Како да ви успее скарата?
Печењето почнува кога решетката на електричната скара е загреана или кога е создаден чист жар од јагленот или од дрвата, затоа што продуктите не смеат да се ставаат директно на оган.
Добро загреаната решетка од скарата премачкајте ја во тенок слој со маснотија дури откако ќе ги ставате продуктите кои имате намера да ги печете.
Парчињата месо кои во облик на шницла ќе ги печете на скара треба да бидат рамни. Сите нерамнини брзо ќе горат, па нема да можете убаво и рамномерно да го испечете месото. Тврдите парчиња месо пред печењето треба да ги омекнете час-два во маринада. Освен тоа, течноста во која месото се става е зачинета (масло, бело вино, ситно сецкан лук, ситно сецкан магднонос).
Никогаш не ставајте го месото диектно од фрижидер, затоа што нема добро да се испече, а само ќе се оладат решетките на скарата.
Ако пред печењето на месото од било која причина мора да го измиете, направете го тоа со врела вода, таа ќе му ги затвори порите и ќе спречи сокот да истече, а потоа исушете го со хартиена салфета и ставете го на скарата, со тоа што предходно треба да го премачкате со масло.
Месото на скара не смеете да го посолите, затоа што солта ја извлекува водата, па ќе истечат драгоцеите сокови и месото ќе стане пресуво.
Белите и светли меса (телешко, пилешко, риба) природно се суви и меки. Затоа печете ги на умерено загреана скара, а за да бидат сочни треба во текот на печењето што почесто да ги премачкувате со масло, стопена свинска маст, путер или со сланина. Маснотијата спречува месото да не изгори.
Темните меса (свинско, јунешко, говедско) се природно сочни и релативно тврди. Неопходно е прво да ги печете на силно загреана скара (за да се затворат порите), а потоа печењето да го продолжите на умерена температура.
За раженчиња земете месо од бут, плешка или од грб, најчесто од свинско, но може да се печат и од телешко и од говедско. Месото се сече на подеднакво големи парчиња со големина на орев, а потоа се боцкаат на дрвени или на метални стапчиња за раженчиња, па се ставаат на загреана и намастена скара. За време на печењето раженчињата се вртат за да се испечат рамномерно од сите страни. Печените раженчиња се посолуваат, а може да се посипат и со стино сецкан лук и со ситно сецкан магдонос. Раженчињата може да бидат и мешани - месо, сланина, дропчиња, печурки, зеленчук, овошје.
Ќебапчиња се прават од еден или од повеќе вида мелено месо. За време на печењето доволно е да се завртат два пати внимавајќи да не истече сокот. Откако ќе се испечат се зачинуваат со сол и бибер, а се послужуваат со кромид, домати, со свежи или печени пиперки.
Плескавиците се погачици со големина на дланка од мелено месо и разни зачини, па со вртење се печат на скара. Се послужуваат со сецкан кромид, домати, со свежи или печени пиперки, феферончиња, сирење, кисело млеко.
На скара можете да печете и разни дробчиња, колбаси и виршли.
Исто така, на скара можете да печете и зеленук, пред се, оној поцврст, како што се доматите, целерот, тиквичките, модрите домати, пиперките, кромидот и печурките. Зеленчукот само се премачкува со масло, а доматите од горната страна се засечуваат во облик на крст. Сочниот зеленчук треба да се пече завиткан во алуминиумска фолија.
За да подготвите квалитетни специјалитети од риба, потребно е рибата добро да ја исчистите, кај одделни видови главата да им ја отстраните, да ја посолите и да ја оставите да отстои еден час. Потоа добро исушете ја, намастете ја и печете ја на скара со вртење и премачкување со масло. Рибата можете да ја прпелката во брашно, па така кората ќе биде крцкава.
Најдобро гориво за скара се брикетите и дрвениот јаглен, но може добро да послужи и обичното дрво.
Ако оганот ви ослабе пред да го испечете месото, доволно е да го посипете со една рака сол, па повторно ќе се разгори.
По печењето на јаглен или на дрва, жарот задолжително изгаснете го со песок, земја или со вода.
Слични статии:
|
Совети при подготвување на зимница ДОБРО Е ДА СЕ ЗНАЕ -Зимницата чувајте ја на темно, суво и ладно место. -Конзерванси се хемиски средства за спречување на ширењето на причинителите на расипувањето. Внимавајте, не се сосема безопасни по здравјето на човекот ( пр. салицил), затоа никогаш не ставајте |
|
Храната што е препорачлива за во детското мени Ретко кое дете ќе јаде храна само затоа што мајката вели дека е здрава. По правило, ако на детето му кажете дека нешто е здраво, најверојатно тоа нема да сака ни да проба. За оброците да не станат бојно поле, најдобро е вашите битки да ги ограничите на неколку супернамирници што се важни во детската храна. А останатото... ако не сакаат – не мора да го јадат. |
|
Како да го чистите зеленчукот Зеленчукот прво добро ќе ги измиете само со вода. При тоа, не е добро да користите никакво хемиско средство, затоа што раствореното средство ќе навлезе преку нежната структура на кората или луспата на зеленчукот. |
|
Физиолошките аспекти на подготвување на храната Вештината на правилната исхрана, не е само во составувањето на планот на исхраната, туку и во подготвување на храната. Неправилното готвење може да ги уништи хранливите состојќи. |
|
Чување на храната Ако треба храната да се чува за покасно консумирање, кога ќе се симне од оган, треба да се олади и покриена да се стави во фрижидер. |
|
Како сами да направите боза Во еден сад ставете 1 килограм пченкарно брашно, прелијте го со 10 литра млака вода. Ова правете го навечер. Утредента оваа течност ставете ја на слаб оган, па полека да врие околу 2 саати. |
|
Општи совети за подготвување зимница Кога ќе отидете на пазар да купите овошје и зеленчук, одбирајте ги само најквалитетните. Не зрелите плодови ќе останат такви, а оние кои се презреани можат да го расипат вкусот при конзервирањето. |
|
Најдобар начин на подготвување палачинки Нема сомнеж дека палачинките се приготвуваат во целиот свет. Тие можат да бидат слатки или солени зависно од тоа со каков фил се полнат. |
|
Направете здрава пица Познатиот Италијански специјалитет, не мора да биде висококалоричен и богат со масти. За пицата обично не се мисли, и не се става во редот на здрава храна, затоа што содржи многу масти, пред се, заситени со калории и натриум. |
|
Зошто се тријат отсечените краеви на краставицата? Зошто се тријат отсечените краеви? - Најверојатно често и самите, сте ги триеле отсечените краеви од останатиот дел од краставицата, за да ја извадите горчливоста од нив. Но ова се само "бабини деветини". |