Филтер на јадења

  • Време на готвење:
    • Одбери Категорија

      Детска
      Ладни Предјадења
      Месо | Сувомеснати
      Топли Предјадења
      Национални
      Супи | Чорби
      Салати
      Тестенини | Печива
      Вегетаријанско
      Риба | Морска
      Посна
      Коктели | Пијалоци
      Десерти
      Сезонски

      Одбери Време:

      помалку од 30 минути
      од 30 - 60 минути
      од 1 до 2 часа
      повеќе од 2 часа
  • Број на калории:
    • Одбери број на калории:

      помалку од 500
      500 - 1000 калории
      1000 - 1500 калории
      повеќе од 1500 калории

Која е поздрава, готвената или свежата храна?

Која е поздрава, готвената или свежата храна?
Објавено: 2010-08-16
 Некои нутриционисти велат дека за здрав организам неопходна е поздраво термички обработената храна (овошје, зеленчук), додека други им даваат предност на свежите намирници.

Во научните кругови често се дискутира околу тоа, што е поздраво за организмот, дали е поздраво да се конзумира термички обработена или свежа храна, околу тоа што се случува со витамините и минералите при термичкото обработување и како организмот ги поднесува свежите намирници. Во овие дискусии има две страни, едната страна на нутриционисти велат дека термички обработената храна е подобра, другата го тврди спротивното. Преку оваа статија ќе ви ги приложиме аргументите од двете страни, а вие сами одлучете што е поквалитетно.

Свежи намирници
    
Многу експерти тврдат дека овошјето и зеленчукот треба да се конзумираат свежи, со исклучок на осетливите и постарите лица, на кои им се препорачува да конзумираат готвена храна. Велат дека со конзумирање на свежи намирници се задржуваат потребните витамини кои му се потребни на организмот, додека, кога ќе ги зготвиме на било каков начин тие ги губат овие вредни состојки. За време на термичката обработка на намирниците, се уништуваат голем број на хранливи материи, а освен тоа, свежиот зеленчук бара интензивна преработка на храната при дегустација, што позитивно влијае на забите. Истите експерти додаваат дека, само свежата храна може да воспостави оптимален баланс на метаболизмот и влијае на побрзо и поефикасно извлекување на штетните супстанци и отрови во организмот, што на ќелиите им овозможува да ја задржат еластичноста и виталноста.

Готвени намирници

Низ својот развиток човекот заклучил дека растителната храна може да се подготвува на оган. Сите народи од било кој дел на светот термички ја обработуваат храната, на пример Абориџините во Австралија прво го варат слаткиот компир, за понатака да го испржат, излупат, рендаат или пасираат. Оваа друга страна составена од нутриционисти, си имаат исто така свои аргументи зошто е подобро да се готви билната храна пред да се дегустира. Велат дека секаде во светот, откако постои човекот општо е познато дека термички се обработува храната, бидејќи свежите намирници можат да предизвикаат стомачни тегоби и болести.

Дали навистина хранливите материи се уништуваат преку готвењето?

Експертите кои тврдат дека свежата храна е подобра за организмот, како главен аргумент го истакнуваат фактот дека со готвењето се уништуваат голем број хранливи материи потребни за организмот. Дали тоа е навистина точно?

Можеби ќе ви звучи чудно, но никој во минатото не ја отворил оваа тема, ниту сметал дека е од голема важност, за тоа колку витамините се унишуваат при термичко преработување на храната. Но, актуелни истражувања го поништуваат овој аргумент, така што потврдено е дека готвениот зеленчук не само што не ги губи значително состојките од неговата претходна состојба, туку дури е во предност!

Италијанските научници направиле истражување, при кое тие готвеле морков, тиква и брокули, а притоа мерејќи ја количината на витаминот Ц, глукозата и другите хранливи материи. Забележале дека се губи значително витаминот Ц, но останатите состојки ја задржуваат истата количина.

Од ова може да се заклучи дека готвениот зеленчук содржи потполно задоволувачки количини на хранливи и здрави материи. Останува на вас, како ќе одлучите да ја припремате храната.
 

Слични статии:

Салатите - голем извор на витамини Салатите - голем извор на витамини

Употребата на салатата во секојдневната исхрана, представува една од најздравите животни навики. Најголема вредност за нашиот организам и нашето здравје, секако, има свежиот зеленчук и овошје.

Кулинарски поими и состојки Кулинарски поими и состојки

"Кантри" е најпознат ликер од портокал со име и традиција. На колачите им дава посебна арома. Секогаш најдобар извор е токму "Кантри" но во недостаток на овој исклучително скап ликер може да ви помогне и друг од портокал, аргуми или слично овошје.

Совети при подготвување на зимница Совети при подготвување на зимница

ДОБРО Е ДА СЕ ЗНАЕ -Зимницата чувајте ја на темно, суво и ладно место. -Конзерванси се хемиски средства за спречување на ширењето на причинителите на расипувањето. Внимавајте, не се сосема безопасни по здравјето на човекот ( пр. салицил), затоа никогаш не ставајте

Продукти од кујната Продукти од кујната

Ачето балзамико е ароматичен оцет кој одлежал во специјални буриња, и има специфичен, малку сладок вкус.

Направете здрава пица Направете здрава пица

Познатиот Италијански специјалитет, не мора да биде висококалоричен и богат со масти. За пицата обично не се мисли, и не се става во редот на здрава храна, затоа што содржи многу масти, пред се, заситени со калории и натриум.

Варење на храната „Сад во Сад“ Варење на храната „Сад во Сад“

Во рецептите честопати среќавате упатства одреден сат со одредена состојка да ставите во поголем сад со вода и потоа да ги ставите на оган. Најчесто овој начин се користи за готвење деликатни состојки, кои во директен контакт со топлината може да се уништат. Затоа, доколку ја ставите состојката во сад, кој пак ќе го ставите во поголем сад со топла вода, топлината доаѓа до садот преку водата и се распределува подеднакво насекаде. Затоа овој начи

Зошто пицата ви излегува сува? Зошто пицата ви излегува сува?

Уживате во пиците, и понекогаш сакате да ги подговите и дома. Меѓутоа, никако не успевате да ги погодите онакви какви што сте навикнале да ги јадете во пицериите, пред се сочни.

Како да направите домашен јаболков оцет? Како да направите домашен јаболков оцет?

Околу 5 кг. здрави, добро зосреани јаболка, се мијат и се сечат на четвртинки. Со помош на соковник се цеди јаболковиот сок и заедно со дел од истисканите јаболка се ставаат во тегла. Може да додадете малку сув квасец или леб и оставете да отстои на топло место најмалку 4 недели, додека течноста не премине во алкохол. Тогаш ферментацијата е завршена.

Кујнски мери и тежини Кујнски мери и тежини

Мошне често ќе се најдете во ситуација да ги мерите тежините со чаша или лажица, наместо со грамови или делови од литар.

Како сами да направите боза Како сами да направите боза

Во еден сад ставете 1 килограм пченкарно брашно, прелијте го со 10 литра млака вода. Ова правете го навечер. Утредента оваа течност ставете ја на слаб оган, па полека да врие околу 2 саати.

Калкулатор на калории
Возраст  години
Пол  машки   женски
Висина  см
Тежина  кг
Интервали на тренинг