Дали имате недостаток на витамини?
Витамин Д - се јавува во два облика, како Д2 и Д3. Се синтетизира во кожата под дејство на ултравиолетовото дејтво на сонцето, и тоа до 80% (доволно е 15 минути изложеност на сонце), а остатокот се надокнадува преку храната. Основната задача на витаминот Д е да обезбеди апсорбција на јони на калциум и фосфат, кои се неопходни за нормална функција на мускулите, нервите и градење на забите и коските. Недостатокот на витамин Д кај децата се манифестира со рахитис, додека кај возрасните доаѓа до "размекнување" на коските и склоност на лесна кршливост. Витаминот Д можеме да го најдеме во млекото, рибиното масло и жолчката од јајцата.
Витамин Е - припаѓа на групата моќни антиоксиданси, чија улога е да ги отстрануваат опасните продукти на метаблизмот кои можат да доведат до оштетување на ќелиите. Нервниот систем и црвените крвни зрнца се посебно осетливи на недостаток на витаминот Е. Главните манифестации на недостатокот на витаминот се со блага хемолитичка анемија (скратен животен век на еритроцитите), а кај децата пореметувања на мозокот, како и на р'бетниот мозок. За среќа, тоа се ретки манифестации. витаминот Е го има во растителното масло, маргаринот, интегралниот леб, црниот дроб, сувите семки и зелениот зеленчук.
Витамин К - тој е еден од ретките витамини кои се синтетизираат во организмот. Поточно, го произведуваат "добрите" бактерии во гастроинтестиналниот тракт. Витаминот К е повеќе од потребен во синтетизирање на протеините, кои учествуваат во згрутчување на крвта. Недостаток на витаминот К може да се јави кај особите кои се на долго исцрпување при држењето на некоја диета, по поголема повреда и хируршка интервенција, долготрајна инфузија... Се манифесира со крварење, лесно формирање на големи модринки на кожата, крварење на носот продолжено и зголемено менструално крварење. Овој витамин го има во доволна количина во речиси сите намирници од животинско потекло.
Витаминот Ц - неопходен е за создавање на колаген, го зголемува искористување на железото од системот на органите за верење и го зајакнува имунолошкиот систем. Исто така, му се препишува и својство на антиоксиданс. Заради недостаток на витаминот Ц, предизвикан главно од лошите диети и за време на бременоста, настанува скорбут. Оваа болест се одликува со лесна кршливост на коските, оток на зглобовите и крвавење на забните непца. Витаминот Ц се наоѓа во овошјето и зеленото овошје, најмногу е застапен во пиперката, магдоносот, шипката, доматот, зелката, лимонот, портокалот и црешата.
Слични статии:
|
Витамините како здравствено осигурување Д-р. Норман Вокер конзумирал по неколку литри свеж сок секоденевно и благодарение на него, сокот од портокал станал многу популарен во текот на педесетите години од минатиот век. Тој докажал дека витамините нам ни помагаат да останеме млади. Тој живеел полни 114 години, а во последната година од својот живот ја има напишано и својата последна книга. Вокер не е единствен случај на долговечност. |
|
|
Што се витамини Името витамин "вита" значи живот. За нас од животно значење се 14 витамини, а нашиот организам не може да ги произведува ни еден од нив освен витаминот Д. |
|
|
Витамините го активираат метоболизмот На вам е да одлучите, дали вашите телесни ќелии и натаму ќе ги снабудавте со слабо хранливата брза храна, или ќе им обезбедете намирници кои имаат биолошко многу активен суровински состав. |
|
Во кои случаи е неопходно да се консумираат мултивитамински додатоци во исхраната? Дали мултивитаминските додатоци во исхраната се навистина безопасни како што се чини, е тема на многу дискусии кои денес се водат помеѓу лекарите и нутриционисте. Воопшто говорејќи, консумирање милтивитамински додатоци е безбедно и ефикасно, односно, е многу посигурно од можните последити кои можат да настанат при недостатокот на витамини и минерали во организмот. |
|
14 најдобри совети како да ги зачувате витамините од продуктите 1.Купувајте овошје и зеленчук кои потекнуваат од вашиот регион. Овошјето и зеленчукот дневно, при собна температура, губат 10-50% од витамините кои ги содржат. Задоволете ги вашите дневни потреби со овошје и зеленчук, со тоа што ќе купувате со потекло од регионот од каде што сте вие, а овошјето и зеленчукот кои се наоѓаат во маркетите и во местата изложени на сонце и на собна температура, оставете ги да седат таму. |
|
Витамините се корисни за нашата психа Во метаболизмот на нервниот систем Б витамините завземаат важна улога во пренесувањето на нервните |
|
Како до доволно витамини? Витамините кои се растворуваат во вода се наоѓаат пред се во овошјето, зеленчокот и во житните производи. |