
Во периодот од 3 до 10 јуни 2006, претставници од Факултетот за ликовни уметности од Скопје, учествуваа на 4-то Интернационално Студентско Триенале во Истанбул, Турција.

Домаќин на настанот беше Универзитетот за применети уметности Мармара.

Македонските претставници успешно го привлекоа вниманието на себе, претставувајќи се со тема многу блиска на секого, храната. Во галерискиот простор, тие ја презентираат својата инсталација составена од огромна домаќинска престилка во чии џебови наѕираат сушените наши прпознатливи пиперки, лук, кромид, чај од мајчина душица и слични плодови кои се зачини во секоја манџа.





На ѕидовите од страна, се претставуваат со фотографии од храна и компјутерска манипулација врз истите.
Носители на овој проект се Елена Петковска, Дита Старова, Даниел Коцев, под раководство на проф. Симон Шемов.