Брзо слабеење - дали е навистина возможно?
Ваши очекувања
Вашето здравје треба да ви биде главен приоритет. Тоа значи дека доколку сакате да изгубите одредена телесна тежина за кратко време, треба тоа да го направите на начин кој нема да биде штетен за Вашето тело. Најдобар начин за тоа е да имате реални очекувања пред да започнете со диетите и вежбањето.
Важно е да останете урамнотежени и да не бидете опседнати со губењето на килограмите. Пребрзото губење на тежината може да ви го забави телесниот метаболизам, што може да предизвика многу несакани последици. Значи, имајте реална перспектива на Вашите напори да ослабете или сами себе ќе се саботирате.
Пијте повеќе вода
Еден од најдобрите совети за брзо губење на тежината, е дека мора да пиете многу вода. Правите голема грешка ако мислите дека водата можат да ја заменат спортските, млечните или останатите пијалоци. Тие пијалоци содржат голем број калории, што Вам нема да ви помогнат да ја изгубите тежината. Водата нема калории, така што можете да ја пиете кога и да посакате. Исто така, внесот на вода во одредена мера ќе го намали Вашиот апетит.
Избегнувајте ги едноставните јаглехидрати
Едноставните јаглехидратите, кои се наоѓаат во лебот и шеќерот, треба да ги избегнувате доколку сакате да ја изгубите тежината. Консумирањето на едноставните јаглехидрати го зголемува нивото на шеќер во крвта, што ја зголемува количината на шеќер која се претвора во маст.
Вежбање
Убедливо најважниот дел на брзото губење на килограмите е вежбањето. Што повеќе вежбате, повеќе калории ќе согорите. Најдобри се кардиоваскуларните вежби, како што се трчање, пливање или возење на велосипед.
Кога е вежбањето во прашање, многу е важно да не претерувате, бидејќи може да предизвикате повреда. Важно е да се сконцентрирате и да ги работите вежби на правилен начин. Секоја успешна сеанса на вежбање ќе ве мотивира и понатака да вежбате.
Забелешка: пред секоја телесна активност треба да се загреете, а доколку осетите болки или вртоглавица престанете со вежбите.
Слични статии:
|
Пилот диета Дозволено е сè, нема преголемо одрекување, но треба да останете во рамките на зададените бодови и комбинацијата на орбоците - што понекогаш може тешко да се одржи. Оваа диета, инаку, влегува во "брзите" диети и губењето на килограмите се движи околу 5 килограми за седум дена. |
|
Ослободете се од целулитот Целулитот денес се доживува првенствено како естетски проблем, иако тој дефинитивно не е само тоа. За жал целулитот преставува озбилен здравствен проблем, кој се јавува поради намалените можности за разградување на мастите. Естрогенот исто така го успорува разградувањето на мастите. |
|
Идеална или среќна тежина Дали навистина морате да се вратите на тежината која ја имавте во средно училиште или на денот на Вашата венчавка? Според зборовите на експертите, можеме да имаме повеќе килограми отколку некогаш, а при тоа и понатаму да бидеме во добра форма, да бидеме здрави и среќни. Доколку ја преминувате својата предвидена идеална тежина, само мало губење на неколку килограми (10%) Вам ќе ви донесе грст подобрувања: регулирање на крвниот притисок и холестеро |
|
Намирници кои го намалуваат апетитот Факт е дека било која диета да ја спроведете за да ги изгубите вишокот на килограми, морате да се соочите со глад и копнеж за јадење. Постојат многу стратегии кои помагаат да се намали чувството на глад, како што е пиењето на многу течности, консумирањето повеќе намирници богати со растителни влакна, избегнување рафинирани јаглени хидрати, но сепак не постои ништо што апсолутно може да го отстрани чувството за глад. |
|
Диета базирана на тестенини 1. Ден За доручек: парче леб од интегрално брашно со малку кравјо сирење и на тоа додадете исецкан домат и малку сол. По појадокот можете да се напиете кафе или чај, но без шеќер. Ужина: Една јаболка. Ручек: салата од тестенини со зачински билки. Пред вечера: еден портокал. Вечера: супа од тиквички. |
|
Диета базирана на бебешка храна Сè започна со тоа што практикантите на разни диети приметија дека големината на бебешката порција (и она што се наоѓа во неа) совршено одговара на потребата на лицата кои се на диета, односно бебешката порција ја ублажува гладта, преку неа внесуваме здрав и хранлив оброк, а при тоа не се внесуваат поголема количина калории. |
|
|
Појадок диета Уште од своето раѓање слушаме дека најважно е да имаме доручек како крал, ручек како принц, а вечера како сиромав. Навистина, во тоа лежи и тајната на "појадок диетата". Нејзината основа е доручек како на крал секојдневно, бидејќи оваа диета пред се се потпира на времето кога јадете, а не на храната која ја јадете. |
|
Диети - колку се ефикасни? Весниците, интернет страниците и телевизиските програми се преполни со разновидни диети, со чија помош Вие "брзо и трајно" би ги намалиле непотребните килограми. Покрај диетите, често се рекламираат и препарати (таблети, капсули и чаеви...), кои ефикасно ја намалуваат прекумерната тежина за "брзо и кратко време". Маѓутоа, сите овие совети (и реклами) често можат да бидат неефикасни на "долги патеки", а понекогаш и опасни по животот. |
|
Совети за трајно губење на килограмите Можеби звучи чудно, но, потврдено е со бројни истражувања, дека е многу полесно да ги изгубите непотребните килограми отколку да го спречите нивното повторно враќање. |
|
Диета "Утринска банана" Диета „Утринска банана“ Кога пред две години во Јапонија е промовирана диетата „Утринска банана“ за многу кратко време станала толку популарна и поради тоа дошло до недостаток на банани на пазарот! Самата диета ја смислиле Хитоши Ватанабе кој се занимавал со проучување на превентивна медицина и неговата сопруга Сумико, која е фармацевт по струка. |