- Калциумот во организмот чини 2% од вкупната телесна маса (околу 1-1,5 kg) и скоро цела количина се наоѓа во коските и забите. Од вкупното количество само 1% се наоѓа во телесните течности.
- Кај здравите луѓе, 20% од коскениот калциум се ресорбира и се заменува секоја година.
- Во случај на недостиг на витамин Д, организмот не може да користи калциум.
- Калциумот во метаболизмот, освен со витаминот Д, тесно е поврзан и со витаминот К и тоа пред се, во градбата и функцијата на одредени белковини со: остеокалцин во крвта (за згрутчување), белковини во плацентата (недостиг на витаминот К доведува до скелетни деформитети кај бебињата), белковини во бубрезите (во случај на недостиг на витаминот К во бубрезите, доаѓа до недостиг на калциум во целиот организам).
- За да може организмот да го апсорбира калциумот, мора да има доволно количество витамин Д.
- Калциумот со фосфорот и витаминот Д учествуваат во минерализација на коските и заботе, и воопшто, заеднички влијаат на здравјето на коските и забите - коските ги одржуваат силни, а забите здрави.
- Коските преставуваат резервоар на калциум.
- Магнезиумот, како и витаминот Ц, е неопходен за нормална функција на калциумот.
- Магнезиумот овозможува калциумот во урината да остане растворен.
- Калциумот се излачува преку бубрезите.
- Калциумот заедно со витаминот Ц, магнезиумот и манганот ја неутрализира спермаглутинацијата, а бројот и подвижноста на сперматозоидите се зголемува.
- Калциумот помага на срцето да работи со изедначен ритам.
- Калциумот ја ублажува несоницата.
- Калциумот го помага метаболизмот на железото во организмот.
- Калциумот е корисен за нервниот систем, особено кога станува збор за пренесување импулси.
Карактеристики и делување на калциумот
Слични статии:
|
Каде е најприсутен калциумот? Калциумот е најприсутен во: млеко (1 грам на 1/4литри), млчни производи, сирење, јогурт, лиснат зелен зеленчук, кељ, овошни сокови, кргушки од риба, сардини, лосос, брашно од костен, кикирики, ореви, бадеми, семки од сончоглед и црн пипер. |
|
Калциумот го одржува здравјето на нервите Јоните на калциумот се брзите гласници во нервите. Додека многу други супстанции првенствено учествуваат во производството на неуротрансмитерите, калциумот е еден од најголемите раководители на метаболизмот на нервите. |
|
Содржината на калциумот во човековиот организам Калциумот во организмот на човек со тежина од 70 кг. изнесува приближно 1 кг. Основната маса на калциумот се содржи во коските и забите во форма на хидроксиапатит и флуорапатит и тоа 99% од него се наоѓа во коските, а останатиот калциум влегува во составот на крвта и другите органи во вид на јони, како и во сврзните ткива. Содржината на калциумот во крвниот серум е 8,5 - 12 мг, а кај новороденчињата 7-5 - 13,9 мг. |