепти:
|
Запечено пире со лук Поради својата голема распространетост, компирот е присутен во многу рецепти, и тоа за подготвување на: главни јадења, додатоци, слатко, супи и чорби. Во 100 гр. варен компир има само 69 калории и во тој облик можат да се консумираат без ограничување. Варениот компир содржи многу корисни растителни влакна, кои се значајни за полесно варење на храната, ефикасно го намалуваат гладот и допридонесуваат за подобра форма на организмот. За разлика од нив, печениот компир содржи 535 калории и консумирање на компирот во таков облик не треба да биде премногу често. Набрзо по консумирање, повторно ќе почувствувате глад, а и не допридонесува за добра форма. Затоа, при консумирањето на компирот, водете сметка на кој начин ќе го подготвите. |
|
Фета сирење со сусам Фета сирење со сусам |
|
Топчиња од ориз Оризот (латински: Oryza) е втора по значење житна култура (после пченицата) и со него се исхранува голем број од населението во светот. Освен за исхрана, оризот се користи за правење алкохолен пијалок - саке, а со преработка на оризовата слама се добива хартија. Оризот најдобро успева на плодни почви и за него се потребни многу вода и топлина. Главни извозници на ориз се Тајланд, Виетнам и САД. Најголеми приноси на ориз се остваруваат во Јапонија и Јужна Кореја - 6.000 kg на хектар. Во Македонија најголем оризопроизводен регион е кочанскиот, каде оризот е застапен на околу 3.000 хектари (максималната застапеност достигнувала и до 6.000 хектари). Просечниот принос изнесува околу 5.500 кг. од хектар. |
|
Интегрални мафини Мафините потекнуваат од Англија, кои во почетокот биле подготвувани со квасец. Подоцна започнало нивното подготвување и во Америка, а од таму и во целиот свет. |
|
Печени ќофтиња од грав Оброк за 4 лица. |
|
Погачки со сирење и павлака Нема земја во светот каде што не се прави некој вид на сирење. Сите видови имаат специфичен вкус и се подготвуваат на најразлични начини, но заедничко за сите е млекото, кое може да е кравјо, овчо или козјо. Првите записи за сирењето се најдени во египетските папируси, но се претпоставува дека постапката за правење сирење е откриена пред повеќе од осум илјади години. Уште тогаш, како што се тврди во некои научни истражувања, се забележало дека ако млекото стои подолго време, се претвара во релативно цврста маса, која откако ќе се исцеди течноста од неа и кога ќе се исуши, може да се чува извесно време. На ваков начин на подготвување, сирењето и денес се прави во некои земји во Африка. Се разбира, сирната индустрија од тоа "парсирање" има отидено многу подалеку, па денес се познати четири илјади видови на сирење. |
|
Мусака од компири Мусака од компири |
|
Печен модар патлиџан Печен модар патлиџан |
|
Маникоти Маникоти |
|
Домати а ла пармезан Домати а ла пармезан |