Која храна не треба да се комбинира?
Што не треба да правите и што не треба да мешате?
Медот е сосема здрав и лековит, но не треба да го готвите како додаток на јадењата. Медот се препорачува за засладување на топлиот не толку врел чај.
Ладната вода не треба да ја пиете непосредно после оброкот, бидејќи само го намалува ефектот на храната и го отежнува варењето.
Млекото не треба да го пиете во комбинација со: месо, месни преработки, рибни специјалитети, кисели и солени јадења. Експертите се согласуваат во ставот дека млекото од соја не е многу застапено на нашата трпеза, а би требало што повеќе да се користи во секојдневната исхрана.
Кафето и млекото заедно тешко се варат, па не треба да се мешаат.
Компиорот и лубеницата како комбинација не им се препорачува на дијабетичарите.
Компирот со месо во ист оброк не е препорачлив, бидејќи двата намирници содржат ист вид хранливи материи, што претставува напор за организмот и допридонесува за дебелеење. Со месото е подобро да се консумира мешункаст зеленчук.
Месото не треба да го јадете во комбинација со: спанаќ, сирење, леб или јајца. Можат да се комбинираат две врсти на месо од еднаш.
Јајцата и спанаќот кога се консумираат заедно, тие попречуваат на правилната апсорбција на железото од желудникот.
Белиот шеќер, белата камена сол, рафинираното масло и белото брашно треба да се избегнуваат во исхраната. Наместо белиот шеќер - треба да се консумира кафениот шеќер, наместо камена сол - треба да се консумира моркса сол, наместо рафинирано - масло нерафинирано масло (најздраво е маслиновото масло), а наместо белото брашно - подобро е да се користи интегралното брашно.
Макробиотичката храна не е препорачлива за: трудниците и малите деца, за да не им се намалат неопходните витамини и минерали.
После обилниот оброк не треба веднаш да се впуштите на напорна работа, ниту да започнете да играте некој тежок спорт (во никој случај пливање), ниту веднаш да легнете да спиете.
Што се препорачува?
Овошјето треба да се каде како посебен оброк или како ужина два саати пред или два саати после оброкот, но никако веднаш по оброкот, бидејќи така "само киселееме некоја друга храна". Во текот на денот треба да се консумираат што е можно повеќе оброци од овошје и зеленчук, а помалку месо, така што срцето и крвните садови би биле поздрави и поотпорни.
Пченката се препорачува во комбинација со: грав, грашок, боранија, леќа или соја.
Сладоледот е најдобро да го консумирате сомостојно, а не во комбинација со други додатоци.
Јогуртот или сирењето може да бидат добар и здрав додаток во комбинација со салатата (сирењето не треба да е полномасно).
Путерот може да се јаде со храната која содржи јагленихидрати.
Виното се препорачува и на празен стомак. Црното вино содржи корисни состојки кои поволно делуваат на кардиоваскуларниот систем.
Интегралните житарки треба да се користат во исхраната наместо рафинирате житарки, бидејќи така ја намалуваат дебелината и ризикот од настанувањето на срцеви заболувања.
Слични статии:
|
Како да направите домашен јаболков оцет? Околу 5 кг. здрави, добро зосреани јаболка, се мијат и се сечат на четвртинки. Со помош на соковник се цеди јаболковиот сок и заедно со дел од истисканите јаболка се ставаат во тегла. Може да додадете малку сув квасец или леб и оставете да отстои на топло место најмалку 4 недели, додека течноста не премине во алкохол. Тогаш ферментацијата е завршена. |
|
Варење на храната - Во ладна или зовриена вода Варењето на местото, рибата, мешункастите плодови и зеленчукот може да ви изгледа како наједноставна операција. Меѓутоа, вистината не е таква. За да се добијат задоволителни резултати, треба да се води сметка за тоа каков ефект има температурата на водата врз влакната од состојките. Затоа е потребно да се знае дали тие треба да се стават да се варат во ладна или топла вода. Доколку сепак не сте сигурни кои состојки во каква вода се варат, погледн |
|
|
Температура на храната при готвење - Ризична храна не смее да се држи на температура од 5-60 степени. - Не треба да се употребува храна која стоела на ризична температура повеќе од 4 часа. |
|
Варете кикирики Варените кикирики се четири пати подобри од сировите, сушени или печени на масло кикирики. Овој податок е според американски истражувачи. |
|
|
Тајните на кујната Печење - кога го печеме живинското месо, прво на врело масло го препекуваме како би се запекла површината и би ја задржале сочноста, а потоа го печеме до крај на умерена температура. |
|
Салатите - голем извор на витамини Употребата на салатата во секојдневната исхрана, представува една од најздравите животни навики. Најголема вредност за нашиот организам и нашето здравје, секако, има свежиот зеленчук и овошје. |
|
Продукти од кујната Ачето балзамико е ароматичен оцет кој одлежал во специјални буриња, и има специфичен, малку сладок вкус. |
|
Општи совети за подготвување зимница Кога ќе отидете на пазар да купите овошје и зеленчук, одбирајте ги само најквалитетните. Не зрелите плодови ќе останат такви, а оние кои се презреани можат да го расипат вкусот при конзервирањето. |
|
Чување на храната Ако треба храната да се чува за покасно консумирање, кога ќе се симне од оган, треба да се олади и покриена да се стави во фрижидер. |
|
|
Може ли да се направи тесто во миксер? Ви нудиме неколку корисни совети како да подготвите тесто за слатки пити, во миксер, дали тоа тесто можете да го збогатите со некои состојќи, и дали можете да го користите за пити. |