Лошата страна на оваа диета е што резултатите можете да ги очекувате единствено ако го промените начинот на исхрана, така што ќе намалите или исфрлите од исхраната се она што на вам Ви допридонело да ја зголемите својата телесна тежина (во главно слатките, обилните и масните јадења и тестенините) и ќе морате да вежбате повеќе. Се останато води до прочуениот јо-јо ефект, односно по престанувањето на диетата можете многу брзо да ги повратите вишокот на килограми.
Поедноствно кажано, брзата диета е ниско калорична диета и нема ништо чудесно во неа (некои посебни хемиски реакции кои ги согоруваат килограмите и сл.). Губењето на килограмите е резултат на значајното намалување на калориите, а она што се губи при оваа диета е помал дел маснотија, а поголем дел е задржана вода. Заради намалениот калориски внес, оваа диета се практикува 3 дена и за тоа време очекуваното губење на телесната тежина е помеѓу 2 и 3 кг.

Брза диета "3 дена" - план на оброците по ден.
Прв ден
Појадок:
- Црно кафе или чај (малку засладено)
- 1/2 грејпфрут
- 1 парче тост леб
- 1 супена лажица путер од кикиритки
Ручек:
- 1/2 шоља туна
- 1 кришка тост
- кафе или чај (малку засладено)
Вечера
- 100 грама варено не многу масно месо (било кое)
- 1 шоља варена боранија
- 1 шоља морков
- 1 шоља сладолед или крем од ванила
- 1 јаболка средна големина
- кафе или чај (малку засладена) или вода
Втор ден :
Појадок:
- Црно кафе или чај (малку засладено)
- 1 варено јајце
- 1 парче тост леб
- 1 банана
Ручек:
- 1 шоља немасно сирење
- 1 кришка тост леб
- кафе или чај (малку засладено) или вода
Вечера:
- 2 виршли
- 1/2 шоља моркови
- 1 шоља сладолед или крем од ванила
- Кафе или чај (малку засладен) или вода
Појадок:
- Црно кафе или чај (малку засладено)
- 50 грама сирење
- 1 кришка тост леб
- 1 јаболка
- 1 тврдо варено јајце
- 1 кришка тост леб
- кафе или чај (малку засладено)
- 1 шоља туна
- 1 шоља морков
- 1 шоља карфиол
- 1 шоља сезонско овошје
- 1/2 шоља сладолед од ванила
- кафе или шај (малку засладено)
Замени во диетата "3 дена":
- Портокал наместо грејпфрут
- Туна наместо сирење и обратно
- Ладен јогурт наместо сладолед
- Боранија наместо брокула
- Карфиол наместо брокула
- Цвекло наместо морков.
Како што веќе напоменавме, оваа диета не влегува во редот на здравите диети, но од друга страна носи брзи резултати. Ќе ви помогне брзо да намалите некој килограм. Исто така оваа диета препорачливо е да ја применуваат само здрави особи и да се придружуваат на неа колку што и самото нејзино име кажува 3 ДЕНА!