14 најдобри совети како да ги зачувате витамините од продуктите
Овошјето и зеленчукот преку денот, односно при собна температура, губат 10-50% од витамините кои ги содржат. Задоволете ги вашите дневни потреби со овошје и зеленчук, со тоа што ќе ги купувате со потекло од регионот од каде што сте вие, а овошјето и зеленчукот кои се наоѓаат во маркетите и во местата изложени на сонце и на собна температура, оставете ги да седат таму.
2.Купувајте потполно зрело овошје.
Витамините се создаваат сè додека не се набере самиот плод. Во суштина процесот на созревање продолжува и по берењето на плодот, но веќе не се синтетизираат витамини.
3.Чувајте го овошјето и зеленчукот во фрижидер.
Не го оставајте овошјето во чинија. При собна температура овошјето губи преку 50% од витаминот Ц, само во еден ден. Дури и во фрижидер на температура од 4 степени Целзиусови, плодот губи 34 % од витаминот Ц. Затоа, кога имате можност консумирајте ги овошјето и зеленчукот кога се најсвежи.
4.Озрачено овошје – НЕ БЛАГОДАРАМ!
Дали ви е познато дека постојат плодови кои и после 2 месеци кои се изложени на сонце остануваат непроменети. Тоа овошје е со сигурност озрачено. Во озрачените плодови не постојат веќе никакви ензимски активности, во него нема веќе метаболички процеси и затоа тоа скапува толку брзо. Озраченото овошје губи голем дел од своите витамини.
5.Подобро купувајте замрзната храна.
Само што ќе се набере, зеленчукот длабоко се замрзнува за да се избегнат оние финансиски загуби кај произведувачите, а со тоа доаѓа и еден позитивен пропратен ефект, а тоа е дека со замрзнувањето голем број од витамините се зачувуваат во намирниците. Затоа, ако имате само еден ден од неделата да купувате намирници, најдобро би било да купувате замрзнат зеленчук. Индустриски замрзнатите плодови се побогати со витамини отколку кај складираните или оние кои самите вие сте ги замрзнале, зашто станува збор за сезонски плодови кои се пренесуваат преку големи далечини, пр. со авион и не се обработени.
6.Кратко замијте ги овошјето и зеленчукот.
Немојте да ги оставате зеленчукот или овошјето да стојат многу долго во вода, бидејќи така ги губат витамините. Зеленчукот кратко исперете го и капките вода одстранете ги со четка.
7.Чувајте ги витамините од топлина.
50-70% од сите витамини се губат за време на варење, или било какво приготвување на храната, поточно на зеленчукот или овошјето. Фолната киселина е особено осетлива на топлина – за само две минути варење се уништуваат 90% од фолната киселина. Важно: динстајте го зеленчукот, но не долго. Немојте да го оставите да се грее многу долго. Во рестораните и кантините плодовите се изложени подолго време на топло, што доведува до губиток на витаминот Ц дури и до 70%. Вашиот имунолошки систем би бил многу позадоволен доколку ги добие и оние што се изгубени, затоа е подобро само да ги затоплите плодовите.
8.Користете Е 300 на плодовите
Салата од сецкани плодови за само 30 минути губи 50% од витамините. Затоа плодовите кога ќе ги исечете на парчиња, треба веднаш да ги изедете. Но во случај ако треба да приготвите нешто друго и не можете веднаш да го изедете исецканото овошје или зеленчук, тогаш посипете од Е 300 – познато како витамин Ц. Сипете го витаминот Ц во солник, за да може да ви се најде во различни ситуации. Прехрамбената индустрија докажала дека Е 300 го спречува кислородот да ги уништи витамините. Еве еден тест за вас: исечете едно јаболко на половина, едната половина посипете ја со Е 300, а другата оставете ја. По некое време ќе ја забележите разликата, едната половина е бела, а другата е потемнета поради кислородот.
9.Варете го компирот заедно со лушпата.
