Кулинарски поими и состојки
Анис е една најстарите зачини. Ботанички е сличен на копарот, коромачот и кимот. Со својот вкус добро ги дополнува колачите, лебовите, рибата и раковите, сосот од домати, јадењата од зеленчук како и сувото овошје, особено смоквите и костените. Треба да се чува во семки, но не предолго затоа што со стоењето дури и кога се чува во идеални услови, губи добар дел од својата арома.
Боровинка е шумско овошје богато со витамин Ц. Има пријатен , малку кисел - сладок вкус. Се собира во почетокот на летото. Најдобро е да се јадат свежи, но можат и да се замрзнат. За зима е најдобро да се преработени во џем.
"Букет гарни" е француски израз за врзоп од 3 стбленца магдонос, 1 малечка гранка мајчина душица (тимијан) и 1 помал ловоров лист. Може да се завитка во некој ароматичен зеленчук, на пример стебленце целер или праз. Но букетот гарни може да биде направен и од други билки во разни компбинации. По подготвувањето на јадењето букетчето гарни едноставно се вади.
Естрагон е растителен зачин со префинет вкус кој потсетува на анис. Во народот е познат како козлец, белтрам или змијска трева.
Глутен се развива за време на мешањето на брашното со течност. Додека го месиме тестото настанува леплива состојка, белковината глутен која не се растопува во вода. Ако има премногу глутен тестото е жилаво. Понекогаш на тестото кое треба да се развлекува му се додавамалку киселина (1 лажица сок од лимон или оцет) затоа што таа треба да го олабави глутенот и тестото полесно да се обликува.
Инстант пченица е пченица обработена со посебна постапка така што се намалува времето на подготвување во кујната. Се појавува под називот "ebls". Можете да ја надоместите со обична пченицакоја треба да се накиснува за да омекне или едноставно да употребите ориз.
Меко брашно се меле од излупени зрна пченица. За време на постапката мекото брашно се исејува од лушпите. Некогаш во многу земји се нарекувало цветно брашно.
Џумбур (ингвер, гингер) е корен кој како зачин се користи сиров или сушен. Во колачи главно станува збор за сушен џумбур во прав, додека во други јадења се користи свеж корен. Ароматичен е со пикантен и слаткаст вкус со нагласено остар мирис. Може да се купи во сите подобри снабдени продавници за здрава храна.
Горушица - зрнаста горушица се семки од различни билки од семејството крсташици. Има бели, жолти и црни зрна на сенф. Се користат како зачин за колбаси или во производството на сенф.
Гратинирање е создавање кора на јадењето. Најчесто јадењето се гратинира во рерна, било кога е сосема готово па треба само да се запече или цело да се подготви во рерна. Во друг случај по површината јадењето се наросува со сирење, сè се испрскува со путер и полека се довршува на умерена температура.
Интегрално брашно е познато и како целовито, полновредно или брашно од полно зрно. Се добива со мелење на цело, нелупено зрно на пченица или други житарки заедно со клиците и обвивката. Интегралните брашна ги задржуваат сите хранливи состојки и аромата на зрното на житото. Имаат висока хранлива вредност. Заради маснотиите кои ги содржат треба да се трошат веднаш по мелењето.
Читни е популарен слатко - кисел прилог од овошје и зелнчук по потекло од Индија, а во превод името значи "многу зачинет". Современата Западноевропска кујна добро го прифатила и развила низа нови комбинации.
Слични статии:
|
Општи совети за подготвување зимница Кога ќе отидете на пазар да купите овошје и зеленчук, одбирајте ги само најквалитетните. Не зрелите плодови ќе останат такви, а оние кои се презреани можат да го расипат вкусот при конзервирањето. |
|
Кујнски мери и тежини Мошне често ќе се најдете во ситуација да ги мерите тежините со чаша или лажица, наместо со грамови или делови од литар. |
|
Како да го чистите зеленчукот Зеленчукот прво добро ќе ги измиете само со вода. При тоа, не е добро да користите никакво хемиско средство, затоа што раствореното средство ќе навлезе преку нежната структура на кората или луспата на зеленчукот. |
|
Варете кикирики Варените кикирики се четири пати подобри од сировите, сушени или печени на масло кикирики. Овој податок е според американски истражувачи. |
|
Непријатни мириси од кујната - Ако рацете ви мирисаат на кромид или лук, земете малку талог од кафе и протријте го во рацете, мирисот ќе исчезне. |
|
Физиолошките аспекти на подготвување на храната Вештината на правилната исхрана, не е само во составувањето на планот на исхраната, туку и во подготвување на храната. Неправилното готвење може да ги уништи хранливите состојќи. |
|
Маргарин или путер? Веќа подолго време се води дебата за тоа кој од овие два млечни производи е поздрав, а со самото тоа и покорисен. |
|
Мали детали од голема корист при готвењето Триковите и вештините собрани во текот на долготрајното искуство, понекогаш можат да бидат корисни и да ви ја олеснат работата во кујната. |
|
|
Која храна не треба да се комбинира? Постојат правила за тоа кога и што треба да се консумира, а кога не и кои намирници треба да се комбинираат при тоа. Храната која е не правилно комбинирана и така внесена во организмот се вари преку 8 саати. |
|
|
Бабини совети Несомнено, без резерва, им се верува на бабините совети. Бабите во долгогодишното искуство, собрале многу практични сознанија, кои ќе им помогнат на сите оние на кои ќе им треба некој од овие совети. |