Цвекло против дебелина, настинка и грип
По пат на вкрстување се добиени многу видови цвекло. Тоа исто така припаѓа во корисните и лековити култури.
Цвекло (Beta vulgaris), е двегодишно зелено растение. Растението има темно зелени листови, а кореновата обвивка е со црвена боја, се одгледува во градината, но се сади и како индустриско растение.
Поради своите лековити својства, највеќе се користи коренот, тој содржи малку калории, а доста корисни состојки, витамини и минерали. Од коренот се цеди сокот кој е доста лековит.
Состав
Цвеклото во својот корен содржи корисни состојки и супстанци: антоцијан, бакар, протеини, бетаин, бетанин, растителни влакна, растителни масти, бром, витамин В1, Б2 и Б12, витамин Ц, железо, јод, калиум, калциум, кобалт, литиум, магнезиум, манган, натриум, оксална киселина, природен шеќер, рубидиум, селен, стронциум, сумпур, јаглени хидрати, флуор, фолна киселина, фосфор, хром, цезиум и цинк.
Лековито дејство
Цвеклото треба да се користи во следниве ситуации, како лек или како помошнио сретство: анемија, артериосклероза, болести на грлото и носот, бронхитис, грчеви во желудникот, грип и настинка, дебелина, дегеренативни проблеми, депресија, екцем, за јакнење на зглобовите, за нјормален раст, за подобрување на концентрацијата, запек, импотенција, инфекции на кожата, јакнење на имунитетот, кај пореметен метаболизам, кашлање и кивавица, леукемија, маларија, слабокрвност, може да се користи и како диуретик, некои врсти на рак, неплодност, нервозна состојба, несоница, го одржува крвните садови, паѓање на косата, остеопороза, несоница, ги одржува крвните садови, опаѓање на косата, остеопороза, ја потикнува работата на црниот дроб, ја поправа крвната слика, зголемено ниво на холестерол, превенција од болести на органите за варење, проблеми со крвниот притисок, проблеми со работата на црниот дроб, проблеми со кожните болести, проблеми со коските и забите, против стареење, проблеми во бременоста, разни инфекции, раума, ревматозен артритис, синузитис, синдром на надразнување на цревата, сузбивање на бактериите и вирусите, срцеви болести, воспаленија на органите за дишење, ја подобрува работата на жолчката, желудникот и цревата, делува на обновување на крвта и целулит.
Користење на цвеклото
Коренот на цвеклото се користи во исхраната во текот на целата година, и тоа како свеж, варен или конзервиран, а често се користи и неговиот сок.
Цвеклото највеќе се користи при диеталната исхрана, бидејќи содржи малку калории, а на организмот му ги надоместува потребните корисни материи.
Начин на делување
Од наведените податоци може да се заклучи дека цвеклото треба да се користи при многу здравствени проблеми како салата или како додаток во исхраната. Посебно се покажало како корисна во диеталната исхрана или во диетите против дебелината. Доста поволно делува на мозокот и нервниот систем.
Цвеклото не треба да се користи кај личностите кои страдаат од камен во бубрезите.
Слични статии:
|
Лековитите својства на цвеклото Цвеклото потекнува од средоземјето. Ова двегодишно растение со темноцрвен вретенест корен и темнозелени листови, спаѓа во редот на најкорисни и најлековити градинарски култури. |
|
Цвекло - непроценливо богатство Овој зеленчук кој има коренолик плод е природно најблаг од било кој друг зеленчук. |
|
Цвекло - против анемија Во стара Персија цвеклото го сметале за симбол на караници и интриги. Римскиот цар Тибериј им наредил на старите германи да плаќаат данок во вид на цвекло, што помогнало за негово прзо раширување по Рајна. |