- Витаминот Д и калциумот се од суштинско значење за правилно функционирање на фосворот.
- Калциумот и фосфорот треба да бидат во сооднос 2:1 за исправно да делуваат (двојно повеќе калциум отколку фосфор)
- Фосфорот е неопходен за нервна активност.
- Неопходен е за нормална контра-активност на срцевиот мускул.
- Неопходен е за раст на клетките и за нивна регенерација.
- Нуклеинските киселини се најважно соединение на фосфорот.
- Има анти хистамински својства;
- Депото на фосфорот се наоѓа во коските (70 % како калциум-фосфат , апатит) и во забите.
- Неопходен е за нормална структура на коските и забите.
- Фосфорот со калциумот учествува во процесот на минерализација.
- Ниацинот неможе да се асимилира без фосфор.
- Фосфорот е суштински важен за нормално функционирање на бубрезите.
- Потребен е за пренос на нервните импулси.
- Обезбедува енергија и сила така што помага во метаболизмот на мастите и на скробот.
- Помага во одржување на здравјето на забите и непцата.
- До недостиг на фосфор може да дојде во случај на: намалено внесување или апсорпција на храната – гладување (или изразен катаболизам, изгореници), парантерална исхрана, алкохолизам(придружен со хиномагнезиемија), малапсорпционен синдром,бајпас на тенкото црево ,алуминиум-хидроксид и бикарбонатите ја блокираат апсорпцијата на фосфор недостиг на витамин Д хиперкалцемија, хиномагнезиемија...
- Причини за хиперфосфатемија ендокрини заболувања-акромегалија, хипопаратиреоидизам и псеудохипопаратиреоидизам (недостиг на калциум), потоа бубрежни заболувања-хронична и акутна ренална инсуфиенција, засилен катаболизам-стрес, повреди, хемиотерапија,хипервитаминоза Д и лаксативи кои содржат фосфор.
- Апсорпцијата на фосфор ја помагаат: витамините А, Д, Ф, калциумот, железото, манганот и белковините.
- Апсорпцијата на фосфорот ја одмогнуваат: алуминиум и ексцсивно внесување на магнезиум, железо и бел шеќер.
Карактеристики и делување на фосфорот
Објавено: 2009-10-20
Слични статии:
|
|
Каде е најприсутен фосфорот? Фосфорот е најчесто присутен во: млеко, сирење, јајца, путер од кикирики, месо,р иба (рибино масло), брашно од костен, зрна од јачмен, интегрални житарки, ореви и овошни сокови (рибизли и малини). |