Губитокот на витамин Ц кај компирот варен без лушпа е двојно поголем отколку кај оној со лушпа.
10. Користете интегрални намирници.
Избегнувајте бел ориз и леб од бело брашно. Белото брашно и белиот ориз содржат, во однос на своите интегрални облици 40-80% помалку витамини. Затоа користете интегрални продукти.
11.Користете млеко кое пакувано во темни шишиња или во тетрапак.
Оние млека кои се флашираат во провидни стаклени флаши, за само два саати губат 85% од витаминот Б2, а во еден ден губат 50% од витаминот Б6. избегнувајте и пастеризирано млеко, бидејќи се загрева на висока температура и е стерилизирано, па затоа едвај содржи витамин Б6.
12.Како да го задржите витаминот Е во маслата.
При готвење со масло, настанува топлина која го уништува витаминот Е. Затоа подобро користете ладно цедено масло, кое е пакувано во темни стаклени шишиња. Витамин Е кој се наоѓа во маслото се намалува под влијание на слободните радикали кои ги има во светлината. Затоа е важно билните масла да ги чувате на темни места.
13.Микробранови печки.
Уште е неразјаснето како употребата на микробрановата печка дејствува врз најразличните делови на намирниците, но сигурно е дека околу 28 проценти од витаминот Б1 се уништува при употреба на микробрановата печка при подготвувањето на храната.
14.Не ги фрлајте витамините.
При готвење на ориз се ослободуваат Б витамините, кои се растворливи во вода и така тие остануваат во водата. Искористете ја таа вода која е полна со скроб за да направите сос. Така ќе го зголемите витаминскиот состав на оброкот за 30-40%. Но, внимавајте на самата вода, бидејќи е можно да содржи и штетни нитрати, особено спанаќот и другите зелено листести зеленчуци.
Слични статии:
|
Во кои случаи е неопходно да се консумираат мултивитамински додатоци во исхраната? Дали мултивитаминските додатоци во исхраната се навистина безопасни како што се чини, е тема на многу дискусии кои денес се водат помеѓу лекарите и нутриционисте. Воопшто говорејќи, консумирање милтивитамински додатоци е безбедно и ефикасно, односно, е многу посигурно од можните последити кои можат да настанат при недостатокот на витамини и минерали во организмот. |
|
Како до доволно витамини? Витамините кои се растворуваат во вода се наоѓаат пред се во овошјето, зеленчокот и во житните производи. |
|
Витамините се корисни за нашата психа Во метаболизмот на нервниот систем Б витамините завземаат важна улога во пренесувањето на нервните |
|
Витамините како здравствено осигурување Д-р. Норман Вокер конзумирал по неколку литри свеж сок секоденевно и благодарение на него, сокот од портокал станал многу популарен во текот на педесетите години од минатиот век. Тој докажал дека витамините нам ни помагаат да останеме млади. Тој живеел полни 114 години, а во последната година од својот живот ја има напишано и својата последна книга. Вокер не е единствен случај на долговечност. |
|
|
Што се витамини Името витамин "вита" значи живот. За нас од животно значење се 14 витамини, а нашиот организам не може да ги произведува ни еден од нив освен витаминот Д. |
|
|
Витамините го активираат метоболизмот На вам е да одлучите, дали вашите телесни ќелии и натаму ќе ги снабудавте со слабо хранливата брза храна, или ќе им обезбедете намирници кои имаат биолошко многу активен суровински состав. |
|
Дали имате недостаток на витамини? Витамин А - има улога во растот, развојот и одржувањето на сетилата за вид. Недостатокот на овој витамин најчесто настанува поради намалено внесување на хром во организмот. Кај децата, недостатокот на витаминот А најпрво се манифестира со успорено растење, додека кај возрасните доаѓа до пореметување на видот (ноќно или кокошкино слепило), како и појава на сува и испукана кожа. Витаминот А можеме да го најдеме во намирниците како што се рибино мас |